Ваучери за компјутери за апсолвентите (2012/13)

  • Креатор на темата Креатор на темата Pelasg
  • Време на започнување Време на започнување
Јас купувам, ама по реална цена нормално... :)
 
Сиромаштија...
Откај мене на факултет тие што ги видов повише пари од професорите имаат. 90% е од аздис али ај секој со своето.
 
Откај мене на факултет тие што ги видов повише пари од професорите имаат. 90% е од аздис али ај секој со своето.
Како што знам даваа само на социјални случаеви... Но во оваа чудесна земја, се е можно.

Патем, ги разбирам оние што ги продаваат, иако јас би одел на тоа да се поклонеа лаптопи наместо ваучери. Али кога ќе видиш и од друга страна, денес па кој нема компјутер бе...
 
Откај мене на факултет тие што ги видов повише пари од професорите имаат. 90% е од аздис али ај секој со своето.
Знам,те разбирам,но џабе лечиме фрустрации од малограѓанштината кај Македонскиот народ и никаквото однесување.

Татко ми ми кажуваше пред некој ден,на времето кога бил на Запад,многу од Балканците таму автоматите за цигари,кафе,кока-кола и слично ги пробиле во рок од три месеци од нивното доселување таму,со употреба на Македонските монети од пет денари.

Тоа е тоа овде на Балканот,поготово кај Југословенските народи,со исклучок чесен на Словенија,се друго е џган и само гледа кој како да го намести,зезне таков е Македонскиот парадокс.

Можеме до утре да пишуваме сентенции и афоризми на темава,ништо нема да смени тој е менталитетот,никаква етика во однесувањето.

Се извинувам за долгиот оф-топик.

Илумиос колку изнесува тој ваучер и на која група апсолвенти следува или не е важен социјалниот статус и останатото при доделување на истиот?

:)
 
Има некој што го искориси ваучерот? Размислувам да купам еден, ама сега на фејсбук страната на АМЦ читам барале и покрај ваучерот да им покажеш лична карта и индекс. Сеа јас сум петта пред крај, нема ваљда да го прегледуваат индекскот детално....
 
ако има некој што продава ваучер од Прилеп нека ме контактира заинтересиран сум.

едит: да не случајно има/прават проблем ако ваучерот се искористи за Монитор?
 
Последно ова ако сака некој сеуште ваучер нека ме контактира .
 
Продавам ваучер, заинтересирани ПП
 
Има некој што го искориси ваучерот? Размислувам да купам еден, ама сега на фејсбук страната на АМЦ читам барале и покрај ваучерот да им покажеш лична карта и индекс. Сеа јас сум петта пред крај, нема ваљда да го прегледуваат индекскот детално....

Треба потпис од студентот, копија од лична карта и копија од предна страна на индекс (мене ова не ми побараa).
 
Сиромаштија...
Епа кога државата ги е*е ако може така поштено да се изразам зошто па и тие студенти да не искористат нешто од нејзе што да се прави кога секој знае дека после дипломирање ќе почека едно 10-15год за работа прво на памет што му иде е што и да начекам ќе искористам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom