Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Пецаковски (y)
каков играч ќе беше да не се повредеше...
Засега одлично му оди во Струмица дај боже така да расутура и на пролет кога ќе се приклучат и Вардар и Метларуг да изигра и на тие утакмици на ниво па пак да се врати во Вардар догодина.:D
 
Засега одлично му оди во Струмица дај боже така да расутура и на пролет кога ќе се приклучат и Вардар и Метларуг да изигра и на тие утакмици на ниво па пак да се врати во Вардар догодина.:D
дома да се врати некој ден..кај шо припаѓа :D
а овај Арнаудовски кој е? прв пат слушам
 
лол, сеа на Алфа ко што кажаа, ќе сме имале дури еден припремен натпревар, и тоа со Саудиска Арабија. Исто, подготовките ќе почнале три дена покасно од предвиденото... а може и дополнително повеќе да се одложи. :eek:

Нема шо да се каже бе, тука се глеа пристапот кон репрезентацијата и од страна на федерацијата и од страна на играчите! Брука! :facepalm:

Споредете го ова со кошаркарите на пример, таму имаа изготвено план за подготовки уште пред 3 месеци од ЕП/Квалификациите за ОИ. Во РФМ штурци пеат... :tapp:
 
лол, сеа на Алфа ко што кажаа, ќе сме имале дури еден припремен натпревар, и тоа со Саудиска Арабија. Исто, подготовките ќе почнале три дена покасно од предвиденото... а може и дополнително повеќе да се одложи. :eek:

Нема шо да се каже бе, тука се глеа пристапот кон репрезентацијата и од страна на федерацијата и од страна на играчите! Брука! :facepalm:

Споредете го ова со кошаркарите на пример, таму имаа изготвено план за подготовки уште пред 3 месеци од ЕП/Квалификациите за ОИ. Во РФМ штурци пеат... :tapp:
Што ако имаа план кошаркарите кога најбитните играчи се приклучија недела дена пред почетокот на турнирот за ОИ.
 
Мислам дека е време Ангелов и Алушевски да останат дома и да им дадат шанса на помладите.
Е сега според мене Борко е дефинитивно избор за прв голман, а за втор дали да се даде шанса на Митревски кој е помлад и треба во иднина да го замени Борко или да се земе Даскаловски кој пак според пишувањата е во супер форма е многу тешко прашање.
 
Што ако имаа план кошаркарите кога најбитните играчи се приклучија недела дена пред почетокот на турнирот за ОИ.

И демек затоа отпаднавме? :D

Убаво им беше смислено тоа, првично со „непроверени“ сили и шанса на младите, борба меѓу нив за во финалниот ростер и потоа со главните играчи. Само Перо беше тој што беше слободен, но не се приклучи порано. Бо имаше настапи, Гече и Владо повреди.

Не е темава за тоа сеа, но каде-каде кошаркарската репрезентација е поорганизирана од ракометната.
 
Aбе, а за Стојановиќ шо прајме? :)
Овој игра некаде?Многу често го гледам у city mall..да не нема клуб моментално?
Жално за Пецаковски,страшен играч можеше да стане,вардарциве сигурно памтат коа им даде 10 гола на Кил пред неколку години.:)
 
Овој игра некаде?Многу често го гледам у city mall..да не нема клуб моментално?
Жално за Пецаковски,страшен играч можеше да стане,вардарциве сигурно памтат коа им даде 10 гола на Кил пред неколку години.:)
Во Турско првенство, некој клуб, ама прочитав дека ќе го менува клубот, не бил задоволен.
 
Абе Пецаковски се вратил форма или е повикан ради реда? Гледам и Арнаудовски и Кузмановски и Куковски се повикани на припреми.:cautious:. Ама по се изгледа пак ќе ги гледаме Ангеловски ,престапот,здебелениот Мите Стоилов и патарушката Филип Лазаров во тимот што ке отпатува на светско.
--- надополнето: 11 декември 2012 во 23:20 ---
дома да се врати некој ден..кај шо припаѓа :D
а овај Арнаудовски кој е? прв пат слушам
http://www.handball.de/artikel/risto-arnaudovski-verstaerkt-tus-n-luebbecke-1343303246.html
http://www.tus-n-luebbecke.de/category/tus-team/spieler-portraits/risto-arnaudovski/

 
нормално, после па на крајот ќе си останат тие стандардните шо играа за европското.
 
Мојот избор би бил:

голмани: Ристовски, Митревски, (оцена од 1-5 на голманската позиција:3)

Борко е во лоша форма или ајде во пад на формата. Делумно, на натпреварите на кои сум го гледал оваа сезона, лошото бранење не беше според мене исклучиво негова вина бидејќи одбраната на Гумерсбах е тотално издишана. Просекот за минативе 15 кола му е 7,07 според официјалната статистика на ХБЛ, но ако се одземат натпреварите на кои не играл просекот реален му е 9 одбрани по натпревар, што секако е просечно.
Митревски го избрав пред Даскаловски бидејќи лично не сум го гледал вториов како брани, но читам тука и на други форуми добри критики за него. Ангелов аут.

леви крила: Манасков, Ојлески (оцена на позицијата:3)

Овој избор верувам дека сите би го направиле, така да нема што да се коментира. Фантастичен напредок на Манасков летово и добри игри оваа сезона, доволни за прва постава. Кој и да биде втор не верувам дека ќе има забележителна минутажа. Не гледам зошто не би бил тоа Ојлески. Дечкото има квалитети и му треба шанса да се покаже, шанса која патем требаше порано да му биде дадена. Алушовски аут (до толку да се биде без усул!!!)

десни крила: Георгиевски, Темелков (оцена на позицијата:2)

Искрено ме изненади зошто не е Јовчевски повикан на поширокиов список. Дечкото доби шанса оваа сезона во Вардар како првотимец и според мене добро ја користи. Постабилен е на пример од Георгиевски, подобро игра одбрана од него, има чувство за шут од лошо изградени позиции, нема лоша реализација (иако за крила, да бидеме искрени сите наши крила имаат лоша релаизација). Како и да е, Георгиевски пред се заради партиите за Металург во ЛШ, би го ставил како прв избор, а Темелков како втор, врз никаква основа, врз игрите од порано. Не сум го гледал на натпревар долго време. Она што го видовме од него во квалификациите беше очајно и ако така мисли или подобро кажано ако толку може да изигра подобро да не биде повикан. З. Мојсоски АУТ (треба стварно да се биде откачен сеуште овој да се доведува во ситуација да биде ИН. )

лев бек: Ангеловски, Ф.Лазаров, Јоноски, В.Маркоски (оцена на позицијата: напад 2, одбрана 3)

Најболна точка во репрезентацијата ми се чини дека ни е токму оваа. Не само што на сите противници им е јасно дека опасноста во напад доаѓа од десниот бек (тоа не е ништо ново), туку јасно им е и дека левиот бек нема потенцијал воопшто ништо да направи. Ангеловски и Ф.Лазаров ги избрав само затоа што за жал, немаме други можности. Од повиканите Арнаудовски има многу полош процент од овие двајца и во минативе 15 кола во ХБЛ има изиграно само 5 натпревари и постигнато 7 гола. Делумно тоа се должи и на повредата, некаде на почетокот на сезонава, заради што паузираше некој месец дена, а делумно и заради тоа што беше донесен во Lübbecke за да игра одбрана (така беше кажано од страна на Халепо на промоцијата). Од она што го видов на еден натпревар од него, можам да кажам дека е само бледа сенка на оној Арнаудовски од Босна. Од друга страна Ангеловски последниов месец игра одлично за свои можности во ЛШ, а според извештаите не му оди лошо ниту во лигата. На последниве 3 натпревари во ЛШ има 12 гола со солиден процент на реализација. Филип е тоа што е. Во Вардар не игра така лошо како во репрезентација, дотолку што има и супер партии. Се надевам дека еднаш веќе му тргне и на репрезентативо ниво. Барем и во еден меч. Пецаковски исто така го немам скоро гледано (тоа е со години веќе), а од она што го имам видено од него последно, не ми изгледа дека е на ниво на двајцава што ги избрав (кое секако не е никакво ниво). Во одбрана стандардна промена со бекови, Јоноски и Марковски како столбови.
Р. Арнаудовски и Д.Пецаковски аут.

централен бек: Мојсовски, Миркуловски, Кузмановски (оцена на позицијата:3)

Ако од лев бек не може да се очекуваат голови, за среќа повеќе може да се очекува од централен. За Мојсовски и Миркуловски нема потреба да се говори, се работи за добри играчи. Кузмановски би го избрал пред се затоа што знае да шутне од девет или измеѓу, па во случај на шест-нула одбрана со Мојсовски на лев бек, би имале и центар кој шутира, и кој цели на гол кога гледа дека нема можност за игра со другите, а не само да се направи фаул над него и да се почне одново истата приказна. Не е нешто посебно и добрите игри во романска лига му се должат на тоа што противниците му се такви какви што се, но не е лошо да се има за опција во напад.

десен бек: КИРИЛ ЛАЗАРОВ, Мајнов (оцена на позицијата:5)

Иако последниов месец не игра баш во топ форма се надевам дека до јануари се ќе се среди и ќе продолжи да игра онака како што го знаеме. Сето внимание на сите противници во сите натпревари ќе биде вперено кон него, така да не очекувам ништо слично од типот на 92 гола, но очекувам солидна претстава во секој меч. Мајнов покрај него само за да се има опција во напад кога треба да се одмори. Митков и Левов аут.

пивот: С.Стоилов, Димовски (оцена на позицијата:5)

Позицијата од која имаме најдобра реализација и на која играат недоволно признаени играчи. Според мене Стоилов (особено) и Димовски се едни од најдобрите светски пивоти, барем кога се работи за напад.Очекувам многу акции и уигрувања да одат преку нив, и истоврмено да изиграат клучна улога без топка во овозможувањето на шут од надвор. Н.Марковски аут (барем за Шпанија)

Од овие 17 еден ќе мора да се изостава секој натпревар бидејѓи се пријавуваат по 16. Кој би бил тој зависи од тактиката, која се надевам дека ќе се направи пред првенствово. А особено ќе се увежба игра без десен бек.

Голем успех би било ако се пласираме во осумте најдобри, иако реално не очекувам да минеме понатаму од 1/8 финале. Ако бидеме 4 ти во група никако нема да одиме понатаму (треба да се случи чудо), како 3ти би играле со Црна Гора најверојатно (што е добра шанса), а како втори најверојатно со Германија (што исто не е лошо, но имаме лоша традиција). Вкрстувањата во евентуално 1/4 финале се неповолни ако бидеме 3ти, а особено поволни ако бидеме 2ри. Но тоа е далечна шпекулација.
Моја прогноза 10 место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom