Ај малку совет кај мене дајте според вас што би било попаметно.
Последно пред 9 месеци се гледав со едно девојче и се затрескав во него ко ненормален, на крај од мене направи будала, али долго се мачев да ја заборавам. Тогаш бев премногу во лоша состојба и можеби не треба и да го обвинувам девојчето што си фати друг, бидејќи во тоа време бев сеуште дебело свинче. Сега се средив, направив добро тело али имам друг проблем. Кога и да ја видам ми се враќа филмот назад и ми е многу непријатно, не правиме муабет повеќе немаме ни арно ни лошо, поради таа причина се изолирав премногу. Немам желба да излегувам, чувствувам страв од влегување во друга врска, бидејќи едноставно кога да сретнам некоја со која сум имал нешто ми е премногу непријатно и се измачувам. Сеуште немам мирен сон, сеуште дури и во сон се замарам за тоа која била причината за раскинување, дали мојата физичка состојба или едноставно таква си беше бидејќи пред мене имаше сменето барем јас што ги дознав 5мина. Ај кажете како да се помине преку ваквите работи, дали едноставно да почнам да излегувам и си фатам девојка или што незнам бидејќи се плашам од влегување во врска со било која, и во било каква врска макар што на почетокот никој не може да знае дали би била кратка или долга. Размислував да почнам да тренирам повторно ММА , го тренирав кратко и ми помагаше за да го истурам бесот. Незнам како да ја победам несигурноста, да почнам повторно да му верувам на луѓето, бидејќи веќе не верувам на никој после тие глупости и поради тоа се изолирав и не мрдам никаде, живеам само факултет+теретана+спијање, откажав алкохол не пијам воопшто, но почнав да се дружам и многу поретко со другарите, не излегувам и со нив поретко се гледам, едноставно како ВОЛК.