Германци и Англичани купуваат куќи и имоти во Охрид!?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Странци купуваат куќи и имоти во Охрид. Магнет се езерото, чистиот воздух и поевтината живејачка од колку на Запад. Но, бумот изостана. Охриѓани не губат надеж дека веќе утре, скапо ќе ги продадат недвижностите.
Охрид поради прекрасната природа од секогаш бил сон за живејачка за луѓето од целиот свет. Нема човек што не посакал куќа со поглед кон синото езеро. Странците ги „меркаа“ прекрасните локации и често преку локалните жители, посредно стануваа и сопственици на имоти. Од 2008 година, кога македонската влада дозволи странци да купуваат куќи и станови, пазарот на недвижнини живна. Цените скокнаа до небо, но туѓинците уште се ретки жители на Охрид. Тие кои купија имот досега можеа туристички да престојуваат во Македонија најмногу до три месеци. Владата, очигледно ги увиде пречките и грешките и го менува курсот со надеж дека инвестициите по овој основ наскоро ќе се зголемат.
Политичари, дипломати и уметници „меркаат“ куќи во Охрид
Своевремено за куќи во Варош и Канео (најатрактивни делови од стариот Охрид) биле заинтересирани германскиот екс-министер за финансии Тео Вајгел и австрискиот претседател Хајнц Фишер. Меѓу оние кои го оствариле сонот преку прозорец да го гледаат езерото е екс-евроамбасадорот Ерван Фуере.
0,,16141962_401,00.jpg

На куќите во срцето на стариот Охрид нема натписи дека се продаваат. Сепак во неврзан разговор неколкумина охриѓани ни рекоа дека за добра цена и покрај носталгијата кон вековното огниште би го сториле тоа. Сопствениците на агенциите за недвижности креваат раменици и очајно признаваат дека бизнисот им назадува и дека странците се реткост. Куќи и имоти најчесто купуваат лица од мешани бракови, велат тие. Во практика купопродажбата се врши во четири очи. Се зборува за милионски суми. Но, јавно не се знае колкав имот и каде поседува некој странец во Охрид и колку платил за него. Нови жители на стариот Охрид се и безброј Македонци од политичката, бизнис и уметничката елита, кои дури и помегаломански градат и трошат отколку странците.

Покрај природата и езерото, евтиниот живот – предизвик да се живее во Охрид

Холанѓани и Германци, веќе живеат во купени куќи. Еден од нив е Лутц Ауман од Мајнц – Германија. Живее над Античкиот театар.
„По еден одмор во Грција некаде пред околу седум години решивме да останеме два дена во Охрид. Кога убаво го разгледав многу ми се допадна езерото, планините, чистиот воздух. И си помислив, ако еден ден се одлучам да заминам од Германија, тогаш ова е местото каде што би живеел. Пред пет години се вратив, купив куќа и од корен ја изградив по наша идеја. Од балкон јас и жена ми имаме најубав поглед на езерото. На лето тука појадуваме ги слушаме птиците како пеат.“
Лутц ни откри, зошто го одбрал Охрид, наспроти Мајнц?! „Овде нема турканици, тивко е. На пазар можете да купите свеж зеленчук и овошје со далеку подобар квалитет и вкус отколку во Германија. Сега не работам, го трошам заработеното. Овде ме знаат сите. Има многу од Охрид кои сакаат да живеат во Германија, а луѓето како мене, кои се решиле за обратното, уште се ретки. Убаво си живеме со соседите. Доаѓаат и одиме на кафе. Во Германија тоа е реткост. И уште нешто, работев низ цела Европа и низ цел свет. Така, се чувствувам, како граѓанин на светот“, вели Лутц.
Адут за привлекување на странците да живеат во Охрид по примерот на крајморските градови во Црна Гора и Бугарија може да биде и следнава констатација на германецот Лутц: „За кирија, струја, телефон, храна, облека, осигурување, овде трошам само една третина од парите кои за истите нешта на пример би требало да ги потрошам во Германија.“
„Уште малку, можеби и утре“ зборови кои треба да исчезнат од вокабуларот на Македонците
Англичани и Германци веќе купиле имоти на источното крајбрежие од Охридското Езеро. Се работи за големи парцели во Рача, Велестово, Коњско. Долго се прераскажуваше дека за големи имоти зад кои уште има нерасчистени имотно – правни односи се интересирал и рускиот милјардер Роман Абрамович, а сега дел од нив му се нудат на познатиот индиски бизнисмен Субрата Рој. И покрај декларативната отвореност на Владата за секоја странска инвестиција, во практика, работите во оваа област се движат бавно, оценуваат странците.
„Првите три збора кои ги научив во Македонија беа: уште малку, можеби и утре“, ни рече германецот Ауман. Тие се најдобриот одговор дека Македонците од корен треба да ги променат своите навики, ако сакаат Европјеците да инвестираат и да им станат соседи, на пример во Охрид.
http://www.dw.de/германци-и-англичани-купуваат-куќи-и-имоти-во-охрид/a-16476153
 
па имат пари и ќе купуват,
ја продадовме ли земјата, значи ја губиме засекогаш
ако де,ќе ни остане Мариово,Герман и Подржикоњ.
 
Ам’ че им го испијат езероно на Ориџанине море .......... :icon_mrgr:
Уште ак’ и освен лајци носат и кутлачки че го голтнет целоно езеро со-се риби ............. :ROFLMAO:
 
Јас со задоволство би купила една куќа на Комо, па Италијанците ако сакаат за век и векови нека патат што ,,изгубиле,, италијанска територија.
 
За пола од парите што ти требаат за стан во Охрид можеш да купиш поубав стан во Тајланд. За третина можеш на Филипините или Индонезија. Во сите 3 држави ти е поевтино за живеење, имаш океан и 12 месеци сонце. Слична е ситуцаијата и на повеќе места на карибите. Си се преценуваме затоа и нема бог знае колку странци.
 
Се согласувам но од Македонија до Германија е 3 саати лет. А од Тајланд,Индонезија,Филипини до Германија колку е сигурно е над 12 саати лет. Плус тој Германецот што живее во Македонија, кај сака може да прстојува на одмор Охрид,Грција, Албанија . Се му е на 2-5 саати пат со кола. Плус тоа се луѓе 65+ сепак поблиску сакаат да бидат до Германија за да можат одвреме навреме да ги видат своите деца и внуци и обратно, не е исто лет 3 саати и лет над 12 саати. А особено за некој 65+ години.
 
Хрватска е истотака добро. Цените се повисоки од кај нас, но не е премногу скапо за европеецот, а има одлични локации покрај море, има острови, со одлични патишта е поврзана, посредено е, не треба ни со авион да се оди, во неколку часа е човек со кола до таму.
 
За пензионери Охрид е одличен избор како место за живеење... Иако се форсира претежно стариот дел на градот, има и многу други атрактивни локации покрај езерото, иако се поодалечени од градот, како на пр. Љубаништа, има куќи каде буквално дворот ти е покрај самото езеро, иако е рурална средина, има доста население и се‘ што е потребно за мирен живот... За помлади странски парови, опцијата на купување имот во Охрид е само за да си обезбедат свое место за одмор преку лето и кога ќе бидат пензионери еден ден, инаку да се населат тука трајно не им се исплати.
 
Ќе дојдит време кога варошон ќе е една од најелитните населби на Балканов. Штета што варошани нема да живеат веќе таму :pos:
 
За пола од парите што ти требаат за стан во Охрид можеш да купиш поубав стан во Тајланд. За третина можеш на Филипините или Индонезија. Во сите 3 држави ти е поевтино за живеење, имаш океан и 12 месеци сонце. Слична е ситуцаијата и на повеќе места на карибите. Си се преценуваме затоа и нема бог знае колку странци.

Можеш да купиш и во Африка поевтини недвижности и во некои земји од Јужна Америка и поевтино да живејш.
 
Можеш да купиш и во Африка поевтини недвижности и во некои земји од Јужна Америка и поевтино да живејш.

Можам. Во статијата спомнуваат 1 мил евра за куќа во стариот град. За 50 000е во Манила ќе си земам стан, за уште 50 000е во Бали исто така едно собен стан а како база во Пукет ќе спукам 200 000е за 3собна вила во комплекс со базен и теретана. 700 000е ќе ги орочам за 5% и има да живеам ко цар. Па сега види ти што би порадо.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 19:31 ---
Се согласувам но од Македонија до Германија е 3 саати лет. А од Тајланд,Индонезија,Филипини до Германија колку е сигурно е над 12 саати лет. Плус тој Германецот што живее во Македонија, кај сака може да прстојува на одмор Охрид,Грција, Албанија . Се му е на 2-5 саати пат со кола. Плус тоа се луѓе 65+ сепак поблиску сакаат да бидат до Германија за да можат одвреме навреме да ги видат своите деца и внуци и обратно, не е исто лет 3 саати и лет над 12 саати. А особено за некој 65+ години.

Јасно. Само и шпанија и португалија се отприлика толку далеку а со цени се поевтини. Не ме сваќајте грешно јас си го сакам Охрид ко и секој македонец. Цела историја, црквите, езерото ми значат многу повеќе него ли на Фуере. На секој странец тоа ќе му биде интересно на почеток а после почнува да гледа други работи. Тоа е проблемот. Мешани двојки се сосема друг пазар од странци. Тоа е она што луѓето таму треба да го сватат.
 
Можам. Во статијата спомнуваат 1 мил евра за куќа во стариот град. За 50 000е во Манила ќе си земам стан, за уште 50 000е во Бали исто така едно собен стан а како база во Пукет ќе спукам 200 000е за 3собна вила во комплекс со базен и теретана. 700 000е ќе ги орочам за 5% и има да живеам ко цар. Па сега види ти што би порадо.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 19:31 ---

Јасно. Само и шпанија и португалија се отприлика толку далеку а со цени се поевтини. Не ме сваќајте грешно јас си го сакам Охрид ко и секој македонец. Цела историја, црквите, езерото ми значат многу повеќе него ли на Фуере. На секој странец тоа ќе му биде интересно на почеток а после почнува да гледа други работи. Тоа е проблемот. Мешани двојки се сосема друг пазар од странци. Тоа е она што луѓето таму треба да го сватат.
Никаде во текстот не се споменува 1 милион евра за куќа во стариот дел!!! Ниту пак некогаш до сега била постигната толкава цена за куќа во Охрид (ниту во стариот дел ниту во друг дел од градот).
Цените на недвижностите во Охрид очигледно не ти се познати!
А кај ќе ги орочиш парите со 5% камата?
--- надополнето: 24 декември 2012 во 20:13 ---
Можам. Во статијата спомнуваат 1 мил евра за куќа во стариот град. За 50 000е во Манила ќе си земам стан, за уште 50 000е во Бали исто така едно собен стан а како база во Пукет ќе спукам 200 000е за 3собна вила во комплекс со базен и теретана. 700 000е ќе ги орочам за 5% и има да живеам ко цар. Па сега види ти што би порадо.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 19:31 ---

Јасно. Само и шпанија и португалија се отприлика толку далеку а со цени се поевтини. Не ме сваќајте грешно јас си го сакам Охрид ко и секој македонец. Цела историја, црквите, езерото ми значат многу повеќе него ли на Фуере. На секој странец тоа ќе му биде интересно на почеток а после почнува да гледа други работи. Тоа е проблемот. Мешани двојки се сосема друг пазар од странци. Тоа е она што луѓето таму треба да го сватат.
А замисли тек со тие пари шо мојш да купиш во Џибути, Свазиленд, Еритреја и Конго!
И ќе ти останет уште 900.000,оо евра.
 
А замисли тек со тие пари шо мојш да купиш во Џибути, Свазиленд, Еритреја и Конго!
И ќе ти останет уште 900.000,оо евра.

Да видиш таму како живеат странски експерти ( инжињери,менаџери) има на Сител да скинеш државјанство Македонско и да пљукаш по Македонија.Од клубови до плажи до жени.Има доста острови во Индонезија што се веќе со стандард како Словенија и Чешка.

Да не ни почнувам за Аргентина,Бразил,Чиле,Карибите.Ако имаш пари при рака како 200-300К евра се милион пати подобри за живеење.

.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom