Авторски права за музика на свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Marvin
  • Време на започнување Време на започнување
Не шири дезинформации :icon_mrgr:
Поседувал, непоседувал (јал, нејал) не е битно.
Пред секоја веселба музичарите СЕ ДОЛЖНИ да го пријават настанот во ЗАМП и спрема бројот на гостите, спрема категоризацијата на објектот се одредува сумата.
Па ти ако сакаш и Тина Тарнер викни ја на свадба да ти пее, има да си платиш брееее :свиркам:
ЗАМП не го интересира кој ќе ти пее и што ќе ти пее, за нив е важно да им се полни сметката:tapp:
Само живо ме интересира кој ‘‘талент‘‘ го смислил тарифников, очигледно е некој ‘‘гениј‘‘
Знам за тоа дека нив ги интересира само сумата, ама има ли начин како ова некаде да се оспори, да падне на уставен, правно да се гонат или слично
 
тешко...законот е веќе донесен...
 
Знам за тоа дека нив ги интересира само сумата, ама има ли начин како ова некаде да се оспори, да падне на уставен, правно да се гонат или слично

Постои закон за авторски права, фино лепо донесен, изгласан во Собранието на Р.Македонија, кој може да се оспорува и за него да расправа Уставен суд. Но во тој закон НИКАДЕ не се наведени глупостиве.
Она што боде во очи е тоа што овој тарифник НЕ Е ни закон, а штом не е закон логично е дека не ни мора да се почитува.
Таму некое си ЗДРУЖЕНИЕ ЗАМП (здружение за заштита на авторски права) немајќи од каде да си ја полни сметката му текнало еден ден да си се соберат и да си наштампаат еден тарифник (онака од око) и ајде сега ќе наплаќаме.
Она што се случува, одиш во ресторант да си закажеш свадба и таму одговорниот ти вели дека ти МОРА да платиш за авторските права, без при тоа да ти приложи документ, со кој ќе ти се докаже дека ти си ДОЛЖЕН да платиш и дека таа обврска МОРА да ја платиш, па ти цел во еуфорија (се женам, ејј) трошиш толку пари, па сега кога ќе дојде за 200 евра ќе си речеш ‘‘Е па ајде, ќе платам‘‘, немаш време за да бркаш правни работи и никому ништо ЗАМП од ништо си ја полни сметката :icon_mrgr:
И кога видоа дека ЗАМП наплаќа од ништо, се појавува второ здружение ММЕ (или како се претставуваат веќе), па нив им текна и да се прошири наплата, за и тие да си лапнат дел од колачот наречен авторски права.
 
A ако на свадба се пејат само народни песни (на кој авторот им е непознат) дали и тогаш се плаќа авторски права, еве нек дојде инспектор, ќе му се дае и јадење и пиење и нек забележи секоја отпеана песна, и нека провери дека за тие се водат како народни песни, песни на кој не им е познат авторот. Пошто народот на свадба пее и свири народни песни (значи свои сопствени) не гледам како би наплатиле авторски права од тој случај. Исто како на каролина Гочева да и наплаќаат за пеење на нејзини песни на концерт.
 
Инаку доколку се оди според логиката на тарифников на ЗАМП (цената се одредува според тоа колку луѓе се присутни), Аце наш (воинствен) треба да си го продаде Букефал :pos:
 
A ако на свадба се пејат само народни песни (на кој авторот им е непознат) дали и тогаш се плаќа авторски права, еве нек дојде инспектор, ќе му се дае и јадење и пиење и нек забележи секоја отпеана песна, и нека провери дека за тие се водат како народни песни, песни на кој не им е познат авторот. Пошто народот на свадба пее и свири народни песни (значи свои сопствени) не гледам како би наплатиле авторски права од тој случај. Исто како на каролина Гочева да и наплаќаат за пеење на нејзини песни на концерт.
Инспектор да дојде ама и подарок да донесе за младите, во висина двојно поголема од тарифата за авторски права.
Пак ќе напишам, кај мене свиреше музичар кој сам е автор и интерпретатор, си ги свиреше неговите песни, му платив на рака, што има да плаќам на некој друг.

едит: Дали се актуелизира ова пред изборите, период кога се организираат забави, концерти па и на самите митинзи партиите повикуваат пеачи да пеат, па кога некој ќе рече на митингот имав 150 000 граѓани присутни да плати 7 000 000 € за авторски права :D
 
Постои закон за авторски права, фино лепо донесен, изгласан во Собранието на Р.Македонија, кој може да се оспорува и за него да расправа Уставен суд. Но во тој закон НИКАДЕ не се наведени глупостиве.
Она што боде во очи е тоа што овој тарифник НЕ Е ни закон, а штом не е закон логично е дека не ни мора да се почитува.
Таму некое си ЗДРУЖЕНИЕ ЗАМП (здружение за заштита на авторски права) немајќи од каде да си ја полни сметката му текнало еден ден да си се соберат и да си наштампаат еден тарифник (онака од око) и ајде сега ќе наплаќаме.
Она што се случува, одиш во ресторант да си закажеш свадба и таму одговорниот ти вели дека ти МОРА да платиш за авторските права, без при тоа да ти приложи документ, со кој ќе ти се докаже дека ти си ДОЛЖЕН да платиш и дека таа обврска МОРА да ја платиш, па ти цел во еуфорија (се женам, ејј) трошиш толку пари, па сега кога ќе дојде за 200 евра ќе си речеш ‘‘Е па ајде, ќе платам‘‘, немаш време за да бркаш правни работи и никому ништо ЗАМП од ништо си ја полни сметката :icon_mrgr:
И кога видоа дека ЗАМП наплаќа од ништо, се појавува второ здружение ММЕ (или како се претставуваат веќе), па нив им текна и да се прошири наплата, за и тие да си лапнат дел од колачот наречен авторски права.
Да има статут во кој ги штитат правата на авторите за јавно изведување на нивните авторски песни. Е сега, свадба е приватна забава, бидејќи никој неканет не оди на свадба и плус ако избереш песни што немаат автор или авторските права се истечени, тогаш никому ништо. Плус нели има закон во кој убаво вели дека ако нема фискална, нема потреба од плаќање.
Мислам дека треба некој свадба треба да прави некој скржав правник, па тек тогаш ќе се реши ситуацијата.
 
Слично му се случи на братучет ми. Покрај тоа што платил за бендот кој му свиреше на свадба, му дојде писмо од ЗАМП дека треба да плати авторски права и на нив. Сега се тужи со ЗАМП.
Знаев јас дека ќе дојдат вакви времиња,затоа си правев свадба додека Тито беше жив,тој што ќе рече беше закон.
Прави Анчо свадба и пушти све што сакаш-браство и единство-демек,за 100 стари Д.М. темно плави оние со големата капа цел ден ќе ти свират,по невеста,по кумот,во црква,во матично,во шатор или ресторан па дури и испраќање на сватовите.А не како сега седнале на чело,звучки како шивоњери од 48 г. и дај им ливче,една песна 300-500 денари а се им е претходно платено за свирењето.А после и плус Замп.
 
Не ми се верува во што се претворивме :facepalm:
 
Гледам некој луѓе се жалат за авторските права а никој не се жали кога оди во продавница или кога плаќа на бензинска?
Се навикнаа луѓето бесплатно да лушаат музика епа сега ако не сакаат да слушаат музика нека не плаќаат и нека не се жалат. Пример не треба некој бенд на свадба да ја свири пр.не кани ме“ оти за таа песна некој се мачел и губел време и доколку некој свири туѓи песни треба да се плати и тој што сака да ги слуша тие песни. Музичарите во мкд едвај кубурат со пари бидејки не се почитуваат авторските права и би требало да се регулира таа ообласт. .После немало квалитетна музика епа ќе нема бидејки нема ќар од неа...На запад дури и внуци живеаат од некоја нумера која станала полуларна а автор бил нивниот предок. Сега стандардот е друг кај нас но во секој случај треба да се направи нешто да се заштитат авторите.
 
И што велиш од ЗАМП ќе им праќаат пари на внуците на пример на Бетовен, а...
Seems legit to me.
 
Гледам некој луѓе се жалат за авторските права а никој не се жали кога оди во продавница или кога плаќа на бензинска?
Се навикнаа луѓето бесплатно да лушаат музика епа сега ако не сакаат да слушаат музика нека не плаќаат и нека не се жалат. Пример не треба некој бенд на свадба да ја свири пр.не кани ме“ оти за таа песна некој се мачел и губел време и доколку некој свири туѓи песни треба да се плати и тој што сака да ги слуша тие песни. Музичарите во мкд едвај кубурат со пари бидејки не се почитуваат авторските права и би требало да се регулира таа ообласт. .После немало квалитетна музика епа ќе нема бидејки нема ќар од неа...На запад дури и внуци живеаат од некоја нумера која станала полуларна а автор бил нивниот предок. Сега стандардот е друг кај нас но во секој случај треба да се направи нешто да се заштитат авторите.
Ти мислиш им се пуштаат пари на музичарите, Ма немој да ме ...
Многу лесно тие од ЗАМП може да направат економска далавера т.е да прикажат дека се во загуба и нема пари за музичарите. Има многу такви примери, во Холивуд, на пример Star Wars, филмот е во загуба, па така актерите што на процент од заработката им се испраќа писмо со жалење дека филмот направил загуба.
А крај, краева свадба е приватна забава исто како дома да ти дојдат и да ти наплатат зошто си пуштил музика од CD и слушаш заедно со другарите.
 
A ако на свадба се пејат само народни песни (на кој авторот им е непознат) дали и тогаш се плаќа авторски права, еве нек дојде инспектор, ќе му се дае и јадење и пиење и нек забележи секоја отпеана песна, и нека провери дека за тие се водат како народни песни, песни на кој не им е познат авторот. Пошто народот на свадба пее и свири народни песни (значи свои сопствени) не гледам како би наплатиле авторски права од тој случај. Исто како на каролина Гочева да и наплаќаат за пеење на нејзини песни на концерт.
Културно наследство на Македонија и плаќаш поради заштита на истото :)

Проблемот е тоа што групата треба да си подмирува со ЗАМП место славениците. Исто ко да треба на кафаната да му купиш намирниците за да го напрат јадењето
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom