Жестоко или пак домашно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Prilep4an4e
  • Време на започнување Време на започнување

Ракија или Виски


  • Вкупно гласачи
    64
  • Гласањето е завршено на .
Струмичка мастика во комбинација со струмичанка :icon_lol:.
 
Повеќе сакам раќија поради домашната атмосфера, луѓето кои се со мене муабет она ова, добра салата мх мх... А не дека не сум и по жестокото пијам коњак бааги
 
Шљивка. На прво место шљивка пошто е природна богата со витамини, минерали олигоелементи и електролити. Шљивката теоретски би можела да ја замени и храната кај луѓето.
На второ место лозова али пошто во неа речиси и да нема корисни елементи послабо ја пијам. Значи само шљивка, препечена 52-53 степена а за топла ракија, жолта шљивка од 38% (српска шо ја викаат)
 
Јас вино домашно бирам :P
Иначе од наведениве ракиче, иако најголемото пијанство ми било од истата пред некои 2 години, па скарани бевме некој период од 6 месеци
 
ракијче, се знае природно. . . . со добро друштво , салата, а ако има и некоја скаричка мф мф..... вискито повеќе преферирам во кафичи, дискотеки. .. . ама за домашна атмосфера ракија ми е најубаво :)
 
Домашно... освен кога домашната ќе се испие па одиме по купечка.

Инаку по кафичи и места кај шо нема домашно, јебига.... дај шта даш, најчесто шток.
 
Шо сте се запнале сите ракија та ракија, дојдете накај прилепов па да ви бувнам по една бела 55 степени и нема да ви текни уште еднаш ни да помирисате.Ракија жта можи, кавадаречка помека со шопска, оваа нашава овде само за лек е, в уста не се клава
 
ракиче..можи..минатата недела сум пиел 10 години стара ракија. милина (H)
 
Ракија се разбира, бела, жолта неважно ама жолтата некако ми е потешка за пиење.Белата е многу појака, гори, пече пустата ама со добро друштво и салатка - закон!А и најбрз ефект дава ако сакаш да се опиеш квалитетно, а да не мора да испиеш премногу.А за Прилеп точно е тоа дека домашна ракија под 50 степени нема.
 
Сите ракии смрдат... На лошо...
Тука си грешка, купи ова па ќе правиме муабет
BIG_IMG_12331404055687.jpg
 
Има готови хемиски концентрати шо дават боја и јачина на разреден етил алкохол, и за 10 минути имаш одлежана 10 годишна ж'та со помош на адитиви...

Ако имаш шанса, дојди ќе ти извадам од 19 годишната (берба 93та), 30 и кусур годишната од седумдесетите (црна е како Јегер оти е стојала ного време у буре),
ќе ти извадам 4 годишна слива, ќе ти извадам пресна препеченица, 5 годишна лозова од стара прачка, па ти дегустирај, и ќе ми кажеш која најубаво се лизга со и без мезе.

Секое буре дава различна боја и мирис, дома има 2 дабови, една црница, нешто багрем, црна бука. Секоја си има специфичен мирис, и вкус, шо одредена мера зависе у кое буре е, и на колку години е самата ракија. Има и у пластика, и си останува бела, иако е стара, ама се осеќа по вкус која е пресна ракија, која е стара ракија... Најпресната топла коа тече од казан има разлика у вкус отколку и малко отстоена....
Јас ја поднесувам ракијата како миризба, ама тава не значи оти не мириса гадно... Дома ја пуштам со маркуч од буре и додека извлечам воздухо да потече, тава ми е едно од најгадните чувства коа белите дробове до даска ми се напунат со пареи од ракија... Тава е ного поопојно од пиејнето, оти директно преку воздухо се врзува у крвта тај алкохол у испаренијата... И ако не знаеш да влечеш правилно има да се опиеш од пареите, без капка ракија да си се напијал...

Сега пред малку се довари последен казан мастика, Дивајдер ќе пукне од среќа коа ќе прочита...

пс. оште сам почетник пијач.
 
Смрди шљивката :sick:
младо и зелено си, јас имам некои ... 30 години стаж во алкохолизмот, станав алергичен на цезар (после една тешка пијанка за опклада во 1986) водка не поднесувам веќе, рум пробав некни и беше лошо - само во чај го конзумирам, текила само уз авокадо салата иначе - јок, коњак немам вкусено години, виски не сум сакал ни ко бев млад и убав последен пат лани скопје се испијанив со виски и ми беше мноооогу неубо, бурбон - се уште може.... али шљивка, ехаа појадок, леб маргариун и чавче шљивка, до ручек така де топла де ладна шљивка уз ручек по некое чавче шљивка, после ручек со кафе обавезно чавче шљивка, за вечера - бисквити надробени во шљивка. Изгледам 15 години помлад (можев и појќе да не подпивнував тро лоза од време на време) ерекција имам постојано (еден ден немав но излезе дека сум имал пукнато слепо црево и сум требал да бидам опериран) кондиција имам, ентелигнција, убавина, елоквентност, духовитост, бистрина на ум, сексипил..... се е тука на број и во исправно стање. Пиј шљивка и црвјата по смртта ќе ти се радуваат каков хранлив и вкусен оброк ќе им приредиш!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom