http://www.mkd.mk/83048/sport/vesel...ener-na-polovina-metalurg-barem-na-60-minuti/
Македонските ракометни репрезентативци кои настапуваат во Вардар и Металург ќе ја сочинуваат селекцијата на Македонија која утре ќе игра ревијален меч против странците кои настапуваат во овие два тима. Овој ревијален меч ќе биде дел од манифестацијата „Имај срце, дарувај“, а ќе се игра утре во 20.30 часот во салата „Кале“.

Во отсуство на селекторот Звонко Шундовски, селекцијата на Македонија која ќе биде без интернационалците, ќе ја води неговиот прв помошник Андон Бошковски, а селекцијата на странците ќе ја води тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, кој ќе има несекојдневна можност да им „наредува“ на играчите кои се членови на Металург, неговите лути конкуренти.
Овој ревијален дуел ќе биде старт на подготовките за Светското првенство во Шпанија, кои официјално почнуваат на 20 декември.
За репрезентацијата на Македонија ќе играат ракометарите од Вардар и од Металург што се на списокот за СП во Шпанија и тоа Ангелов, Митревски, Манасков, Алушовски, Георгиевски, Златко Мојсоски, Димовски, Јоноски, Велко Маркоски, Наумче Мојсовски, Миркуловски, Митко Стоилов, Ојлески, Филип Лазаров, Kукоски, Никола Маркоски, Столе Стоилов и Милан Левов.
Во селекцијата на Веселин Вујовиќ ќе бидат Станиќ, Милиќ, Мартиновиќ, Марковиќ, Абатовиќ, Драгаш, Прибак, Kарачиќ, Рајковиќ, Батиновиќ, Вугринец, Лазовиќ, Ракчевиќ и Петриќ.