Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Кратењава се fuck logic... :D

Значи упорно тупиме дека левата бековска позиција ни е најслаба, и упорно ништо не менуваме таму. Постојано се повикуваат Бранче и Филип, истите играчи!

На сметка на тоа, повикал тројца пикери и три десни крила. :pos:

Кој кур три пикери ќе ни се? Никола Марковски (сеуште) не е на ниво на кое би ги загрозил Столе и Ванчо, па да го повикаш. Иако и тој ќе лета најверојатно во финалниот список...

Златко The Prestap Мојсовски... шо да се каже за Козла... све е јасно. :D

Не може да го повикаш Мите Стоилов кој стагнираше заради повреда, а да не го повикаш Кукоски кој е во топ три дефанзивци у СЕХА (заедно со Велко).

Милан Левов... :pos: Дечкото има ужасна сезона во Металург!

Али шо го тупам, списокот се знае... џабе повикува „пошироки“ списоци кога се знае кој ќе е финалниот...

Плус пази ова:

Подготовките официјално почнуваат на 20 декември, а вечерва на „Кале“ ракометната репрезентација, без селекторот, ќе одигра ревијален хуманитарен меч против селекцијата на странски ракометари што играат во Македонија.

Бранче е дојден а Шундо не. А двајцата се у Констанца. :D

Но тоа е бе, кој го ебе селекторот е ситуацијава. И насловот го згрешиле овие. Не треба да е „Шундовски го скрати списокот“ туку „Некој му го скрати списокот на Шундовски“.
 
Дефинитивно најголем проблем има кај крилата,

wtf бе, како крилата најголем проблем? o_O

Најдобро сме покриени на крило и на пикер...

Според моево (лаичко) мислење, со овој состав (не баш овој но горе-доле истиот), најмногу ни одоговара широк стил на игра.

Значи најмногу би но одговарал Вујовиќ за селектор (секако од овие шо се некако достапни). :D Тој форсира таков побрз стил на игра со Вардар, повеќе форсирање на внатрешната линија...

Зошто таков стил? Најпрво и најважно, затоа што кај крилата и пикерот имаме достојни замени! За разлика од бековите каде што се тие тројца, другите (освен Филип ај кој е добар за замена) се класи подоле. А знаеме дека без клупа нема успех...

Лево имаш две млади крила желни за докажување. Манасков е сигурно во топ 5 млади крила во Европа, Олјески е одличен за замена. Десно, Темелков е сосема добар ирач (реков вчера, премногу го потценувате), Георгиевски е одличен за во напад, особено за контра.

На пикер знаеме, Столе и Ванчо се тенкови. :D

Второ, сите тројца од бековската линија, Кире, Мојсо и Миркуловски се одлични асистенти. Сите имаат осет за асистенција. Мислам дека покорисни ќе бидат така отколку постојано да форсираат на шут.

Преку кур веќе од таа „игра на сила“, без никаква промена у неа. Мора да се влече максимумот од сите играчи, не некои да служат за украс.

Во најмала рака, нека се почнува утакмицата со „стандардната - на сила“ игра, со форсирање на шут од дистанца, па ако не иде, разработај ги крилата! Барем сега мислам дека имаме достојни парови крила кои ќе знаат да си ја завршат работата добро!

Квалитетна и сериозна репрезентација, мора да има барем 2-3 напаѓачки тактики во џеб секогаш. Ако не иде со едната, да промениш. Ние... ние ништо, истото монотоно увек.

Али што го тупам ебате, за џабе. Знаеме што ќе се дешава, ќе го гледаме истиот филм пак. :нинџ:
 
wtf бе, како крилата најголем проблем? o_O
Не ме сфати, мислев за Шундовски е најголем проблем на таа позиција, ќе треба да бира помеѓу одличниот(за мене) Темелков, првото крило во Металург Георгиевски, и замената негова но, братот на Наумче, Козла..

Ај иди одлучи се :D
 
па добро, од она што му останува да го направи за да биде доследен е да го исфрли и Престап и мислам дека со изборот негов на предна линија и голмани сите би се сложиле.
Проблемот го прави задната каде на мене барем не ми е јасно како и зошто Левов ќе оди во Шпанија, а не некој друг, не мора да етоа Мајнов, туку нека биде било кој десен бек од Овче Поле или Стумица или било кој друг наш тим. Велам ќе оди бидејќи не е луд најверојатно да оди само со еден десен бек, а тој е единствениот покрај Лазаров на таа позиција на списоков. Со што заслужил да биде избран повеќе од било кој друг не ми е јасно, бидејќи и него и било кој друг десен бек кој би можел да биде избран, не сме ги виделе да играат. Ај што не сме ги виделе ние, како навивачи, љубители на ракомет, како сакате, туку знаеме дека барем тој од Овче Поле, Стурмица или кај и да е, ИГРА за својот тим, исто како што Левов речиси НИКОГАШ не игра за својот. Зошто на некој што не игра ракомет по цели сезони би му дал предност пред некој што игра (без разлика како игра) и со тоа би го квалификувал првиов како подобар? Како знае дека е подобар од другиот. Би знаел ако ги викне повеќе од нив на подготовки, но не ги ни вика, како да е овој Левов несомнен квалитет.
Второ, ми се чини дека можностите во напад драстично ни ги крати изборот на тројца одбранбни кој како да одат во пакет- М. Стоилов, Н.Марковски, А. Јоновски. За последниве двајца немам забелешка , ама за Стоилов исто така не знам зошто е избран, да речеме пред Кукоски, ако веќе се оди на тоа да имаме тројца специјалисти за одбрана. Незнам дали ќе се сложите со мене но целава концепција со тројца нови во одбрана мене ми се чини погубна, веќе прочитана, заситена и истата не дава можност за иновација во напад. Се ќе биде бавно, се преку Лазаров, ако не само преку него, преку Лазаров и пикер, ако не така, тогаш Лазаров да дофрли на Темелков или кој и да е, ако пак биде затворен (а ќе биде под фластер и од Чиле) Миркуловски да ја пимпла на центар и покрај илјада фаули и прекини да ја протне до пикер. Шут од зад 9 ќе биде научна фантастика од друг освен од Лазаров, можеби и од Филип ама тоа најчесто би било ефектуирано само ако се игра рагби .
Мора да се направи добра стратегија за побрз тек на топката, што би се добило ако се повикаше уште еден централен како Кузмановски, кој игра и одбрана, наместо М.Стоилов. Или нека биде и вака ама нека се уклучува на пример Јоноски во напад како десен бек, како не би имало измена, иако мислам дека ова и не би било толку успешна опција бидејќи веќе закржлави човекот во одбрана, а има страшен шут (по силина).
Незнам, нешто мора да се направи за да добие играта на живост, во спротивно Чиле и Катар би било полна капа....
 
Мајнов сам одкажал не да го избришал Шундо што е нормално ако се знае колку време беше изоставуван а беше во одлична форма,а го зима Левов кој не игра ич.

Малку чудно зошто не е земен Алушевски кој и да би седел на клупа би бил од корист а и за тоа што го дал за репрезентацијата требало пак да го земе секако после ова мислам оди во пензија.
 
Во гз да си ги бутнат Мите Стоилов и Левов, да ти ебам тоа гробарите дса ти ебам.
Дај боже последни да завршиме и никогаш повеќе да не се пласираме ви ебам мамицата преварантска.
 
Џабе прајте муабети, се знае одамна кои играчи се повикуваат... :facepalm: а најголем проблем од се е тоа што Шундовски ни е селектор. Голема грешка се прави тоа што не го оставаме Металург да е база на репрезентацијата како што е обичај во помалите земји како нас кои имаат еден јак клуб. Така беше со Кометал и и мавме успех. Ене го и Будуќност во женскиот ракомет е ист пример...Да си ја земеше Метаург репрезентацијата заедно со Червар, далеку поспремни и ментално појаки ќе бевме (y)
 
Џабе прајте муабети, се знае одамна кои играчи се повикуваат... :facepalm: а најголем проблем од се е тоа што Шундовски ни е селектор. Голема грешка се прави тоа што не го оставаме Металург да е база на репрезентацијата како што е обичај во помалите земји како нас кои имаат еден јак клуб. Така беше со Кометал и и мавме успех. Ене го и Будуќност во женскиот ракомет е ист пример...Да си ја земеше Метаург репрезентацијата заедно со Червар, далеку поспремни и ментално појаки ќе бевме (y)
Па баш ги оставаме да бидат база, не гледаш цел нивни состав е земен, освен олд тајмерите Ангелов и Алушевски. Уште Чокрев и Левче Китевски фалат да ги земат место Кире лазаров и Бранче Ангеловски и уште по некој од Металург Јуниор да ги замени неколкуте од вардар.
 
Џабе прајте муабети, се знае одамна кои играчи се повикуваат... :facepalm: а најголем проблем од се е тоа што Шундовски ни е селектор. Голема грешка се прави тоа што не го оставаме Металург да е база на репрезентацијата како што е обичај во помалите земји како нас кои имаат еден јак клуб. Така беше со Кометал и и мавме успех. Ене го и Будуќност во женскиот ракомет е ист пример...Да си ја земеше Метаург репрезентацијата заедно со Червар, далеку поспремни и ментално појаки ќе бевме (y)

:ROFLMAO:

Јас не разбирам на која основа ние имаме само еден клуб.Али ај не сакам да се карам.

.
 
голмани
Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски

пикери
Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Ванчо Димовски

Десни крила
Владимир Темелков, Гоце Георгиевски, Златко Мојсовски

Леви крила
Дејан Манасков, Гоце Ојлевски

Бекови
Кирил Лазаров, Милан Левов, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Бранко Ангеловски, Филип Лазаров, Велко Марковски, Ацо Јоновски, Мите Стоилов


Aко е реално, тие би требало да се надвор од списокот.
 
А кој ќе земиш од Вардар кога сето се срби и црногорци играчите? А и тренерот веќе еднаш беше селектор и плус е голем сељак...
 
А кој ќе земиш од Вардар кога сето се срби и црногорци играчите? А и тренерот веќе еднаш беше селектор и плус е голем сељак...
Кукоски

Кукоски

Кукоски

Кукоски

Кукоски

Кукоски
 
зошто не се земени Ристо Арнаудовски и Дејан Пецаковски. Немаме шутер на лев бек а овие се бомбардери.
Кој од овие сега шо се во состав ке се испрај за да шутни од 10метри ?:confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom