Атеизам vs Религија

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Ти нема ништо да обдиваш ами ќе седиш овде и има да пишуваш! Разбра?

И јас сум против препукувања и бесмислици и секташки христијански опишувања на свети работи. Затоа се дополнуваме, поправаме кај што треба, објаснуваме колку што можеме повеќе, во дозволени граници за да не биде во лага и тој што зборува а и тој што ќе чита...
Па небидува само да ми велиш дека распнатиот е вистина. Еврејскиот мит не може да биде македонски идеал за спас на човекот! НЕ БИДУВА!
За некои е тоа лага и ќе ти докажуваат дека е лага. Некои ќе докажуваат дека тоа не е вистина, други ќе пробуваат да објаснуваат како тоа е еврејски мит кој што испадна добра мамка за другите народи...
Исто како и ти што ги убедуваш во своето...

Секако секоја тема каде што се прави муабет за христиијанство и атеизам е препукување и ништо друго. Што ги отварате, што пишувате на вакви теми?

Ако ти смета тоа што друг има сосема спротивно мислење за христијанството, што да правиме? Или не пишувај или мачи се овде со објаснувања и докажувања...

Од друга страна:
Подобро атеисти да го спасуваат светот отколку религиозни! Атеистите ќе се налутат за едно пиво и ќе се степаат меѓу себе, но религиозни кога ќе се налутат... страдаат и невини! За жал! :cautious:
--- надополнето: 8 декември 2012 во 13:43 ---

Но јас можам да спомнувам и тука никој не може да ме попречи. Токму така: кој да знае!
НИКОЈ! :D Tоа е она што го чува светот до сега!

А бе, ќе ме навлечеш да дискутирам, а имам писанија куп да изнапишам, за друго, не за тука. Друг пат. Сега морам, дефинитивно, да седнам и засукам ракави. текстовето сами не се пишат, ;)
Но, дотогаш, обмисли, едно прашање за релаксација на вијуги: ти се сметаш ли за атеист? Или регилиозен?
Сеоја вера, верба во нешто, не е атеизам. Значи ли тоа дека и ти ако се насрдиш, нема да биде за пиво, туку крв ќе тече до колена? И невини ќе страдаат?
 
Дајте ми еден доказ на кој што пишува од што сме направени и кој не направил со факти ?
 
Знам, но никогаш не се открива линијата на иницијација од каде доаѓа на профани...
Се остава да се шпекулира и да се градат митови... има добра причина за тоа, но не би го расправал тоа тука...

Денес во христијанството чинот на иницијација (ако може да се каже дека е тоа) е чинот на крстењето ко мал(или возрасен) мислам. Но тоа е толку искривено, изменето што не знам дали може некој од денешните христијански мистици да го поврзи со било што од минатото.
Или ќе биде исплукан ко еретик, заради неукоста на еден грст старци од минатото. Сепак, штетата е на страна на христијаните (оние кои не се упатени доволно во нивните мистерии, а кои се чукаат дека „веруваат“).

П.С. Да го распнеа јарецот, Divider , сега ќе си пиевме чај пред престолот на Севишниот еврејски бог со 24 старци кои седат околу него :D
Христијаните ко евреите, мислеа дека со крв ќе се избрише било што. Пролеана туѓа крв само те врзува со проклетство, не со чистење на сопствените гревови! Види го светот... Евреите пробаа со крв на портите да ја сопрат смртта, проклетиот страв од смрт создава кукавици и црни браќа кои се би направиле да не страдаат и да станат посилни!
Бљак!
Бев на кршевање еднаш и толку ми изгедаше како некоја паганска церемонија. Треба да се стои на една нога се плука :confused: мачкаат со масло сечат коса нешто со некои магични садови мислиш дека е некоја келтска церемонија. Сум ја читал библијата и нема збор за овие работи.
Плукање и сечење коса ВТФ имаат врска со Исус. :tapp:
 
Верувајте во што сакате и во крај на светот и во Дедо Мраз и во Господ и сите останати работи кои не ги набројав али место да размислите кој ги измислил и за каква цел се вие ги плукате атеститe. :cautious:
 
Acme Inc. и Divider кажете кој не направил ,како не направил и од што со факти и докази ?
Мама и тато не направиле а како би сакал да ти покажам ама мислам дека такви слики се забранети тука :pos:
 
Не ми е грижа мене ти што имаш да работиш. Јас читам што проповедаш и реагирам на тоа.
Од мене нема никогаш да добиеш таква определба, оставам на вас вие да шпекулирате (како и за се друго).

Религиозните (различни религии) ќе прават уште проблеми. Не е дојдено времето (ах да, Богот еврејски рече дека човекот нема потреба да ги знае идните настани). Да де... и веднаш го послушаа верниците :D

Секогаш има колатерална штета кога религиозните ќе почнат да си ја бранат верата и надежта за некоја неодредена иднина. Забораваат за денес, му ја мислат за утре... види која омраза ја има религиозен кон некој што е атеист или пак некој што е од друга религија... Како да му граба од лебот, од домот...
Бре :)

Лошо е да се заборави на човекот, без овие простачки определби и поделби. Без човек нема ниту обожавања кон боговите, а со тоа, Земјата ќе биде како Марс, и без луѓе и без богови :D
 
Зборев оптшто за цело човештво ,а не за тебе или ти си буквалиста ? :)
Тоа само Тор знае, најмоќниот од сите богови. Нам смртниците не ни е дадено такво знаење.
 
Зборев оптшто за цело човештво ,а не за тебе или ти си буквалиста ? :)
И за целото човештво е така СЕКС СЕКС и само СЕКС.:LOL: 4 милиони години секс и од мајмун имаш човек.
 
Ја гледам мајмуни во зоолошка ,па никој до сега не стана човек ? нешто не ми е логично тука .
 
Ја гледам мајмуни во зоолошка ,па никој до сега не стана човек ? нешто не ми е логично тука .
Прочитај си има на нет за тоа...Има и тема за тоа на форумов.
Глеј јас не сум религиозен не поради што има научни докази дека приказните за потеклото на човекот и земјата од Библијата не се точни. Туку дека ми е аспурдно за едно совршено суштество да му е смислата на животот да го обожуваат и да наградува и казнува само врз основа на тоа кој колку му го лижел газот повеќе. Јас што сум смотан и приглуп човек не се палам на такви работи и ги сметам за мизерни.
 
Како резултат на модерните влијанија на западот, кои се почесто и со зголемен интензитет ги присвојуваме и ние европејците, се повеќе се’ соочуваме со ‘проблемот’ наречен Атеизам. Кои се атеистите, дали атеизмот претставува вера или мода која не прави да изгледаме ‘фенси’ во очите на опкружувањето. Јас гарантирам дека 80% од т.н. атеисти не знаат што всушност тоа значи.Тоа се индивидуи кои пласираат демек издржани тези дека религијата не чини за човештвото. Посебно е невкусно, кога тоа го прават со доза на потсмев кон верниците, не сметајќи дека претставува навреда за нешто највредно, што тие никогаш нема да го имаат.
Не знам дали и ти го подржуваш ставот на изгубенава душа овде. Пошто си направил само копи-пејст на текстот. Прво насловот му е погрешен требало да стои (со оглед на напишаното) “Моето верување и мојата религија наспроти се останато“.
Да се вратам на цитираниот дел, значи на денешницава проблем биле атеистите. Страшните тие атеисти кои од западот научија што е атеизам.
Милион пати е расправано ама на теистиве никако да им стане јасно, не 80%, туку 99,80% не им е јасно што е атеизам.
Атеизмот постои исто колку и теизмот. Било која религија позната од антички времиња до денес, не била прифатена од сите луѓе. Нит е Вера нит некакво си “фенси“ движење. Пофенси ми е денес од немајкаде што секој се кажува православен а ни П од православие нема познавање.
Толку едноставна работа не можете да сфатите. Атеизмот е наједноставно, по дефиниција, неверување во богови (се мисли на богови од религиите и митологиите). Никаква врска нема ни со наука ни со еволуции ни со биг бенгови ни со некакви други верувања.
Ако некој мисли дека човечките доблести се производ на религијата, се излажал. Ни 100 библии ни 100 курани, тори, веди......., ни било која религија, нема да направат некого подоблесен, ако тоа го нема во себе.
И кој сака и во што сака нека си верува, негово право, само нека не проповеда како неговата вера е најисправна. И секогаш атеистите ќе се подбиваат со верниците додека го наметнувате вашиот бог на сите останати. Верата/неверата си е приватна работа, таква и треба да остане.

Ја гледам мајмуни во зоолошка ,па никој до сега не стана човек ? нешто не ми е логично тука .
Прочитај си има на нет за тоа...Има и тема за тоа на форумов.
А кој ве излажал и двајцата дека човекот настанал од мајмун?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom