Република Унгарија и официјално го призна уставното име на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата HITCH
  • Време на започнување Време на започнување
Па јас сум дел од народот, а добра бројка од народот (која секојдневно се зголемува) е против ЕУ и НАТО, засега да владата и во минатото владите наши биле про ЕУ/НАТО ориентирани ама и тоа се менува. Плус само да те потсетам дека во Хрватска имаше референдумско прашање за граѓаните дали сакаат да влезат во ЕУ или не, епа може и кај нас ќе има некој ден каде што моето, твоето и мислењето на др-те ќе биде важно.

Сепак да не одиме предалеку од темава, да се задржиме на неа :)
За ЕУ точно многу има луѓе кои се против,но за НАТО не сум баш нај сигурен.

:)
 
најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.
Ај убаво, честито де.
Ама да разменеа ноти и за во мултилатерални односи и форуми?
И Германија билатерално ни и Англија (ВБ) ни се обраќаат билатерално со уставното, одамна. И други, но во мултилатерални сфери со референцата ни се обраќаат.
Битката е за во мултулатералните форуми/организации...итн.
--- надополнето: 13 декември 2012 во 17:08 ---
А и не се вели: ххх не ПРИЗНАА ПОД УСТАВНО.
 
Ај убаво, честито де.
Ама да разменеа ноти и за во мултилатерални односи и форуми?
И Германија билатерално ни и Англија (ВБ) ни се обраќаат билатерално со уставното, одамна. И други, но во мултилатерални сфери со референцата ни се обраќаат.
Битката е за во мултулатералните форуми/организации...итн.
--- надополнето: 13 декември 2012 во 17:08 ---
А и не се вели: ххх не ПРИЗНАА ПОД УСТАВНО.
Германија не нема приезнаено,што фајде ако ни се обраќаат со уставното?

:)
 
Германија не нема приезнаено,што фајде ако ни се обраќаат со уставното?

:)
Мене ќе ми кажеш? И реков, не се вели:
Ал не ме смеј.
Унгарија не` призна. :icon_lol:
Мрси, мрси, коси кафјави.
Одамна имаме билатерална под уставно и со Унгарија. Ова е само добар шамар за ЕУ во наша полза.
Мултилатералното е нашата фипломатска битка. Но, да не ви расипувам среќа.
 
За ЕУ точно многу има луѓе кои се против,но за НАТО не сум баш нај сигурен.

:)

Може не во толку голема бројка како за ЕУ сепак ги има, еве ти пример дури и од форумов.
Факт е дека со него ќе бидеме побезбедни ама станувајки дел од него ние стануваме терористи и ги одобруваме сите тие убиства и на невини цивили насекаде на светот.. НАТО ти е само една продолжена рака на ЕУ и Америка за буткање на режими за потоа истите да имаат економски бенефит од тоа, да рушат па после нивни фирми да градат одново и да земат што повеќе пари од државата / да им ги земат нафтените полиња ефтино (случај Либија), понатаму да си создаваат пазари за продажба на оружјето кое го произведуваат а и да не заборавиме кој ги обучуваше и снабдуваше со оружје терористите кај нас 2001 притоа кој беа иницијатори за потпишување на срамковниот договор поради кој денеска некој со 4то одделение седи и зима плата 30.000 додека некој што посветил 5-6 години на факул.. образование седи со дипломата во рака - дома.

Сепак не е тоа темата ко што реков ..
 
Благодарност до Унгарија и унгарскиот народ. Интересно, Унгарија е држава која има две имиња, за домашна и меѓународна употреба.
 
Австрија и Грција се испокараа во европскиот совет пред неколку дена, а ден по очекуваната блокада од Гејлада и Проститустан(Бошгарија) Унгарија не признава под уставно име. Нешто ме потсеќа на Австро-Унгарија:)
 

Јасно де, терминолошки да се разбираме.
Дипломатијата не подразбира такви лапсуси.

Признавање имплицира нешто сосем друго.

Значи, на Косово му се признава независност со потпишување меморандум или размена на писма на високо ниво или со усмена изјава пред повеќе од два независни медиума на највисоко ниво.

На Македонија не и се признава име, туку се отпочнуваат односно воспоставуваат дипломатски односи (ако се прв пат), или се потврдува комуникациија (ако веќе се имаат дипломатски односи со референцата) со уставно име.

Нели еднаш ви посочував.

Инаку, кајгана е медиум, порталот е медиум, форумот е дел од тој медиум. Мислите не се чита и преведува, за икс ипсилон потреби, често статистички, но сепак...

Блиска ми роднина пред петнаес години како допуна на буџет работеше за една организација, во рамки на една држава, преведувајќи медиуми, и тоа по спецјална обука, превод на/за таргет теми.
 
Прочитај го подвлеченото на крајот, види Македонија каде се зачленува, според Макфакс. :pos:

Се` си е на место. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom