Дедо Мраз

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
хаха јас ги ставав на стрела и демек она огномет ко лета :pos:
од една страна убаво било , а од друга ко ќе видиш си легнуеш у 10 часот ни нова година ни ништо :D
Ех времиња , тогаш барем имавме пакетче , жижици , имаше , сега е мачно :( .Инаку не знам дали имавте една кутија куќа од Штрумфови со бонбони внатре , уште ја имам :D
 
‘‘Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз‘‘ - а ти како од пушка ‘‘пакетче‘‘ :pipi:
А во тоа кутро пакетче 1-2 чоколади од Европа, 1-2 наполитанки од Краш, 1-2 сокчиња со цевка и толку :pos:
После 31 декември, 3 дена со ред на МТВ1 гледавме поздрави и честитки од поголемите претпријатија :свиркам:
 
А за учителката обавезно честитка со свирење (демек така треба ) и Ви со голема буква:icon_lol:

:pos:даа знам , ние во школо цртавме на прозорите со темперни дедомразовци , снешковци , снегулки :LOL: и секогас ден пред нова година праевме забава со еден еклер и сокче :pos:а да и лотарија имаше
 
а ти дома, 3-4-5 дена пред нова пишуваш честитки на сите што ги знаеш а богами и незнаеш хахахах. до тебе баба или дедо, ти пишуваш ли пишуваш, додека рака не те здоболи. еееее, се сеќавам кога прв пат ми дозволија да славам со другарчињата ........ кај една другарка сите собрани. леле леле, мераци, сами, ко големи сме и до касно, до дури 2-3 саат останавме. незаборавно. уште и 'ајмо у планине' беше хит тогаш
 
‘‘Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз‘‘ - а ти како од пушка ‘‘пакетче‘‘ :pipi:
А во тоа кутро пакетче 1-2 чоколади од Европа, 1-2 наполитанки од Краш, 1-2 сокчиња со цевка и толку :pos:
После 31 декември, 3 дена со ред на МТВ1 гледавме поздрави и честитки од поголемите претпријатија :свиркам:
Стриктно на МТВ1 :D Блага Петреска , Сузана , Мирко Митревски беа главни фаци на ТВ :LOL:
 
Имаше знам и наполитанки ставаа со лимон едни никакви од европа пппппппп :place: абе кој бил мал во осумдесетите знае како било сиромаштија ко северна Кореа бевме :D
А , осумдесетите ги спомна,па мојте деца беа тогаш мали и се радуваа на пакетчиња (најчесто дадени од фабриката)
А за наполитанките имаш право,ич не сум ги сакал.0-нула
А сега мојте внуци се и мали а има и големи дечки.
А ние деца ,наше-мое време се радувавме на едни чоколадца со Шекуларац и Бобек, беа прозирни тенки,тврди,стаклени,но и тие ретко,најчесто леблебија и шарени бело-црвено,шеќерни бонбони и тоа ако ти подадат од масата постарите,сами не сме смееле да земаме-култура.
 
јасно ти е како ни било, ..... пошто си имал дечиња тогаш. па во оние подобрите пакетчиња имаше и по некое животинско царство. хахахааххха, цел го имав собрано да се пофалам :)
 
јасно ти е како ни било, ..... пошто си имал дечиња тогаш. па во оние подобрите пакетчиња имаше и по некое животинско царство. хахахааххха, цел го имав собрано да се пофалам :)
Јас цел албум го собрав и ми дадоа подарок пакет кондиторски производи :vozbud:
 
Секоја година во градинка имавме Новогодишна програма, па на приредбата доаѓаат баби, дедовци, вујни, стрини и на крај доаѓа дедо Мраз и на сите дечиња ни делеше пакетчиња.
Еххх таква една Нова Година, на една таква приредба Дедо Мраз задоцни, наставничката не тераше да пееме некои глупави песни, ама кому му беше до песните, сите со главите свртени кон вратата го чекавме да дојде Дедо Мраз. Конечно дојде долго очекуваниот момент, пристигна Дедо Мраз.
Сите во колона по двајца, фатени за рачиња чекавме да дојде нашиот ред да добиеме пакетче, ни на сон неможев да замислам дека славниот Дедо Мраз ти бил нашиот служител (домаќин) Спасе (инаку мој комшија), :(. Веднаш ми се сруши сонот, чичкото за кој верував дека постои, не бил никој друг туку мојот комшија, па со тешко срце го грабнав пакетчето и со солзи во очите истрчав право кај татко ми.
После тој момент уште долго, долго моите ме убедуваа дека всушност Дедо Мраз задоцнил, па чичко Спасе морал да го замени :icon_mrgr:
 
А , осумдесетите ги спомна,па мојте деца беа тогаш мали и се радуваа на пакетчиња (најчесто дадени од фабриката)
А за наполитанките имаш право,ич не сум ги сакал.0-нула
А сега мојте внуци се и мали а има и големи дечки.
А ние деца ,наше-мое време се радувавме на едни чоколадца со Шекуларац и Бобек, беа прозирни тенки,тврди,стаклени,но и тие ретко,најчесто леблебија и шарени бело-црвено,шеќерни бонбони и тоа ако ти подадат од масата постарите,сами не сме смееле да земаме-култура.
Да чичко Анчо култура имало тогаш и патријархат се знаело кој каде му е местото :)
епа јас сум тука некаде колку твоите деца :D и знам дека еднаш ме однесе таткоми на работа за Н.Г да ми даде дедо мраз пакетче , таа година ми е незаборавна ја имам и овековечено на слика , дента сум земал ножици и напред косата у полукруг сум ја истрижал сам хахах , ама тоа е пуста радост мораше да идам да земам пакетчето и да се сликам со дедомразот :D
 
Мене не ми беше толку важен дедо мраз колку што ми беа чоколадите од краш и од европа :LOL: а и тие едни чоколатца ко златници ...
леле - стварно кај ти текна на тие златниците-(y)
а ги има ли сеуште ? или...(не сум у тек:pos:)
Мене тие златниците ми личеа и на еден друг производ што се продаваше по трафиките „Рис-Риз“- а ние мали маалски копиљи не знаевме што има внатре,па поголемине маалски фраери ќе не пратеа да им купиме.Некаде околу земјотресението во Скопје,тоа време.
Инаку овие од Краш златници беа ефтини,и сум ги купувал баш заради тоа,но со заби не се кршева,
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom