Кога партии одлучуваат за култура, така е. Споменициве и градбиве искачаат како бубуљици кај пубертетлија. Збориме за вековни традиции, исконски кралства, а се однесуваме како пубертетлии. Наместо граѓански, државен, културен, демографски,...наместо општествен развој добиваме национализам, несигурност, се поголема сиромаштија и игри на работ на конфликти.
Зад архитектурата на која се трошат огромни суми пари во време на криза, да се протнува еден па друг и трет национализам е крајно глупо во моментов и во вака поставена држава, посебно што ова е со амин на властите.
Како од Ск Центар, така и од другите населби кои
не се дел од Ск. Центар 2014.
Еве што и балканот говори за нас
„Скопје 2014“ не престанува да го шокира Балканот!
Единствената земја од Балканот која одвојува најголем процент од буџетскиот колач за култура - ги троши на контроверзен проект по многу основи. Тоа е национал-патриотска културна стратегија, опасна по многу нешта. Она што сега се случува во македонската метропола тешко може да влезе во категоријата: култура.
Ова беа само дел од забелешките за владиниот проект „Скопје 2014“ кои ги изнесоа уметници, културни работници и менаџери, носители на функции во културни институции и организации од Балканот, новинари ..., кои изминатата недела се собраа да бидат дел од регионалната конференција „Балканска културна политика – Што (да) се прави?“, што се одржа во „Дом Омладине“ во Белград, како завршен настан од тригодишниот проект „Балканска иницијатива за културна соработка, размена и развој“, (БИЦЦЕД).
На настанот кој беше во организација на Балканската истражувачка новинарска мрежа, (БИРН),
учесниците, меѓу другото, најмотивирани беа да говорат токму за тековниот владин проект „Скопје 2014“, за кој, како што рекоа, се трошат стотици милиони евра, и тоа не толку на национален, колку на националистички концепт.
-Она што е интересно е што во регионот најголем процент за култура од буџетот одвојува Македонија, и тоа 2, 5 отсто, наспроти 0, 6 Србија, 0, 7 Хрватска и 0, 8 Босна и Херцеговина. Но,
токму оваа држава е и пример дека можеби ќе посакате вашата земја и да не посветува баш толку внимание на културата ако дознаете што се се случува таму. Повеќе би сакал Босна да не вложува во културата, отколку да вложува како Македонија. Па кај нас, колку и да сакаме да критикуваме, не постои таков радикален однос кон националниот идентитет, рече Нихад Крешевљаковиќ, директор на „Сарајевски ратни театар“, (САРТР).
Неговиот став го подели и Лола Јоксимовиќ, претставник од „Културната Контакт Точка“ од Белград, која неодамна се вратила од Скопје.
-Прво бев изненадена од градителскиот поход, а потоа и шокирана откако видов што се е на градителското „мени“ - рече таа.
Инаку, на генералната тема поставена уште пред три години, на старт на проектот на БИРН, „Дали постои политичка волја за промени во културата, и кога нејзиното значење во 21 век ќе биде признато во регионот“, покрај претставниците од Србија и гостите од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија и Косово, во три различни панел-дискусии говореа и македонските претставници, Роберт Алаѓозовски, културен консултант и критичар, Искра Гешоска од Асоцијацијата на независната културна сцена „Јадро“, Сашо Станојковиќ, уметник од Скопје, како и Небојша Илијевски од Центарот за медиумски активности и „Нуклеус.тв“.
-Се даваат по 500 милиони евра за скапи национални бронзени споменици, а целосно во сенка се поставува живата уметност, современата култура – рече Алаѓозовски.
Тој истовремено потсети и на драфт верзијата на националната културна стратегија (2012-2017), за која нагласи дека „нема јасни цели, туку претставува документ каде се е возможно, и во исто време, со тоа и – невозможно, зошто за над 200 цели постојат само 50 точки од акциониот план.
Станојковиќ, пак, го презентираше својот уметнички изложбен проект кој претставува протест на стечајните уметници во рамки на галериски простор, зошто, нивниот, онаму каде што имаат право да го изразат незадоволството генерирано од транзицијата без граници, пред Собранието, сега е узурпиран од „дизнилендовска“ плејада од скулптури и споменици, („Простор за протест“).
-Се плашам дека сега за време на патувањето назад од Белград до Скопје ќе ме пречека уште еден, нов споменик – рече Станојковиќ.
Небојша Илијевски од ЦМА во својата дискусија истакна дека македонската влада станала свесна за употребата на културата како моќен фактор со кој може да се собираат поени, па тоа сега оди и до екстремности на злоупотреба.
-Градењето на споменици без број не води никаде. Што е со публиката? Каде е публиката? Таа не се чувствува секаде повикана, рече тој, додавајќи дека на културата и недостига претприемачки дух.
За позитивен пример, пак, во оваа насока, тој во своето излагање го посочи примерот со регионалната платформа „Лице в лице“, за која координатор во Македонија е ЦМА, а чија цел, една од многуте, е и изнесување на уметноста надвор од затворените простори, поблиску до консументите.
Повеќето дискутанти на белградската конференциска средба се сложија дека земјите во регионот имаат речиси ист тип проблеми, а тоа се крути закони во културата, но и недоволно средства за работа на културните институции.
Дополнителен проблем е што доколку некои од нив обезбедат помош од странски донатор, истите веднаш бидуваат избришани од листата на поддржани од државата.
-Во Македонија се случува монополизација на културните ресурси. Културниот простор стана државен монопол, привилегија на новите класи, а ние сме сведоци на страшна децентрализација. Министерството за култура, пак, е главен арбитер, а владата е промотор на декоративна политика. Нужно е најитно одвојување на она што значи експертско мислење од партиско – рече Гешоска од „Јадро“.
Јелена Кнежевиќ, директорка на театарот „Битеф“, истакна дека кризата во јавниот буџет на Србија најпрво ја почувствувала културата, зошто овој фестивал заради намалениот буџет е принуден да бара дополнителни спонзорства.
-
А, за нив, што е најлошо, повторно одлучуваат партиите.