- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Да, да...секој со своето, но јас за мене лично не го прифаќам тој живот...а тие како сакаат.
Хааааа, тие тинејџерки мајки имаа и фејсбук пејџ We Are Teen Moms So What
А што има бракови што седат заедно, има...не можам да кажам нема....ама не знам помладите генерации како и шо ќе прават.
Јас сакам само да кажам нешо за стравот за немаштија, па деца па воа она....па затоа не се зимале.
Луѓе, јас на 20 години се омажив (сега сум 34). Одма одлетав во САД, нова култура, различен живот. Живеев со свекрва и золви во куќа. Работа јок. Сме биле и во немаштија, сме живееле и во раскантана куќа кајшто таванот ни паѓаше на кревет ако врне многу.... Ама откако останав трудна по прв пат, да видите како се се мења. Маж ми одма почна да е позаангажиран за стварање. Сега сме толку горди сами на себе, затоа што све што имаме (а имаме доста) сами заедно сме го створиле....и сите тие срања низ кои поминавме стално ни даваат како едно разбудување и среќа што никогаш таму нема да бидеме пак. И овде чекаат наши, македонски луѓе да створат прво. Ако чекавме ние така, семејството наше немаше да биде она што денес.
Инспиративно

Сепак, одлуката за имање или немање деца е индивидуална, подобро некогаш родител, него лош родител

Лично, повеќе преферирам никогаш да не родам, него да бидам во ситуација да крпам за леб и да немам што да му дадам на детето.
Батали за мене, не можам ни да замислам како ќе се чувствувам. Па сестра ми кога ќе ми побара нешто а јас во моментот немам пари да и го купам, срцево мислам дека ми се крши на милион делчиња, не сакам ни да помислам што ќе биде со мое дете да ми е така.