Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249
Проблем со графичка не се појавува слика на монитор пишува NO VIDEO INPUT, го уклучив компјутерот преку интегрираната графичка, во DEVICE MENAGER не покажува дека има графичка не ја чита, се работи за envidia 8400 GS. Кулерот на графичката си работи врти. Што би можело да биде?
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27
Совет кај да го носам лаптопот на сервис да видат што има изгорено.(го полив со вода па го сушив некој ден па несакасе да упали) иначе не е под гаранција купен од АМЦ станува збор за ХП
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
дали некој знае зошто кога го стартувам компјутерот на мониторот му треба 30сек-1мин да “загрее“? едноставно дава бледа слика и трепери? постепено боите стануваат посилни и по некое време сликата се стабилизира и потоа е се во ред?
 
бумп
хитно ми е треба да го продавам компјутерот да знам на што сум дали се прави ова или не ..
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
CRT или LCD ? Модел ?
Ако е CRT нема уште многу да работи тој монитор, а сам да чепкаш да поправаш таму ако не знаеш што правиш - не би ти препорачал ( висок напон, може да те спржи и исклучен од струја ! ).
 
LCD Samsung Syncmaster 2032bw
 
-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
1.Која е причината што кулерот на лап топот ми работи мн побрзо сега, отколку порано? Ја играв far cry, и после тоа така си остана, нон стоп работи со зголемена брзина.
2.Можно ли е да ми има цркнато графичката на лап топот?-Кога ке пуштам игра, ми сецка многу, што не се случувало предтоа.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
Тој монитор користи CCFL позадинско осветлување.

Може да има повеќе причини според симптомиве што си ги опишал:

1. Инвертер-от откажува
2. Истечен/расипан кондензатор/и
3. Неисправно напајање
4. Ладен лем ( контактот се воспоставува кога ќе се загрее )
5. Можно е и позадинското осветлување да откажува, мада е ептен малце веројатно ( не би типувал на ова )

Ја би типувал или на инвертер-от или на кондензаторите.

За подетално - мора да се отвори мониторот, вака на памет не може да се даде прецизен одговор.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438

Ако ти цркнала графичката нема да имаш слика, или ќе имаш некоја софтверска резолуција за никаде. Со Far Cry веројантно си ја прегреал графичката, па треба да се олади, а може и тешко ја поднесува. И очекувано е некои игри да одат подобро, некои да сецкаат, зависи каков лаптоп имаш.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
Тој монитор користи CCFL позадинско осветлување.

Може да има повеќе причини според симптомиве што си ги опишал:

1. Инвертер-от откажува
2. Истечен/расипан кондензатор/и
3. Неисправно напајање
4. Ладен лем ( контактот се воспоставува кога ќе се загрее )
5. Можно е и позадинското осветлување да откажува, мада е ептен малце веројатно ( не би типувал на ова )

Ја би типувал или на инвертер-от или на кондензаторите.

За подетално - мора да се отвори мониторот, вака на памет не може да се даде прецизен одговор.
супер објаснето.. ако го однесам на мајстор кои се шансите да го направат ако ја отфрлиме точка 5? и брзината на поправка оти капарен ми е компјутерот за сабота да го продавам да знам како да се пазарам.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
Под предпоставка дека брзо ќе откријат што точно е проблемот и ако ги имаат деловите на лагер ( и одма почнат со поправка ), би требало да го поправат за 1 работен ден. Треба да имаш и малце среќа да најдеш на пример инвертер некој да чува на лагер.
Само кондензатори да ти сменат најверојатно ќе ти земат 1000-ка за работна рака, не ми се верува некој да се нафати за помалку да ти работи ( не знам од каде си, може цените се други кај тебе ).

Пробај види и во некој TV сервис прашај, некои поправаат и монитори.
 
Денеска бев го однесов и ми го средија мониторот за неполни 2 часа... 500 ден ми зедоја за поправка така да задоволен сум :)))
кондензаторите биле проблем па ремонт му направиле.. мајсторот рече да чукнам во дрво не би требало сега да имаш проблем во наредните 3-4 години :)
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Имам некој проблем со лаптопот значи кога ке го вклучам стигне до десктоп за 40-50секунди но потоа скоро 5минути не можам ништо да работам, а сијаличката за хард дискот цело време свете и коа го проверам со Crystaldisk info првите 2мин не го покажува hdd. Ова се случи првпат кога го купив (пред 1 година) па после 2-3 месеца се оправи и еве пред 1-2 месеци почна повторно да праве така. Да не е нешто со температурата на HDD затоа што немав проблеми од март докај средината на септември. Нема бед сектори на HDD тестиран е иначе ова е лаптопот http://emmi.rs/laptop-računari-asus-a53sv-sx958-156.11.html?productId=18509 имам додадено само уште 4гб рам друго ништо не е менето.Еве слика од SMART некој ако разбира нешто :) Untitled.png
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.503
Имам некој проблем со лаптопот значи кога ке го вклучам стигне до десктоп за 40-50секунди но потоа скоро 5минути не можам ништо да работам, а сијаличката за хард дискот цело време свете и коа го проверам со Crystaldisk info првите 2мин не го покажува hdd. Ова се случи првпат кога го купив (пред 1 година) па после 2-3 месеца се оправи и еве пред 1-2 месеци почна повторно да праве така. Да не е нешто со температурата на HDD затоа што немав проблеми од март докај средината на септември. Нема бед сектори на HDD тестиран е иначе ова е лаптопот http://emmi.rs/laptop-računari-asus-a53sv-sx958-156.11.html?productId=18509 имам додадено само уште 4гб рам друго ништо не е менето.Еве слика од SMART некој ако разбира нешто :)Прегледај го приврзокот 55081
Бројкана од 5179 часови работа на дисков за време од 1година колку што го имаш лаптопов...тоа му доаѓа дека дневно дискот/лаптопов ти работел по 14саати шо би дошло многу за лаптоп (едино ако ти увалиле веке користен хард), ремапирани сектори немаш што е добро, температурата 12 е доста ниска штое исто така добро. Ако имаш инсталирано правилно прво чипсет драјвери па Intel Management Engine Interface, и накрај Intel Rapid Storage Technology дрјвер за во AHCImod дисков би требало да лета. Секое кочење на дисков може да биде само проблем со електрониката на дискот (тоа па е врзано со прегревање на високи температури во минатото), пошто физички оштетувања на плочите у смисол бед сектори дисков немa а се гледа од SMART резултатот на crystaldisk.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom