Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Ццц, брука за нив, повеќе од 500-600 денари не треба да плаќаш (ако се оди според квадратура).
Мене целата сметка ми е 2.000 што се греам, тебе 1200 за ништо.
На топлификација си? И колку квадрата имаш?
 
И како е додека има парно топло е или пушташ уште едно грејно тело?

Немам друго грејно тело, затопленоста е просечна (20+-2 степени).
Најнезадоволен сум што рано го гасат, уште во 10 навечер.
 
СТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ТОПЛИФИКАЦИЈА АД
ВО ВРСКА СО МОЖНИТЕ ПРОБЛЕМИ ЗА СИГУРНО ПРОИЗВОДСТВО НА
ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО ГРЕЈНАТА СЕЗОНА 2012/2013 ГОДИНА
Топлификација АД ја врати лиценцата за производство на топлинска енергија во август 2011
година со образложение дека финансиските проблеми генерирани со одлуките на РКЕ во
периодот 2006 – 2008 година кои времено се решени со кредитни задолжување кон банките
во висина од околу 10 милиони евра не можат трајно да се решат бидејќи во тековната цена
нема извори за нивно враќање.
Топлификација АД во периодот од 2006 до 2010 година ги сервисираше трошоците за овие
кредити и банките во тој период имаа разбирање да не се врати главнината на кредитот, ако
се плаќаат каматите. Со оглед на поминатиот период од неколку години по земањето на овие
кредити за очекување беше дека банките ќе побараат да се врати и главнината на кредитите.
Во периодот 2006 – 2011 година РКЕ при определувањето на цените на топлинската енергија
со ниедна одлука не предвиде посебен износ за враќање на овие кредити, иако во скоро сите
извештаи на Топлификација АД до РКЕ ова беше барано.
Овие кредити беа обезбедени кај банките главно со основните средства за вршење на
регулираните дејности, а во мал дел со идни приходи од регулираните дејности.
Во такви услови Управниот Одбор на Топлификација АД сметаше дека во грејната сезона
2011/2012 година е можно дел од банките да побараат да се вратат кредитите земени за
покривање на генерираните финансиските проблеми во периодот 2006 – 2008 година, што ќе
претставуваше сериозна опасност за сигурното производство на топлинска енергија и заради
тоа во август 2011 година донесе одлука да се врати лиценцата за производство на топлинска
енергија.
Во периодот 2009 – 2011 година значително пораснаа цените на горивата за производство на
топлинска енергија. Тоа значително ги зголеми потребите од обртен капитал за реализација на
трите регулирани дејности: производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
Поради тоа Топлификација АД во октомври 2011 година побара помош од државата во облик
на заем, за да може да се зголеми расположливиот обртен капитал за грејната сезона
2011/2012 година. Државата позитивно одговори на оваа барање и преку ЕЛЕМ и МЕПСО беа
обезбедени 4 милиони евра во форма на комерцијален заем со 9% камата на годишно ниво со
рок на враќање август 2012 година. Овој заем Топлификација АД го врати во договорениот
период.
За финансиските проблеми кои се генерирани со одлуките на РКЕ во периодот 2006 – 2008
година во изминатиот период се изработени три независни експертизи од три различни
фирми.
Првата е изработена од фирмата ААГ во средината на 2008 година за ефектите на одлуките на
РКЕ во 2006 и 2007 година. Оваа експертиза е направена по нарачка на РКЕ.
Другите две експертизи кои се изработени во втората половина на 2011 година и почетокот на
2012 година се направени по нарачка на Топлификација АД. Едната експертиза ја работеше
PricewaterhouseCoopers (PWC), една од најдобрите фирми во светот за таков тип ангажмани. 2
Во изработката на експертизата PWC ангажираше еминентни странски експерти во областа на
централното греење. Експертизата на PWC беше наменета за запознавање на Владата на РМ и
на акционерите на Топлификација АД за висината и причините поради кои се генерирани
оперативните загуби во анализираниот период. Втората која ја работеше MOORE STEPHENS
беше наменета за тужбата која ја поднесе Топлификација АД против РКЕ за надомест на штета.
Сите три експертизи имаат многу блиски наоди за висината и за причините на финансиските
проблеми генерирани во периодот кој го анализираат. Во трите експертизи недвосмислено се
потврдува дека определените цени во анализираниот период не ги покриваат трошоците на
работење на фирмата и генерираат оперативни загуби. Генерираните оперативни загуби по
годините кои се анализирани согласно трите експертизи се скоро идентични. На ниво од
целиот период 2006 – 2009 година генерираните оперативни загуби се околу 10 милиони евра,
колку се и кредитите за тековно работење земени, а невратени во тој период.
Имајќи ги сите овие факти во предвид и имајќи во предвид дека овие факти беа познати и
презентирани како на акционерите на Топлификација АД така и на сите релевантни институции
во државата, за Топлификација АД беше нејасно зошто РКЕ во периодот од август 2011 година
до август 2012 година немаше никаква активност во врска со вратената лиценца за
производство на топлина од страна на Топлификација АД.
Врв на нејасното однесување на РКЕ во целиот тој период беше одлуката на оваа комисија од
01.08.2012 година, кога игнорирајќи ги сите погоре изнесени факти и многу дописи од
Топлификација АД во изминатиот период донесе одлука дека нема никаква опасност по
сигурното производство на топлинска енергија и дека Топлификација АД има финансиски
капацитет и понатаму да ја врши оваа дејност. Посебно е нејасно зошто оваа многу важна
одлука е донесена надвор од нормалните процедури на РКЕ без подготвителна седница и без
стручно образложение врз основа на што е донесена оваа одлука.
Став на Управниот Одбор на Топлификација АД е дека неактивноста на РКЕ во врска со
вратената лиценца за производство од август 2011 до август 2012 година и одлуката од
01.08.2012 година, која Топлификација АД ја спори пред Управниот Суд, можат сериозно да го
загрозат сигурното производство на топлинска енергија во грејната сезона 2012/2013.
Во состојбата која ја генерираше РКЕ со не одземање на лиценцата за производство на
топлинска енергија на Топлификација АД, единствено можно решение за грејната сезона
2012/2013 година е сите регулирани дејности за топлинска енергија да се одделат од
групацијата Топлификација АД и да се доделат на фирма која има можност да обезбеди
обртен капитал од околу 25 милиони евра за реализација на овие дејности. Со тоа решение се
елиминира можноста евентуалните проблеми на Топлификација АД со банките кои ги
кредитираа оперативните загуби од периодот 2006 – 2008 година да го загрозат извршувањето
на регулираните дејности во грејната сезона 2012/2013 година.
Решение за одделување на регулираните дејности од групацијата Топлификација АД беше
предложено на почетокот на октомври 2012 година. Согласно таквото решение Топлификација
АД овозможи неформално учество во раководењето на своите фирми носители на лиценци за
регулирани дејности на фирма заинтересирана да ги преземе регулираните дејности. Оваа
фирма од 15.10.2012 година имаше обврска недостатокот од средства за набавка на гориво да
го финансира од свои извори. Иако оваа фирма го избра добавувачот за гориво, ги договори 3
условите за снабдување со гориво и му вети на добавувачот дека недостатокот од дневните
плаќања за гориво ќе го плати до крај на месец ноември, истото не го направи. Заради тоа
добавувачот на гориво на 26.11.2012 година објави дека ќе прекине со испорака на гориво. Со
посредување на Владата на РМ, Топлификација АД и добавувачот на гориво времено го
надминаа проблемот со неплатеното гориво.
За да се надмине трајно проблемот со сигурно снабдување со гориво и сигурно производство
на топлинска енергија, согласно решението кое е единствено можно во оваа ситуација,
Топлификација АД на 26.11.2012 година ги врати сите лиценци за регулираните дејности за
топлинска енергија и отвори можност во најкраток можен рок РКЕ да избере носител на
лиценци за сите три регулирани дејности.
Согасно активностите кои се одвиваа во изминатиот период една фирма изрази интерес да ги
преземе сите регулирани дејности. За да тоа се оствари, оваа фирма треба да се јавни на
јавниот повик за доделување на лиценци за регулираните дејности објавен од РКЕ на
28.11.2012 година. Доколку фирмата ги исполни бараните услови на јавниот повик поврзани со
финансиската можност да набавува гориво за производство на топлина и да го организира
работењето на регулираните дејности, Топлификација АД е подготвена да ги отстапи
основните средства неопходни за вршење на регулираните дејности под форма на Закуп. Исто
така Топлификација АД е подготвена да ги стави на располагање на оваа фирма и стручните
кадри кои досега работеа во фирмите носители на лиценци. Со тоа новата фирма ќе може да
ги исполни и специфичните барања на јавниот повик за поседување на основни средства и за
располагање со стручен кадар за извршување на регулираните дејности.
УПРАВЕН ОДБОР
НА ТОПЛИФИКАЦИЈА АД
:pos::vozbud:
 
Eве два интересни коментари од читатели:
Aleksandra
А, зошто чекаа да почне грејната сезона за да го соопштат ова? Зарем не си ги знаеле можностите или „неможностите“ за плаќање на долговите и претходно? Мислам дека треба да си најдат поуверливо сценарио за своите заткулисни игри!
http://www.time.mk/read/NONE/5cc7ff4567/index.html

Калимеро, 07.12.2012 01:35:03

Нема правда, арамиите ги собраа парите и слободно си отидоа. Смеејќи си отидоа затоа што наместо граѓаните да се откажат од нивните услуги (сега невозможно со амин на Регулаторната) Топлификација се откажа од граѓаните, ама не и од нивните пари. Во некоја правна држава би им се конфискувал имотот!

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1E3E74D96F599E47881FD72E90B6632E
 
КАде да се потпишам во Аеродром?
 
КАде да се потпишам во Аеродром?
Општина Аеродром потпишува исто како и Општина Центар, во бараките на Општина Центар. Тоа е во барака 1 на самиот ќош кон Илинденска. Денес бев се потпишав и прашав, тука ќе се собираат потписи за Центар, Аеродром и Ново Лисиче.
Каде се потпишува во општина Карпош?
За Општина Карпош, слушнав дека потпишувањето ќе биде во Угостителското школо во Козле. Утре ќе учествувам во Протестот АМАН и ќе се рапрашам и ќе те известам поточно.
 
малку бев отсутен од темава, но ...... ке прашам за што се собираат потписи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom