Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Бројкана од 5179 часови работа на дисков за време од 1година колку што го имаш лаптопов...тоа му доаѓа дека дневно дискот/лаптопов ти работел по 14саати шо би дошло многу за лаптоп (едино ако ти увалиле веке користен хард), ремапирани сектори немаш што е добро, температурата 12 е доста ниска штое исто така добро. Ако имаш инсталирано правилно прво чипсет драјвери па Intel Management Engine Interface, и накрај Intel Rapid Storage Technology дрјвер за во AHCImod дисков би требало да лета. Секое кочење на дисков може да биде само проблем со електрониката на дискот (тоа па е врзано со прегревање на високи температури во минатото), пошто физички оштетувања на плочите у смисол бед сектори дисков немa а се гледа од SMART резултатот на crystaldisk.
Бројката е во ред толку има работено лаптопот многу ретко го гасам. Имам најнови драјвери од Driver Genious работи во AHCI се е во ред само не ми е јасно зошто кога е изгасен 4-5 саата после се уклучува 5-6минути на пример сега да го рестартирам нема никаков проблем така ми прави само после подолго време на мирувањe преинсталиран е пред 1 недела, дефрагментиран и на startup е само драјверо за графичката ништо друго...
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Каде има сервис каде што поправаат лаптопи? Acer купен од USA.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
Каде има сервис каде што поправаат лаптопи? Acer купен од USA.
Зависит шо му е, ако е хардверски нешто на матична знам дека во Јонгис во Охрид купија IR лемилица за да поставиш цела матична, да се разопитам да ми кажет некоја информација појќе. Или види јави се кај нив http://jongis.com.mk/default.aspx?Lan=MK&ID=8&ContentType=HTMLContent
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Зависит шо му е, ако е хардверски нешто на матична знам дека во Јонгис во Охрид купија IR лемилица за да поставиш цела матична, да се разопитам да ми кажет некоја информација појќе. Или види јави се кај нив http://jongis.com.mk/default.aspx?Lan=MK&ID=8&ContentType=HTMLContent
Далеко ми е Охрид :) За ни Скопјево прашувам.

Инаку нешто електроника ќе да е, затоа прашувам некој сервис.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Далеко ми е Охрид :) За ни Скопјево прашувам.

Инаку нешто електроника ќе да е, затоа прашувам некој сервис.
Позади универзална сала имаш сервис што работи 3 години со IR леткум. Алкон.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.983
Поени од реакции
7.125
Добро бе то толку отиде технологијава напред а ебените двд-а не ги направија да бидат more responsive and reliable...:tapp:Или до толку софтверов на мајкрософт за режење со виндовсот е тапа или стварно во асус лаптопиве вградуваат срање режачи? Како може, за филмови со вкупна големина од 2.77 ГБ да ми јавува грешка дека немало место на дискот, а дисков е нов гланц празен??? :mad:
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Добро бе то толку отиде технологијава напред а ебените двд-а не ги направија да бидат more responsive and reliable...:tapp:Или до толку софтверов на мајкрософт за режење со виндовсот е тапа или стварно во асус лаптопиве вградуваат срање режачи? Како може, за филмови со вкупна големина од 2.77 ГБ да ми јавува грешка дека немало место на дискот, а дисков е нов гланц празен??? :mad:
Или нешто не правиш како што треба или чкарт DVD користиш. Пробај преку NERO. Инаку, цедињата се изумрени од пред многу време.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.983
Поени од реакции
7.125
Или нешто не правиш како што треба или чкарт DVD користиш. Пробај преку NERO. Инаку, цедињата се изумрени од пред многу време.
Знам дека се изумрени ама треба баш по двд да пратам нешто, нема друг начин...сега пробувам со Неро да видиме...
 
_Perdika_

Proud To Be Macedonian!!!
Член од
7 јануари 2009
Мислења
77
Поени од реакции
11
Имам проблеми со лаптопот, ми покажува дека се полни, а уствари не се полни. Проблемот би бил со адаптерот или пак со батеријата? Иначе и претходно на моменти не се полнеше, но со мало мрдање на кабелот почнуваше да се полни.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72

Батеријата, ако беше до полначот немаше лаптопот воопшто да ти работи :)
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Имам проблеми со лаптопот, ми покажува дека се полни, а уствари не се полни. Проблемот би бил со адаптерот или пак со батеријата? Иначе и претходно на моменти не се полнеше, но со мало мрдање на кабелот почнуваше да се полни.
Симни CPUID HWMonitor и провери wear level на батеријата.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
249
Поени од реакции
12
Вака сега не знам како точно да го објаснам проблемов, земав нов самсунг 22'' LED монитор и имам проблем кој најповеќе се осеќа кога ќе играм некоја игра, во случајов фифа 13 е сега не знам пикселите ли се, или течниот кристал се осекат како да се мрдат сликата како рецкии некакви, доста ми е чудно зошто прв пат се среќавам со ваков проблем и не знам како точно би го објаснил е сега случајно некој дан заприметил ваков сличен проблем кај некој свој уред за да ми помогнит.....
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Проблем кој ме излудува.......На лаптоп на USB портовите кога ќе приклучам екстерен диск истиот се појавува и се губи нон стоп...нити можам нешто да снимам нити пак да избришам...Дали има слаб контакт или не знам што ама веќе до лудило ме доведе....некојсовет од искусен познавач на хардвер добро би ми дошол.....Фала од напред!
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Проблем кој ме излудува.......На лаптоп на USB портовите кога ќе приклучам екстерен диск истиот се појавува и се губи нон стоп...нити можам нешто да снимам нити пак да избришам...Дали има слаб контакт или не знам што ама веќе до лудило ме доведе....некојсовет од искусен познавач на хардвер добро би ми дошол.....Фала од напред!
Пробај со друг кабел. Пробај на сите портови. Инсталирај чипест драјвери или некои други ако имаш специфични порти. Ако ти е долг кабелот, пробај со пократок. Ако не работи на друго РС, враќај и мењај тоа дискот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom