Двојно државјанство? За или против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Двојно државјанство?


  • Вкупно гласачи
    102
Да де да, можеш и да бегаш од одговорностите исто, зависи од тоа кои одговорности помалку ти се свиѓаат.

ОК кој сака нека има двојно државјанство, ама ме нервираат луѓето што ги користат само предностите и правата, а кога ќе дојде до одговорноста, ама не, јас сум државјанин на друга држава.
Или почитувај ги законите и правилата на двете држави или имај само едно државјанство.
Зависи што одговорност ќе си направиш,ако направиш во едната земја ќе си ги сносиш во таа земја неможеш ипак да избегаш во другата нормално ама тоа воопшто не влијае на државјанството верувај ;)
 
Да де да, можеш и да бегаш од одговорностите исто, зависи од тоа кои одговорности помалку ти се свиѓаат.

ОК кој сака нека има двојно државјанство, ама ме нервираат луѓето што ги користат само предностите и правата, а кога ќе дојде до одговорноста, ама не, јас сум државјанин на друга држава.
Или почитувај ги законите и правилата на двете држави или имај само едно државјанство.

А за кој работи мислиш ко ќе викаш бегајне одговорност, мислам конкретно?
 
Ама мене не ми беше целта на темата дали треба да се забранат двојните државјанства, него едноставно да дискутираме општо во насока на тоа дали двојното државјанство е позитивно или негативно? Кои позитивни/негативни работи произлегуваат од поседување на двојно државјанство? Ми ја сфаќаш поентата?

На пример, ти си еве Бугар, кое е твојот став за двојни државјанства? Значи општо ти зборам не во однос Македонија - Бугарија. Каков е ставот во Бугарија за двојните државјанства? На пример поседување бугарско и да речеме германско државјанство? Не политички, туку онака муабет меѓу луѓето. Тоа уствари е поентата на темата, чисто онака муабет да си направиме, никој не спомна дека треба да се забранат. :)

Во рамките на ЕУ намалува значение на државанството. Ако поседуваш од ЕУ држава имаш сите права кат местните, без дозвола да гласаш, кое според мене, не е битно. Предимство на двоиното државанство е по гавкаво може да планираш даноците си.
 
Јас сум за,бидејќи тоа е една демократска постапка,ако видиме дека најголемите демократии во светот го дозволуваат.А за криминалците што земаат двојно државјанство,се додека државата има волја да ги екстрадира,ќе го реши тоа има правни постапки.За тоа служи Interpol.
 
Мразам да имам неутрален или недефиниран став, ама ете нека се 60-40% однос против - за:unsure:

Генерално сум против двојно државјанство поради балканскиот менталитет и конкретно нашата околина.Кај нас и граѓаните со криминални дејства и самите држави можат и во многу примери ја злоупотребувале оваа форма.За криминал, избегнување екстрадиции, лажирање избори и пописи, лажирање бројка на население со ХХХ пасош и националност, наметнување дополнителни давачки, политички позадини...
Не ми е некако логично некој со 28 години ‘стаж‘ во Острелија или Нов Зеланд, да е гласач во земја во која 7 пати стапнал по 30 дена во тие 28 години.Неправедно е 759 луѓе од дијаспората да вредат 1 пратеник, а ~10.000 луѓе со место на живеење во Македонија да вредат исто толку.
Имаме и елементи на злоупотреба од државата и маргинализирање на локалните гласачи.
Исто постојат добар процент злоупотреби од иселениците, по некои чудни основи тие или нивните фамилии во земјава да користат социјална помош, а остварувале задоволителни приходи во странство.А ги памтиме и корисниците на бугарски пасош кои плачеа и се закануваа со откажување од македонскиот пасош за мочани 200-300 евра давачки за крнтиите од увоз.
Од друга страна, иако е во пракса доста злоупотребувано, на доста луѓе им помогнало, поради едноставна причина - имаме многу јака економија :sneaky: Исто потребни се како документи за Македонците иселеници кои идат почесто, 2-3 пати годишно да можат да извршат една обична банкарска трансакција без компликации дури се овде и без губење право на резидент, а добар дел го барале пасошот чисто поради патриотски причини, едноставно им било задоволство да бидат носители на пасош од ‘земјата на потекло‘.Поради ова, можат да размислат некаква опција добивање документи, ама без право на глас и без право на пребројување во попис како жител на Македонија.
Ако одбирам - против.

Лично немам двојно државјанство, не ни планирам да имам, без разлика на евентуални финансиски последици.За странство досега сум немал поголеми проблеми со амбасади, визи и слично.

Дел држави со неодобрување ДД се заштитени до негде од криминал, лажирање податоци, проблеми со други држави поради екстрадиции и слично.На Балканов ни е дополнително комплицирано злоупотребувањето поради недовршени прашања од минатото или тековни политички прашања...Интересно е како економски силни земји и либерални по многу други прашања - Норвешка, Германија, Холандија, Данска, Луксембург, Австрија...па и Балтичките земји се без опција за двојно државјанство.
 
Се има добри и лоши страни.
Генерално сум за, но се додека државата издавач на државјанството ја признава РМ како РМ.
Не е исто ХР и МК државјанство, пример, и МК и БГ државјанство. За мене тоа.
--- надополнето: 6 декември 2012 во 03:17 ---
Може за ова да наведеш за кои држави се работи?
А ја сум неутрален..и за и против..и против и за. Незнам.
Австрија. За други не знам.
 
Можам да имам српско, хрватско или руско државјанство... Ама никогаш нема да имам затоа што НЕ сакам
 
Од досегашните коментари излегува заклучокот дека сите оние што сакаат или се за двојно државјанство првенствено гледаат од лични интереси можам да речам и себични интереси.
Или накратко кажано ако тука ми згусти одма ке му ја дувнам.
Никој нема ни да се потруди да го реши проблемот пошто секогаш ке има излез од тој проблем и ке ја фрли топката на другиот кој го нема тој излез за тој да го јади она што сите го зготвивме.
Така неможеш една брачна заедница да направиш да функционира, една фирма неможеш да ја одржиш ако во првиот момент на криза едниот од партнерите има избор да му ја дувни, за држава пак да не ни правиме муабет.
Никој никаде на светот нема да потроши ни 5 минути од своето време да реши некој проблем ако притоа има начин да избега од тој проблем, посебно ако нема последици од таа постапка.
 
Да де да, можеш и да бегаш од одговорностите исто, зависи од тоа кои одговорности помалку ти се свиѓаат.

ОК кој сака нека има двојно државјанство, ама ме нервираат луѓето што ги користат само предностите и правата, а кога ќе дојде до одговорноста, ама не, јас сум државјанин на друга држава.
Или почитувај ги законите и правилата на двете држави или имај само едно државјанство.

:icon_lol: Па тоа е двојното државјанство = предност (со мал исклучок за криминалните работи нели).

Ако се скрше едниот стол,имаш резерва да седнеш на другиот,ако не ќе седеш на цемент и ќе умреш од студ. кратко и јасно,многу ефикасно,тешко до тоа да се стигне,исто ѓоа реклама за топ шоп.
 
Внатре во ЕУ двојно државјанство не може.На пр. да имаш истовремено Бугарско и Германско и сл.,што на некој начин и е логично.
 
Зашо двојно државјанство од две држави, е поразлично од двојно државјанство од други две држави?
У еден случај оправдано, у друг случај не... Чудно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom