Живот под отворено небо на + 40 без вода, струја и храна

Статус
Затворена за нови мислења.
Македонците порано до пред 50/100 год. клепале по минимум 5/6 деца ............. но зашто тогаш тоа било така .......... такво било времето, такви биле сфаќањата и потребите секако, бидејќи тогаш сите имале ниви, стока... значи биле потребни што е можно повеќе машки раце за да ја работат таа работа ........ и затоа сите правеле по 5/6/7 деца ... воглавном за работа ............... но денеска на никого не му се потребни по неколку деца, бидејќи веќе никој нема ниви, стока... сите живеат во куќи/станови, сите имаат паркчиња пред куќа, сите имаат автомобили, мобилки, интернет, нормална работа(не земјоделство и сточарство секако) и затоа денеска сосема доволно е/се 1-2 дете/деца, никако повеќе(зборам значи за урбани средини) ............ е сега кој им е крив на овие луѓе што немаат појма од живот, имаат некоја фаљинка у мозок и во 21 век клапаат по неколку деца, иако немаат ама баш никакви најосновни услови за живот, овие лица(родителите) се само за стап, децата не им ги обвинувам .......... но и што може да очекуваме од вакви луѓе кои немаат никакво образование, никаква култура, никаква еманципација, едукација... незнаат што е тоа контрацепција и исто така појма немаат што значи поимот планирање на семејство ........... за среќа ваквите шљам родители се во мал процент(во државава) зборам за Македонци и ич чур не ми куе за ваквите(за среќа мал %) несериозни и неодговорни луѓе (’’родители‘‘) !

Имаше кај мене во комшии една шупа што ја издаваа газдите и се населија таму една фамилија со така психички проблеми со две деца. Таа беше постара од него едно десетина години, ништо не работеа, не дека не можеа туку мрзливи беа. Тој возеше такси, и наместо да вози кога се гужвите, сабота од 8 па натаму, недела, петок, тој тогаш дома дремеше, возеше само од 2 до 5 попладне секој ден. Жена му нервно оболена, цело време се дереше само, урлаше, не работеше а не дека не можеше туку со такво улично понашање ни на стадион не те примаат не па на работно место со цивилизација.
Се иселија што се иселија дека ни шупата не можеа да ја платат, но слушнав дека останала трудна и сакала да роди уште едно дете за да фатела ова трето дете од влада акцијава :tapp: и така пари да добивала, демек нов извор. А не рачунала со мозокот дека тоа трето дете ќе има потреби во животот и тие пари што ќе ги добива месечно ќе не може само за глупости да ги троши.

Поентата ми е дека овие семејства се често составени освен со членови со ниско ниво образование, туку и од членови со ниско ниво на интелект.
 
Лајансите од Лихнидос му помагаат на семејството Митреви да ја преброди зимата
Семејството Митреви чија потресна сторија пред неколку месеци ја објави OhridNews, по згрижувањето од трошната колиба над Велгошти во топлиот дом на чичко Стојан, деновиве го посетија членовите на Лајанс клубот Лихнидос од Охрид. Тие донесоа вредна помош во облека, обувки, брашно, масло и други намирници, која на петчленото семејство ќе му овозможи полесно да ја пoмине зимата. Покрај ова лајансите од Лихнидос на Митреви им подарија тв приемник и машина за перење алишта.

DSC_0277.jpg


DSC_0282.jpg


DSC_0279.jpg


DSC_0281.jpg


DSC_0284.jpg


-Се надеваме дека оваа помош барем малку ќе им го олесни животот на Митреви, кои се наоѓаат во незавидна положба. Во рамки на нашите можности ќе го помагаме ова семејство и во иднина.-истакнаа од ЛК Лихнидос.

DSC_0292.jpg


DSC_0290.jpg


Средствата за донацијата беа обезбедени од интернационалната соработка со лајансите од Рим, во рамки на која неодамна во главниот град на Италија се одржа хуманитарна претстава и концерт на членот на Лихнидос, музичкиот професор Емилија Маринова.

DSC_0283.jpg


Во претстојниот период лајансите од Лихнидос најавија реализација на неколку хуманитарни активности, преку кои ќе им се помага на ранливите категории граѓани.
 
Едно добро дело од мојот сограѓанин филип а можете и вие да помогнете со гласање за Стефан и неговото семејство нормално доколку сакате еве го линкот.
https://apps.facebook.com/najdobrafotografija/detail.php?id=67
Фала на сите однапред. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom