H
HITCH
Гостин
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во четвртокот упати писмо до неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.
Во писмото, меѓу другото, министерот Попоски нагласува дека Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето.
Особено се поздравува поддршката во рамките на Европската унија, каде Унгарија е гласен поборник и поддржувач за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.
„И најновата одлука, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји", велат од МНР. /крај/мф/ач
П. С. Не знаев каде да ја сместам темава, а не е за дијаспора. Доколку сметате дека не е за овде слободно преместете ја.