Бизнис со сирење од магарешко млеко

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска во ВЕСТ читав дека целото сирење произведено во србија околу 800 кг. го откупил Новак Џокович за неговите ресторани низ Србија.
Демек немало веќе да се купи...:)
Па па, за 800 кг. платил 800 000 илјади евра , а замисли колку ќе заработи од него кога ќе го продава како специјалитет по рестораните. Можам да кажам само една работа, алал му вера на тој што му текнало да ја основа фармата - чиста пара. Балкански мозок е тоа.
 
Многу ми е смешна темава со молзење магарици:pos:
Извинете уште се смеам. Луки ајде дај состав за молзење магарици.
 
Многу ми е смешна темава со молзење магарици:pos:
Извинете уште се смеам. Луки ајде дај состав за молзење магарици.
Muabetov e, sme razbrale za nekoja egzoticha profesija, pa ajde biznis kje pravime. Toa lugje kozi i kravi ne sakaat da chuvaat, pa kamo li magarici.
 
Muabetov e, sme razbrale za nekoja egzoticha profesija, pa ajde biznis kje pravime. Toa lugje kozi i kravi ne sakaat da chuvaat, pa kamo li magarici.
Знам затоа ми е уште посмешно. Ајде и црвци ќе чуваме јапонците ги мезат:icon_lol:
 
Додека вие се смеете, некој зима убава пара...
Земај и ти што чекаш, десет магарици во двор и молзи три пати на ден рачно.
Се смеам само за магариците, а бизнисот ако бил убав досега сите магарици ќе чувале. Чиста логика.
 
Земај и ти што чекаш, десет магарици во двор и молзи три пати на ден рачно.
Се смеам само за магариците, а бизнисот ако бил убав досега сите магарици ќе чувале. Чиста логика.

Нема ништо смешно и тоа е животно, ќе ти кажам дека коњското месо е најубаво и највкусно месо ама ти пак ќе паѓаш од стол од смеење. Иначе не е така едноставно, се си има своја цака, мислиш дека лесно се прави сирење кое што ќе се продаа по 1.000 евра, како прво треба добра инвестиција, како второ треба да го научиш занаетот, а цаката за производство на вакво сирење нема никој да ти ја каже, не е глуп некој да ти дава нешто кое што е доста исплатливо.
 
Па па, за 800 кг. платил 800 000 илјади евра , а замисли колку ќе заработи од него кога ќе го продава како специјалитет по рестораните. Можам да кажам само една работа, алал му вера на тој што му текнало да ја основа фармата - чиста пара. Балкански мозок е тоа.
Купи напрај ама после ке рикаш ко магарица :D
 
Прибидејќи сам спомнан у темата како самонаречен експерт по земјоделие и сточарство, у него спаѓат и експертиза на магаренца, магарици, прлалци и други домашни животни шо имат виме, и по еден или друг начин Луки го е пофанал/пробал/успејал за ги измузе, па ај да напишам нешто и за милите животинки, магаренцата.:D

Од стари човеци маабет е останано у кој двор рика магаре и врека коза, знај оти там има сиромаштија/бедотија. Ама оваа теза за сиренцето е интересна, особено дека нииното сиренце е скапо. Исто малку познато е дека месото од прле е покревко од телешко, ного вкусно, и сочно... Ама повеќето човеци ги е гнас да јадат такво месо...
Значи Николче сака да знаа как се гледат магаренца, колку коштат, колку јадат, как се музат, как се тимарат, и каков и е табието.
Каков табиет имат магаренцата?
Симпатични животинки, а особено прленцата. Кадифени, со игриви очички, нон стоп рипат, фрчат чифтенца на сите страни, ного сакат да се милуват, игриви и мили.. Ногу мили, ама после се измелезуват и стануват прлаци и магариина...
Магариината, а особено магариците са неверојатно инатливи животинки. Некој ќе рече клише, друг ќе рече не е точно. За среќа или несреќа, јас сам си имал работа со такво ѕверче, и си е чист инат. На дрвен мост не газе, од најлони го е страх, ќотек не поднесува, апат како ненормални и ја немат почитта кон газдата как шо ја има еден којн. Заради тај инат и смотан табиет, ного е поопасно да паднеш од магаре, отколко од којн... Од магаре ако паднеш ќе скршеш или рака или нога, и ќе изедеш некое чифте бонус, оти се исчанчуват ного лошо, коа паѓаш и никак не може да се задржеш. Прлаците са големи мераклии за секс. Секојпат коа видат магарица, рикат ненормално. И затава требе да се држат пооделно, оти нон стоп ќе рипа на некоја магарица ако има слободен пристап до них. Не за џабе сурлата и е пуштена 70% од времето. Луки Сениор (тате) ми објасни дека ако сакаш да си прааш мајтап со них, зимаш грес мас, убаво и го намачкуваш газо со грес мас да не може да го стегат коа рикат... И слушаш само како ваде воздух низ устата, не може кувето да си собере за да рикне еднаш.... Колку сеир е паѓало на стрништата летно време, намачкај го одзат, и гледај како фуче, не може да се удвара на ниедна магарица....:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
За колку, и од дека може да ги купеш?
Како животинки са релативно евтинки за купувајне, може да најдеш и за 100 евра а може и за 200 евра.. и 250, ако е некое крупно, уранено и има снага за влечејне... У глобала за 150 евра може да се земе добра магарица. И да имаш неколку магарици, мора да имаш и прлак, за да ги опнува од време на време. Иначе, ништо не бива од работата. Они са ного популарни меѓу Ромите и посиромашните човеци низ селата по Македонија... Ќе се помачеш додека собереш 100тина добри магарици/мараиина, ама може да почнеш со помалко и да ги расплодуваш лека по лека, ама за тава требе време, пари, енергија, и добар прлак. Побарувачката е некаде средна, ни се терат ного, ни па ќе исчезнат..:)

Колку и како јадат?
Магарето јаде ного работи.. Обожава трјна, и треви со боцки и трјне.. Ама тава не значи оти требе само со трјна да го ранеш. Ако имаш сенце, јонџенце, и стиска/две зоб на ден, тава ќе е најсреќното магаре на свето (обично ги ранат со чиста слама/евентуално сено)... Ако го ранеш добро, крзното ќе му свете на сонцето и ќе му е мазно како на кадифе. Не јадат ногу, економични са, ама ако сакаш да са здрави и силни требе да ги потхрануваш повечко... Значи да си има сенце/јонџенце/сламичка да си ропка преку дено, или да е пуштено слободно на испаша, вечерта мора да го напоеш со вода, и да му дадеш да се назоба малку житце/ечменче.
Как се тимарат магаренцата?
Како и секоја друга животинка, магаренцето сака да си се истрчува, да се движе. Особено ако го ранеш убаво, и го зобаш, мораш да го оставаш да се истрчува. Иначе собира ного енергија и станува насилно. Редовно го чешлаш, и по потреба викаш ветеринар да го вакцинира, и гледаш да не го фате шугата, оти ем ќе се окубе целото, ќе се измитаре, ем ќе се чеша нон стоп, и нема да сака да јаде... Обожават да се валат у земја/стрниште, па убаво е да се пуштат од време на време да си праат ќефо.

Как се музат магариците?
Е тук е малко зафркнано. Магариците имат мало виме. Не го растат/пуштат как шо го пуштат крави/кози/офци. Дават млеко колку стара офца/коза, и требе барем 3 пати на ден да се музат. Имат релативно ретко млеко (ниска масленост), и не дават да ги пофаќаш по вимето. Ного клоцат и маат чифте ако пробуваш там да ги пофаќаш.... И за магарицата да дава млеко, мора да има прленце маленко околу неа. Ако не ништо не бива, суа како барут е, само ќе теглеш по боските...
Требе ного леко, и питомо да пофаќаш, иначе ќе си го добиеш. Машина не вреде да се уклучува за толко малко млеко, оти повеќе време ќе утепаш додека закачеш штипките, отколку шо млеко ќе намузеш..
Луки Сениор како голем заебант, сеирџија, и подбуцнувач ми покажа еднаш как се музат магарици.. За среќа, детенцето шо проба, магарицата го закачи малку, не го погоди арно... Значи сееме тутун на една нива, и комшиите имат една магарица, ама пресно опрлена и оште ного лимон табетлија и нервозна... И Луки Сениор, ни пет ни шест, кажува му на комшиското дете да проба да измузе магарицата (Детто се вика Ѓоше)... И му вика, Ѓоше ти музал ли си магарица? И овај да се искурче вика музал сам бе.. Луки Сениор му вика, нема шанси.... Од там мајка му на Ѓошето, заинтересирана и му вика, Абе Ѓоше ти кога муза магарицата? Овај вика, де мури шо тее гајле, кога сам музал тогај. Саа ќе видете как се музе магарица, и ни пет ни шес зема тенџерето шо се меша кал у него, истури калта на земјата и запна да музе магарицата за да покаже оти може... И как шо се наведна таков силен, потегли за вимето, и коа се разрипа таа пуста магарица, чифте за чифте, чифте за чифте. Рипај, ритај, рипај ритај… Ѓошето едвај извади жива глава... И до ден денеска го заебават за тава музејне.... Мислам оти оште има белези дека шо го поткачи...:D

Ако сам испуштил нешто, слободно пишејте, ќе дообјаснам.
 
Нема ништо смешно и тоа е животно, ќе ти кажам дека коњското месо е најубаво и највкусно месо ама ти пак ќе паѓаш од стол од смеење. Иначе не е така едноставно, се си има своја цака, мислиш дека лесно се прави сирење кое што ќе се продаа по 1.000 евра, како прво треба добра инвестиција, како второ треба да го научиш занаетот, а цаката за производство на вакво сирење нема никој да ти ја каже, не е глуп некој да ти дава нешто кое што е доста исплатливо.
И кој ќе ти ја каже цаката, велиш ние македонците сме глупи шо не молземе магарици, еве кој ќе ти ја каже цаката за магарешко сирење? Има некој таков будала, можеби лион ја знае техниката на молзење?
И јас мислам дека кока кола е исплатлив бизнис, оди напрај ја иста :)
 
И кој ќе ти ја каже цаката, велиш ние македонците сме глупи шо не молземе магарици, еве кој ќе ти ја каже цаката за магарешко сирење? Има некој таков будала, можеби лион ја знае техниката на молзење?
И јас мислам дека кока кола е исплатлив бизнис, оди напрај ја иста :)

Оф леле, ти самата горе рече "земи 10 магарици и молзи ги во двор, ако бил исплатлив бизнисот сите ќе го прават", тоа е и финтата, и да сакаат неможат да го прават бидејќи нема кој да ти го каже, но ако сакаш можеш да го научиш, со истражување и со пракса, но кој ќе се нафати на тоа, ние сакаме се на готово на тацна да ни го дадат, нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom