САД: Северна Кореја ќе сноси последици за лансирање на ракетата

  • Креатор на темата Креатор на темата closse
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Возраст
58
САД: Северна Кореја ќе сноси последици за лансирање на ракетата

Текст: Макфакс
Свет | 12 декември 2012

Белата куќа најави дека Северна Кореја ќе сноси „последици" поради лансирањето на ракетата и дека САД ќе соработуваат со меѓународните партнери за дополнително да го изолираат и казнат Пјонгјанг.
sad-severna-koreja-kje-snosi-posledici-za-lansiranje-na-raketata-113768.jpg
„Претседателот е загрижен поради однесувањето на Северна Кореја. Одлучи да не се придружува до меѓународните обврски и поради тоа ќе сноси последици", изјави на прес конференција Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.
Тој не прецизираше кои акции би ги преземал Вашингтон против Северна Кореја, додавајќи дека
американските власти најпрво сакаат да видат што ќе реши Советот за безбедност на Обединетите Нации.
Северна Кореја вчера успешно лансираше ракета со што предизвика осуда на меѓународната заедница.
Пјонгјанг тврди дека станува збор за ракета која во орбитата однела метеоролошки сателит, додека САД и другите азиски земји сметаат дека станува збор за тестирање на ракетна технологија.
 
Во случајот со Северна Кореа и други сомнителни држави ија би бил загрижен ако поседуваат нуклеарки и ракети за лансирајне на истите.
 
Овие ќе провоцираат вака и ќе пецкаат дур на америка и е главна преокупација блискиот исток.Малце да се олабави таму или нема да писнат или нема да ги има.

Иначе јас повеќе би се запрашал зашто Северна Кореја троши време и ресурси на вакви работи,а не на начини како да си ја нахрани популацијата.
 
Американците се свесни дека во С.Кореја можат само да изгубат животи, опрема и многу кеш.
Освен тоа, не се работи за некоја глобална стратешка локација, ниту пак има нафта.
Еднаш се изгорија во Виетнам... нема смисла 2 пати..
Посебно треба да се претпазливи кога играат со комунистички режим спремен на све.
И да не заборавиме, Џорџ Буш повеќе не е претседател.
 
Ееее, гладната Северна Кореја успеа да лансира сателит со сопствена ракета пред тоа да го направи Јужна Кореја. А не дека и Јужниве Корејци не се трудат, а имаа веќе едно неуспешно лансирање и тоа користат Руска технологија Јужниве.

Еден од Парадоксите на Комунизмот.
 
Е де,па мораше да се покаже новиот лидер,мерак му беше.Ај нека го остаат малку заби да покаже пред народецот свој.
Нека си лае Америка,знае дека Северна Кореја не претставува никаква закана.
 
Џабе им е. Не можат ништо да им направат на Севернокорејците. Само на зборови се јаки против нив.
 
Американците се свесни дека во С.Кореја можат само да изгубат животи, опрема и многу кеш.
Освен тоа, не се работи за некоја глобална стратешка локација, ниту пак има нафта.
Еднаш се изгорија во Виетнам... нема смисла 2 пати..
Посебно треба да се претпазливи кога играат со комунистички режим спремен на све.
И да не заборавиме, Џорџ Буш повеќе не е претседател.
заборавиле - не памтат како е - од дамна било.
ке сноселе последици - на кој начин бе? директно им се закануваат вака.. шо ке им праат ке дојдат да им продаваат „демократија“? нека си седат мирни и онака со цел свет се зарчкани скоро никој не ги сака
 
И шо Обама ќе му воведи демократија сега?
Повод за ТРЕТА ништо друго :facepalm:.Оправдување на америка "лансирањето"
А и редно е да прекине америка да воведува демократија ,првин нека си видат кај нив како им е а не да се прават мајка тереза маму им лоповску

Овие ќе провоцираат вака и ќе пецкаат дур на америка и е главна преокупација блискиот исток.Малце да се олабави таму или нема да писнат или нема да ги има.

Иначе јас повеќе би се запрашал зашто Северна Кореја троши време и ресурси на вакви работи,а не на начини како да си ја нахрани популацијата.

Имаат за јадење корејците ,најмал проблем е тоа ,
 
И шо Обама ќе му воведи демократија сега?
Повод за ТРЕТА ништо друго :facepalm:.Оправдување на америка "лансирањето"
А и редно е да прекине америка да воведува демократија ,првин нека си видат кај нив како им е а не да се прават мајка тереза маму им лоповску

Имаат за јадење корејците ,најмал проблем е тоа ,
Имаат,но само за јадење за ништо друго,рмбаат по цела година нон стоп и ништо не прават друго во 11 саат сите дома не смеат да искочат немаат мобилна телефонија сеа пред малце им пуштија фиксни, интернет којзнае дали знаат што е тоа,просечниот човек во Северна Кореја нема никаков допир со надворешниот свет:D
Но не верувам дека претставуваат закана на глобално ниво ако е сама а не во сојуз.
 
Многу е сменето од последниот документарец на бибиси каде што го перат мозокот на обичниот американец,имаат универзитети,интернет,тв и тоа дигитална :) ,имаат се како шо и ние овде во македонија имаме
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom