Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
Ако некого го сакаш - му кажуваш. Ако некого не го сакаш - го игнорираш. Не е обратно.Морам да слушнам и второ мислење пред да пристапам кон спроведување на стратегијата, а таа е последна.
Дали е нефер, нечовечки, неетички и сл. ако одеднаш и без причина престанете да и зборувате на личност затоа што сте убедени дека не можете да бидете заедно, а ја гледате скоро секој ден со поглед негде изгубен како Каролина во една стара песна, ама само сте пријатели, односно колеги?
Некако ми дојде логично на таков демонстративен начин да се покаже колку се сака и пати...
Ако постојат објективни причини зошто не можете да бидете заедно, сеедно викни ја на кафе и кажи ѝ дека ја бендисуваш. Ако е како што велиш, таа ќе одбие да биде со тебе и никому ништо - на тоа си бил спремен цело време. Но биди сигурен дека таа ќе ја цени твојата искреност и директност и во очите ќе ѝ останеш како еден од силните луѓе што ги сретнала. Со други зборови, ќе ѝ значиш. Со трети зборови, ќе бидеш еден од луѓето што направиле нешто за некого, макар и да било само со комплимент (да ѝ кажеш на девојка дека ја бендисуваш е, меѓу другото, комплимент за неа, дека е посакувана).
Верувај, ако не ѝ кажеш дека ја бендисуваш, цел живот ќе се каеш за тоа. Кажано е дека најмногу се каеме за работите што *не* сме ги направиле кога сме имале можност, а сме сакале. Ова и јас го потврдувам од лично искуство.
Затоа, никако игнорирање - викни ја на кафе и кажи ѝ сè што ти лежи на душа.
Поздрав и со лесно.