Казаки , ти благодаран за овие материјали , досега ни беше малце тешко на форум , не се разбиравме со форумџиите , кои еден два и скокаа : А ДАЛИ ВО АЛБАНИЈА МОЖЕ ВАКА.
Ете дека може , велеа дека има 300.000 македонци , па дај нека излезат да ги видиме , еве во Албанија нема никаков проблем да се употреби мајчиниот јазик и национално знаме.
Што се однесува до грците , тоа се новокомпоновани грци , просто да се зачудиш , потекнуваат од албански патриотски семејства , а самите се грчки националисти , зошто ? Затоа што Грција дели големи пари за нив.
Не дека нема грци , но најрадикални се ново создадените грци.
Како што пропаѓа Грција , и овие во Албанија не се веќе толку моќни , едно приватно грчко училиште е пред затворање , 8 месеци немаат примено плата 42 учители.
Сите тие кои се декларираа како грци во Албанија , примаа грчки пензии од
250-480 евра , а вакви пензии примиле повеќе илјадници граѓани на Албанија.
Па после се чудиме зошто банкротираат , се расфрлале со пари насекаде.
И не се секирај , нема никаква опасност од грците , они се мнозинство само во гратчето Химара и по некои села , сите други градови и општини имаат албанско мнозинство.
Иначе со тек на време они ќе заминат кон Грција, ќе останат овие пензионери да умрат.