Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Еве нешто лесно:
Од бројот 123456, со пермутирање на цифрите можат да се добијат 6! = 720, различни броеви
Колкав е збирот на сите овие шестоцифрени броеви?
 
Најди природен четвороцифрен број, кај кој првите две цифри и последните две цифри се меѓусебно еднакви ( бројот има облик ххуу ) и кој представува полн квадрат ( квадратниот корен од тој број е природен број ) .
 
7744
 
Еве една интересна и лесна задача која може сите да ја решаваме и на тој начин да направиме мал натпревар.

Напиши што поголем природен број, составен од различни цифри, кој е делив со секоја од цифрите со кои е напишан

Пример за појаснување:

Бројот 432 е делив и со 4 и со 3 и со 2
 
Еве една задача со дропки
a,b,c и d се различни природни броеви
Одреди ги овие броеви така да биде запазено:
1/a + 1/b + 1/c + 1/d = 1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom