Авторски права за музика на свадба?

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Ова е тешка глупост бидејќи законов важи не само за наши македонски автори и песни , туку и за странски , па дури и за класична музика компонирана пред неколку векови . И не само што важи за свадби и слично , туку и за било кој објект . На пример ако јас продавам семки и сончоглед во киоск , и внатре во објектот ми свири музика од Бетовен или Мајлс Дејвис или ЕКВ итн . , дури и тогаш сум должен да плаќам месечен надомест на ММИ и ЗАМП , и покрај тоа што тоа што таа музика не е и нема врска со Македонија . Е сега надоместокот кој треба да се плати за ваков или сличен објект е далеку помал од надоместокот кој го бараат за свадба на пример , но без разлика на тоа , сепак е идиотштина овој надомест кој го бараат од ММИ и ЗАМП . Според мене не треба да се бара надомест ни за македонска музика а не па за странска музика . Ако продолжат со оваа работа тогаш самите македонски автори и музичари ќе се закопаат , затоа што се поретко и поретко ќе се пушта македонска музика на радио и тв , затоа што и на медиумите со овој закон им земаат не баш мали пари за емитување на македонска музика .
Иначе за тие што не знаат главен човек на ММИ е Бодан Арсовски од Леб и Сол ,и кога пред извесно време видов дека тој е главен во оваа работа , тотално ме разочара како човек , и покрај тоа што многу го ценев како музичар .
П.С. Ептен ме интересира на кој начин ќе успеат да ги наплатат парите кои ги бараат од сите овие кои се опфатени со законов . Ај за тие што прават свадби , уште при договарањето со ресторанот и музичарите прават некој договор околу плаќање на ова , но живо ме интересира како ќе наплатат од бутици , кафичи , кафеани , книжарници , сендвичарници , семкарници итн . Се кладам дека никој од нив нема да им плати а и не треба да им плати . Веројатно ќе се бркаат по судови со сите нив :pos:
кај е тој закон? кој го изгласал? од кога стапил во сила? или воопшто нема таков закон..
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
600 денари за музика во капела :confused:
Демек и авторски права бараат за музиката во капела (снимена музика и пуштена на CD):facepalm:
Интересното е тоа што ако цд-то е купено оригинал, веќе со тоа си платил за авторските права, а рекетариве пак ќе те рекетираат.
Луда држава.

Sent from my Nexus
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.675
Поени од реакции
35.366
Е ајде де, каква врска има македонските музичари со музиката што се пушта во капела.
Каква врска имаат македонските музичари со бабата од Конопиште која садејќи пченка или компири измислила некоја народна песна (има голем број народни песни, а од авторот ни име, ни презиме не се знае).
Ако се слушаат Вивалди, Моцарт, Бетовен изгледа ЗАМП преку банка ќе им праќа авторски права на нивните потомци. А ако слушате Цеца, Аца, Стоја и компанија изгледа парите ќе им ги исплаќаат пред концерт на рака :icon_mrgr:
Како и да е, нема веќе бесплатно слушање музика, освен дома, а и за дома прашање на време е до кога, не се опуштајте премногу додека се туширате и пеете О соле мио, да не ви затропа ЗАМП на врата:icon_mrgr:
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
На другар пред 2 години му земаа 6000 денари, ама само ЗАМП, а сеа 12 000 е најверојатно заради ММИ, по пола си делат со ЗАМП.

Инаку музичарите му рекле сакаш ти да си платиш или на нас да ни дадеш пари да платиме, оти ако не си платиш ти ние ќе ти ја кренеме цената за 100 евра кои фактички се истите кои ти би ги платил на ЗАМП директно.

Е сеа ко што спомна некој, ако земеш лаптоп и си пушташ музика од јутјуб, дали ќе ти наплатат!?
Да вистина е тоа,поскапа е и музиката од тогаш...а има и некои не ни образложуваат туку си покачуваат цена и си плаќаат како што кажа ти:)Па и 6000 е многу,а не па 12 000...
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.010
кај е тој закон? кој го изгласал? од кога стапил во сила? или воопшто нема таков закон..
Незнам дали е закон или не , но факт е дека бараат пари за сите овие дејности ако во објектот се пушта било каква музика , а за на свадби веќе е познато дека е така , а и има веќе неколку поста пишани од луѓе кои го имале тоа искуство при свадба .
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
ЗАМП се повикуваат на Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела. Песните кои ги исполнуваат музичарите не се нивно авторско дело, затоа е предвидено плаќање на авторски надомест.
Хотелите/рестораните склучуваат договор со младоженците.
Хотелите/рестораните ја пријавуваат бројката на поканети на свадбата до ЗАМП каде овие сметаат по некои бодови и се формира цена. 15 дена пред свадбата музичарите или младенците го пријавуваат списокот со песни до ЗАМП.

Звучи глупаво и нелогично ама многу луѓе го имаат платено.

Авторското право трае за време на животот на авторот и 70 год по неговата смрт.

Еве ви една тужба од страна на ЗАМП до некој кој не платил
http://www.osbitola.mk/Odluki.aspx?odluka=2360
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
А што ако на пример, јас одлучам да ми свират песни од Цеца, и Цеца дојде лично и им рече:„Јас не барам авторски права за оваа свадба.“ :D Што ќе ми речат тогаш?
 
Член од
13 август 2009
Мислења
28
Поени од реакции
8
А, бе пошлакнати работи на друго место освен МАКЕДОНИЈА, и со свеќа да барате(што велат старите) нема да најдете.:facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А што ако на пример, јас одлучам да ми свират песни од Цеца, и Цеца дојде лично и им рече:„Јас не барам авторски права за оваа свадба.“ :D Што ќе ми речат тогаш?
Ќе ти речат "Кој ја врти дрољава, ќе си платиш" :D
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Без разлика и Металика да ти дојде да ти свири на свадба ти на ЗАМП мораш да им платиш авторски права некој мора да земе пари :facepalm:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Во Јуни оваа година правевме свадба накоја ни беше најавено дека за авторски права за музиката која ке свирела ке требало да и платиме на државата околу 100 евра, и дури пред два дена стаса писмо со кое не известуват дека треба да платиме 12 000 денари?

Некој со вакво искуство како да се направи нешто да се намали? бидејќи пишува дека е можна корекција доколку направиле некоја грешка !!! Доколку некој има вакво искуство нека сподели :)
А ти да си правиш свадба во Тетово, Гостивар, каде никој нема да ти бара пари?
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
можете тарифникот да го видите на нивната веб страна
http://www.zamp.com.mk/

иначе конкретно за свадби, крштевки, сунет и слични приредби со жива или механичка музика се тарифира според бодови и тоа:
до 100 лица 500 бода х 4 денари = 2.000ден
од 101-150 лица 1000 бода х 4 денари = 4.000ден
од 151-200 лица 1500 бода х 4 денари = 6.000ден
од 251-300 лица 2500 бода х 4 денари = 10.000ден
над 300 лица 3000 бода х 4 денари = 12.000ден
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Јас не сум правник
Ако доколку си ги прочитал правата што ги управуваат, ќе забележиш дека имаш автор, па ако одбереш македонски народни песни (немаш автор) или песни каде авторски права се истечени и јавно изведување, што значи свадбата ќе ја прогласиш за приватна приредба што во суштина и е, бидејќи тебе на свадба не ти идат будали од улица, туку приватно каниш луѓе што треба да ти дојдат. Вака логички кога би размислил, може да падне на суд, ама подобро е некој правник за оваа работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom