Да ти кажам искрено не можам да зборувам од аспект на некој што вежба редовно, така да најповеќе од енергијата ја трошам на обични дневни задачи (студент, што да се прави). Одев и во теретана неколку месеци и немав проблем. Моето лично искуство вели дека спијам повеќе од порано, но не сум сигурен дали ова има некаква врска со исхраната. Не бев некој голем мераклија по месо и порано, претежно конзумирав салами од месни производи па така промената не беше воопшто тешка. Најпрво јадев риба 1 месец, а потоа ја отфрлив и неа па ете вака возам 3 години веќе. Многу потешка е промената кон веган и ова не би го препорачал на некој што јаде се' во моментов бидејќи е многу голема промена и е тешко остварлива преку ноќ. Заборави на скоро се што може да се купи во продавница, посебно во државава. Претежно јадам зеленчук и овошје во моментов, паста без јајца и емулгатори, соини продукти (најмногу млеко). Во странство одев често во продавница за вегани, овде такво нешто во мојот град нема. За ефектите допрва треба да видам какви ќе бидат бидејќи вака се хранам само 1 месец, што е малку време за анализа.