КОј колку е глуп, колку не е глуп, не знам. Секој има глава, нека мисле со неа, не е само за стрижејне таа глава.
Да речеме ајде јас не пробувам да манипулирам. Нема манипулации, нема скриени цели, нема глупости, нема психолошки масажи. Јас сам мистер најс гај... И сам фанал некаква средностатистичка мома. И сега јас ако сам фер, отворен, арен, разбирлив, праведен, внимателен, дали тава доволно ли ќе е да момата да биде истите тија нешта у реципроцитет и у никој случај (ама ни под разно) да почне да ме манипулира (ни од најмала работа, до најголема работа)? Дали нема на крајо да се демонстрира некаква супериорност (оти веќе имате фактичка супериорност у манипулациите), и дали ќе биде таа средностатистичка мома толку доблестна, да не го искористе најопасното супериорно оружје?
Јас мислам оти ќе ме изманипулира до степен да ми иде да се фрлам од зграда, ако ја има таа можност. Сите до сега мои бивши са ја имале, и са ја злоупотребиле. Една дури сакаше да ме раскара и разделе со роденио брат. Денеска она е бивша, а брат ми оште ми е брат.
Генерален одговор не може да се даде. Точно. Ама секоја може да си каже искрено барем нешто. Капка по капка, вирче.. И ако се препоклопуват повеќето дадени нешта со повеќе моми шо пишат тука, некакви правила можат да се извлечат.. Ама за жал, ни толку нема напишано...
Ајде вака да се обидам да објаснам. Вечна љубов каде двајца се сакаат не постои. Тоа да ти биде јасно како бел ден. Второ еднаш се љуби во животот е измислено од некои лигуши кои не се способни да се соочат со себе. И трето кога ќе налеташ на муабет се беше супер 5 години, се сакавме, немаше кавги и она наеднаш ми раскина, залепи му шамар и прати го дома.
Значи овие три работи погоре нека бидат јасни да не се навраќам на секое.
Ќе тргнам само од моето мислење што не значи дека друга девојка го мисли истото како мене, ова е јас како гледам на работите. За да една врска функционира потребно е да има хемија и страст. Значи за бидам со некој треба првенствено јас да ја посакам таа личност. Он може да биде најфин на свет, најубав и најдобар но ништо не значи ако јас не почувствувам дека ме привлекува сексуално. Значи првиот момент ниту е доброќа, ниту пари ниту финоќа, едноставно е. За да останам со таа особа на подолги стази, освен сексуалната привлечност мора да има и други карактеристики се разбира нели. Прво што мене ми паѓа во очи е неговата моментална состојба и амбициозност, што е и што сака да направи од себе во животот за да видам дали смена иста фрекфенција или не сме. Бидејќи немам 18 години за да ми е битно каде искача и кои му се другари, нали. Моменталната состојба ми укажува дали тој човек претходно се трудел нешто да направи, да постигне или чекал мама и тато да му овозможат се. Неприфатливо е вол над 30 години да не работи ништо, значи апсолутно неприфатлива е таа опција, иако ми е јасна економијата во земјава, тоа говори дека се гледам со човек кој воопшто не е снаодлив, не ми треба таков. Од неговата моментална состојба ги разгледувам неговите амбиции, дали тој човек има некакви планови, дали се труди да ги оствари тие планови и слични ствари. Јас сум личност која никогаш не останала без план б, истото го очекувам и од партнерот, значи несакам некој да водам низ животот или он да ме води туку нашите заеднички интереси и планови да се најдат таму некаде во блиска иднина. Ако јас и он немаме исти интереси и планови, стварно немам намера да губам време со него, тоа ми беше минатата лекција која добро ја научив.
Се сметам за едноставна особа, значи кај мене има сакам и несакам, да или не, може, неможе, црно бели свет, нема многу сиви нијанси. Другите карактеристики се оние кои го прават човек и кои покажуваат како е воспитан. Значи дерење, правење мангуп пред јавност и изигравање фраер пред друштво не. Паметњаковиќ во никој случај не. Да знае кога се збори, кога се премолчува. Љубоморни испади кои се овие и што бараш на кафе со нив, не. Седење и дремење по цел ден дома не. Да ми ги брои пијачките исто не. Да ми биде поткрепа и поддршка, да не се лигуши, да не му се лепи устата на мама и да знае да покаже љубов. Да не биде монотон, да има идеи, црн хумор, сарказам и иронија. Ете толку барам, ништо повеќе и ништо помалку.
Мислам дека доволно образложив и уште еден совет до тебе на крај од оваа дискусија, немој да се ставаш во улога на жртва мене вака ми правеа, така ми правеа, со брат ми сакаа да ме скараат, тоа е толку патетично, што ми иде да ви се расплачам над судбината. Ако цело време завршувате така во врските апсолутно и треба цел живот така да завршувате, зошто подобро не ни заслужувате очигледно. Неможе секогаш да си ти од ебаната страна ако си во ред, значи очигледно нешто нечини кај тебе. Нешто не е во ред, не сме мали деца овде па да се лажеме, а со светци несакам да разговарам, од старт си кажувам.
--- надополнето: Dec 10, 2012 6:44 AM ---
Ај сега размисли логички со главата што не ти е за стрижење само
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
. Што уствари очекуваш ти? Да дојде некоја и на форум да каже-Да Луки во право си, да можам и душата да ти ја извадам, ќе ти ја извадам , ако сакаш биди најубав, најпаметен, најкултрен на свет кога ќе чујам дека говореш на Подарешки уште од старт те множам со нула, нормално дека ќе ми сфетнат очињата ако видам дека возиш БМВ.
Нормално е да се претстават како најфини, најлиберални, ние те сакаме поради кој си а не поради тоа од каде си и што поседуваш и така натаму. Јас многу пати имам кажано кога ги читам жениве на форумов имам дојам дека сум во Дизниленд и се чудам како 7 пати не сум се оженил до сега. А кога го разотркивам тоа цело лицемерие, не се штеди да се мава по мене. Нит сум излажал, нит сум заебал некој, ни на некој сум му згрешил нешто. Само кажувам како што е. И види како одма си го вадат целото лице, видиш како од фини мили душички се претвораат во хиени. Многу на пример почитував една што на своите дечковци буквално вака им викаше-Слушај да си знаеш, прва прилика да можам да те изварам ќе те изварам. Па ти сега очеш-нечеш. Не можеш после да се жалиш и да ја колнеш и тоа е апсолутно нејзино право се додека е ситуацијата чиста. Ама најчесто не е, и тука е целиот проблем.
Суси дај бе не влагај во филм Иван Исцелител, што ти се случува незнам и несакам да знам, али немој бре со вакви искази, ти ја откри тајната.