Двојно државјанство? За или против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Двојно државјанство?

  • Вкупно гласачи
    102
Ускратување на истото пак нема да го реши проблемот. Така да правниот систем треба да биде понемилосрден кон нив а не кон сите оние кои поседуваат 2 државјанства.

Проблемот е во генералната психологија кај луѓето. Ти со одредено државјанство добиваш ПРАВА, но и ОДГОВОРНОСТИ. Кај одреден дел (не велам кај сите) се појавува момент на “си ги користам правата кои ми се загарантирани со двете државјанства, ама кога ми одговара ќе си ги одбегнувам одговорностите кои доаѓаат со тие права“.
 
И економски нестабилни земји не дозволуваат двојни државјанства.
Данска ја зедов како само пример. Ете ти ја и Германија и Норвешка (економски стабилни земји) штом се стекнеш со нивно државјанство, ти МОРАШ да се откажеш од своето и крај на приказната.
Во Данска можеш да си од Мароко, но ако тој од Мароко одлучи да го земе данското државјанство, ќе си се откаже од мароканското или може да си го задржи мароканското и да не бара данско државјанство. Границите на Данска не се затворени пиле, ‘‘тука си, во ред, имаш да играш како што ние ќе ти свириме и нема трте, мрте‘‘, едно државјанство и почитување на законите, точка.
Неможеш ти со едно државјанство да украдеш милион евра, да ја здувнеш и да користиш друго државјанство.
Еве веќе кога го земавме примеров со Данци и Мароканци ќе тераме...Значи Мароканците во Данска се застапени со 3% од вкупната популација во Данска.Стабилна земја како Данска мислиш дека ќе прими некогаш масовен број на Мароканци и ќе им даде државјанства?И ќе дозволи после тој народ како малцинство во таа држава да ги бара своите права? НЕ се глупи ко нас!Кај нас не е возможно да се укине законот за двојно државјанство,ќе пропадне државава...читај погоре образложив...колку сме толку сме а?а колку сме без Македонците од дијаспората???Не ги зимај за пример ти Кујтим и Мурат од Швајцарија ,пошто на таквите самите им овозможивме да не "работат"!Еве ќе те замолам да ми објасниш...пр.Македонија укинива закон за двојно државјанство,Перо, Стојан и ред други од Австралија и др земји , го губаат правото на глас(тие секако би гласале за Македонски претставник без разлика на партија),бројот на Македонци се намалува., и што ке се случи???Мислиш дека тоа е начинот Абланците да се стаат у ред,да не се дешава ова??НА таков начин ништо чудно Албанец да ни седи на фотењите во влада.А Албанецот дали отишол на 3 месеци у Германија да работи или да шета,па дошол да гласа,тоа е веќе неважно,бидејќи веќе им е дадено Мк државјанство тој ќе си гласа за Албанец.Значи ти со свој камен по своја глава удираш!ТРЕБА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ДА СЕ ОБЕДИНАТ И ЗАЕДНО ДА СЕ БОРАТ!
 
Проблемот е во генералната психологија кај луѓето. Ти со одредено државјанство добиваш ПРАВА, но и ОДГОВОРНОСТИ. Кај одреден дел (не велам кај сите) се појавува момент на “си ги користам правата кои ми се загарантирани со двете државјанства, ама кога ми одговара ќе си ги одбегнувам одговорностите кои доаѓаат со тие права“.
Токму тоа што го спомна погоре во последната реченица мора да се воведе како на папир така и на дело. Ама луѓето увек ќе користат дупки. Но тие дупки треба да бидат потесни и понедостапни за да луѓето едноставно да не се замараат и да си ги извршуваат своите одговорности.
 
ОК, но тоа има и наличје. Македонија може да тврди дека во Бугарија живеат 100 000 Македонци, кои имаат двојно државјанство. Може во Бугарија да се формира промакедонска партија, и сите оние кои имаат Бугарски пасош да гласаат за таа партија. Знаеме зошто Македонците вадат Бугарски пасоши, од нив ниту 1% не отпаѓа на луѓе кои вистински се чувствуваат Бугари.

Бугарија игра опасна игра со пасошите, која може да се заврти против неа.
Таа игра ја играат уште одамна косоварите во Макдонија,не се чувствуваат ни 0,1% Македонци,имаат оформени политички партии,имаат право да гласаат за нив и им е дадено правото да се борат за самите како народ ,а сепак ги користат сите благодети на МК.И тоа е на наша штета, но и кога би се укинало двојното државјанство во вакви услови,ќе изгубиме многу!
 
Јас поседувам двојно државјанство и тоа од земја членка на ЕУ, која не е Бугарија, ама во интерес на зачувување на приватноста не сакам да ја наведам...

Мојата мајка и дедо се родени во таа земја и тоа ми е мене и семејно наследство, на кое сум горда, како и на македонското, всушност не знам кој ви е генералниот став кон овие случаи како мојот, каде причината за двојно државјанство е потеклото семејно...

Инаку не го кријам фактот дека ми е мило што чувствувам сигурност дека можам да ја напуштам Македонија во услови на било каква криза... Јас ја сакам земјата, традицијата, меѓутоа заради импотентноста на луѓето на власт, кои не носат се‘ подлабоко во економска и етничка катастрофа, која може и со територијална поделба да заврши, не гледам зошто не би ги искористила бенефициите да заминам, ако се јави потреба од тоа...

:)
 
Македониjа нема економска и политичка сила да сопре одзумиуванjето на туги пасоши.
По лошо е дека владата не одзема мерки за сопиранjе на овоj тренд.......
А одзимуванjето на БГ пасоши е предимно и само во бугарски интерес(зборувам политички). Не можат ни Македонците да направат партиjа, ни да се борат за некакви македонски права во Бугариja, зошто они се водат на документ етнички Бугари от Македониjа, не етнички Македонци от Бугариja.
 
Чекај, не оди тоа така. Тие во Бугарија се водат како Бугари, и имаат право на глас. Никој не може да спречи некого да гласа за било која легитимна партија во Бугарија. Јас не велам дека тоа ќе се случи некогаш, само сакам да укажам дека таа опција постои.

Инаку, двојното државјанство во Македонија ќе си остане уште многу долго време, Прво, заради огромната наша дијаспора, а второ, заради Албанците.
 
Ако украдеш неколку милиони евра, можеш да му ја здувнеш во било која држава без никакво двојно државјанство, никој нема да те врати.

Ако добро паметам, така направи Березовски, рускиот олигарх, масакр направи у смисла крадење, перење пари, подмитување, кога ја спука со Путин, отиде во Лондон и си живееше таму најнормално без никакво двојно државјанство, иако Русија бараше да го пратат назад, Англичаните одбиваа, дури на крај му дадоа вид на политички азил.

Така да во право си за ова, али зависи и од политичките односи помеѓу државите. :)
 
Така е, само кај Березовски се работеше за милијарди евра. Инаку, со милион евра префрлени на сметка на било која Јужноамериканска држава, нема теорија да те екстрадираат...
 
Македониjа нема економска и политичка сила да сопре одзумиуванjето на туги пасоши.
По лошо е дека владата не одзема мерки за сопиранjе на овоj тренд.......
А одзимуванjето на БГ пасоши е предимно и само во бугарски интерес(зборувам политички). Не можат ни Македонците да направат партиjа, ни да се борат за некакви македонски права во Бугариja, зошто они се водат на документ етнички Бугари от Македониjа, не етнички Македонци от Бугариja.

Па неможат,пошто сте нужникот на Европа,тињи. Јебига,мора некако да ја пополните и вие загубата од -500000 жители на последниов попис. Еден другар бил у Софија пред некое време. Вика катастрофа е. Нигде неможеш млади да видиш. Влези во трафика,тетка стара работи,влези во аптека баба работи. Све младо е избегано на запад.
 
Чекај, не оди тоа така. Тие во Бугарија се водат како Бугари, и имаат право на глас. Никој не може да спречи некого да гласа за било која легитимна партија во Бугарија. Јас не велам дека тоа ќе се случи некогаш, само сакам да укажам дека таа опција постои.

Инаку, двојното државјанство во Македонија ќе си остане уште многу долго време, Прво, заради огромната наша дијаспора, а второ, заради Албанците.
Абсолутно си во право, дека можат да гласат за коj што сакат.
Jaс минатата седмица бев на рожден ден и се запознав за пореден пат со Македонец, журналист коj што е женет во Софиja и си работи и гласа тука во Бугариja. Бил е во сите страни на Балканот како режисер во театар. С него думавме на слични теми и ми беше много полезен. И се убедив дека без проблем може да си jадеме, пиjеме и веселиме - без никаков проблем. Целата работа што има народо проблем е со политичари и историчари....
Да на твоjот коментар дека Македонците ке се борат за македонски интереси во Бугариja, не е точен, оти они се водат на документ и са подпишани како Бугари. Демек нема да имат етничко-правна сила, па и законска, оти по устав етниките партии са забранети.
 
Не мора една партија да има етничка дефиниција, за да биде проетнички настроена. ДУИ се вика Дмеократска Унија за Интеграција, па се знае кои се нејзините цели.
 
Па неможат,пошто сте нужникот на Европа,тињи. Јебига,мора некако да ја пополните и вие загубата од -500000 жители на последниов попис. Еден другар бил у Софија пред некое време. Вика катастрофа е. Нигде неможеш млади да видиш. Влези во трафика,тетка стара работи,влези во аптека баба работи. Све младо е избегано на запад.
Наj малко Македонец може да говори дека комшиjата му живее во нужникот на Европа, погледи си прво дома.
Пуно си е Софиjа со млади луге, коj не верува да дојде да види, па 2 милиона град jе.
Jас ти пишувам дека Македонците со БГ пасоши нема да имат законска основа да се борат за македонски интереси, ти ми отговараш фрустрирано и емоционално :facepalm:
--- надополнето: 5 декември 2012 во 14:30 ---
Не мора една партија да има етничка дефиниција, за да биде проетнички настроена. ДУИ се вика Дмеократска Унија за Интеграција, па се знае кои се нејзините цели.
Со коj што Македонец да сум зборивал, не би се занимавал со ваква агенда, пошто бугаро-македонските култура, jазик, историjа са много поврзани. А народо во Пиринска Македониja e оште по фрустриран от менуванjето на историјата(словени-антички). Споменици на римски имепратор, а римската империja e виновна да се уништи Македониja(старата), споменици на Бугари какко Симеон Радев и Тодор Александров. До вчера Македонците плукаа против Т.Александров, денес му дигат споменик.
До вчера бевте словени, па даже от вас кренало словенството, Денес сте само потомци на античките Македонци па даже и цар от Пакистан имате.
Ова кога го гледа човек отстрани е много фрустрирашто, историja што се проведува како државна политика.
 
Со коj то Македонец да сум зборивал, не би се занимавал со ваква агенда, пошто бугаро-македонските култура, jазик, историjа са много поврзани. А народо во Пиринска Македониja e оште по фрустриран от менуванjето на историјата(словени-антички). Споменици на римски имепратор, а римската империja e виновна да се уништи Македониja(старата), споменици на Бугари какко Симеон Радев и Тодор Александров. До вчера Македонците плукаа против Т.Александров, денес му дигат споменик.
До вчера бевте словени, па даже от вас кренало словенството, Денес сте само потомци на античките Македонци па даже и цар от Пакистан имате.
Ова кога го гледа човек отстрани е много фрустрирашто, историja што се проведува како државна политика.

Малку е хаос, се согласувам...

:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom