Divider
Seraphim
Ти нема ништо да обдиваш ами ќе седиш овде и има да пишуваш! Разбра?
И јас сум против препукувања и бесмислици и секташки христијански опишувања на свети работи. Затоа се дополнуваме, поправаме кај што треба, објаснуваме колку што можеме повеќе, во дозволени граници за да не биде во лага и тој што зборува а и тој што ќе чита...
Па небидува само да ми велиш дека распнатиот е вистина. Еврејскиот мит не може да биде македонски идеал за спас на човекот! НЕ БИДУВА!
За некои е тоа лага и ќе ти докажуваат дека е лага. Некои ќе докажуваат дека тоа не е вистина, други ќе пробуваат да објаснуваат како тоа е еврејски мит кој што испадна добра мамка за другите народи...
Исто како и ти што ги убедуваш во своето...
Секако секоја тема каде што се прави муабет за христиијанство и атеизам е препукување и ништо друго. Што ги отварате, што пишувате на вакви теми?
Ако ти смета тоа што друг има сосема спротивно мислење за христијанството, што да правиме? Или не пишувај или мачи се овде со објаснувања и докажувања...
Од друга страна:
Подобро атеисти да го спасуваат светот отколку религиозни! Атеистите ќе се налутат за едно пиво и ќе се степаат меѓу себе, но религиозни кога ќе се налутат... страдаат и невини! За жал!![]()
--- надополнето: 8 декември 2012 во 13:43 ---
Но јас можам да спомнувам и тука никој не може да ме попречи. Токму така: кој да знае!
НИКОЈ!Tоа е она што го чува светот до сега!
А бе, ќе ме навлечеш да дискутирам, а имам писанија куп да изнапишам, за друго, не за тука. Друг пат. Сега морам, дефинитивно, да седнам и засукам ракави. текстовето сами не се пишат,

Но, дотогаш, обмисли, едно прашање за релаксација на вијуги: ти се сметаш ли за атеист? Или регилиозен?
Сеоја вера, верба во нешто, не е атеизам. Значи ли тоа дека и ти ако се насрдиш, нема да биде за пиво, туку крв ќе тече до колена? И невини ќе страдаат?