Двојно државјанство? За или против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Двојно државјанство?


  • Вкупно гласачи
    102
Може за ова да наведеш за кои држави се работи?
А ја сум неутрален..и за и против..и против и за. Незнам.
Германија и Словенија ти се типичен пример. Ако се стекнеш со нивно се прави отпуст на македонското да речеме. Мислам дека и Украина го забрани ама имаше некој претставки до Уставниот суд, немам инфо до каде се.

Двојно државјанство е дозволено во Словенија, со исклучок на лицата кои стекнуваат словенечко државјанство со натурализација од кои обично се бара да се одречат од странското државјанство кое претходно го имале.



Во однос на темава сеедно ми е. Имање на двојно државјанство подразбира некои овластувања и задолженија кои одат со тоа. Од друг аспект пак неблагодарно ми е да ги имам тие работи а притоа не живеам во таа земја. Кај нас се користи за одбегнување на некои правни замки од аспект на екстрадиција. Но и тоа се решава со некои законски измени и билатерални договори за соработка.
 
Мислам дека треба да има разлика во тоа кој треба да има двојно државјанство.
Мојот девер,кој е 25 год.во Хрватска има нивно државјанство,а и Македонско...што е нормално.
Сум против за Бугарските и Косовските затоа што мислам дека тоа е на штета на нашава држава.
 
Ете Данска не дозволува двојно државјанство.
Кутрите луѓе со данско државјанство, сигурно се чувствуваат обесправено затоа што МОРА да имаат само 1 државјанство, кој знае колку нив им е тешко ако се појави некоја епидемија, економска криза, ќе немаат каде да ја летнат.
Е па не дозволува, паметни се луѓето, неможеш ти да го цицаш системот и бенефициите додека тебе ти одговара, а кога нема да ти одговара парталите и во друг правец.
Да ама Данска е економски стабилна земја,ние сме далеку од Данска!ДАнска може да обезбеди работни места за својот народ, може да обезбеди и регулира да мајката седи дома со бебто 1 година а не 6 месеци ко кај нас(у приватните фирми), може сама да гради фабрики да инвестира во образование и развој на секое поле.Затоа границите на Данска се затворени...секој знае да биде паметен ако е економски стабилен и независен од никого!
И не е нетокму да прими незнам ..Мароканци и да напраат лом у државата,случајот ко кај нас:)Па иди после најди начин да ги избркаш!:mad:
 
Германија и Словенија ти се типичен пример. Ако се стекнеш со нивно се прави отпуст на македонското да речеме. Мислам дека и Украина го забрани ама имаше некој претставки до Уставниот суд, немам инфо до каде се.

Двојно државјанство е дозволено во Словенија, со исклучок на лицата кои стекнуваат словенечко државјанство со натурализација од кои обично се бара да се одречат од странското државјанство кое претходно го имале.
Да и Германија ако се стекнеш со нивно државјанство мора да се откажеш од своето.
Против двојни државјанства во секој поглед.
 
Да ама Данска е економски стабилна земја,ние сме далеку од Данска!ДАнска може да обезбеди работни места за својот народ, може да обезбеди и регулира да мајката седи дома со бебто 1 година а не 6 месеци ко кај нас(у приватните фирми), може сама да гради фабрики да инвестира во образование и развој на секое поле.Затоа границите на Данска се затворени...секој знае да биде паметен ако е економски стабилен и независен од никого!
И не е нетокму да прими незнам ..Мароканци и да напраат лом у државата,случајот ко кај нас:)

И економски нестабилни земји не дозволуваат двојни државјанства.
Данска ја зедов како само пример. Ете ти ја и Германија и Норвешка (економски стабилни земји) штом се стекнеш со нивно државјанство, ти МОРАШ да се откажеш од своето и крај на приказната.
Во Данска можеш да си од Мароко, но ако тој од Мароко одлучи да го земе данското државјанство, ќе си се откаже од мароканското или може да си го задржи мароканското и да не бара данско државјанство. Границите на Данска не се затворени пиле, ‘‘тука си, во ред, имаш да играш како што ние ќе ти свириме и нема трте, мрте‘‘, едно државјанство и почитување на законите, точка.
Неможеш ти со едно државјанство да украдеш милион евра, да ја здувнеш и да користиш друго државјанство.
 
Не ги заборавај луѓето што вадат бугарски пасоши. Тука има огромен потенцијален проблем.

Оваа теза сум ја слушнал многупати, но не сакам да дискутирам на темата за Бугарските пасоши, бидејќи таму има премногу квазипатриоти. Можеш во кратки црти да објасниш каде е опасноста?

Не велам дека нема, или дека има, само ме интересира каде ти ја гледаш опасноста?
 
Да де исто е јас да сум женет со тебе но и да си клецкам одстрана уште една или да си одам ка кој сакам кога сакам и да ги користам бенефициите од двете.
Според тебе јас би имал право да одбирам дали ке ве клецам двете или ке се определам само за една без некој тоа да ми го наложува.
Само незнам дали ти како клецана страна би ми дозволила такво нешто.
Е па исто ти е и со државата.

Другар.. ти многу поинаку го сваќаш сето тоа, јас многу поинаку, го видов твојот првичен коментар и ми беше јасно дека немаме исти ставови, така да џабе јас ќе ти докажувам зошто го имам тоа мислење кога немаме исто гледиште. Ти имаш друго мислење.. и го почитувам, али не можам да се согласам со тебе од многу причини.
 
Неможеш ти со едно државјанство да украдеш милион евра, да ја здувнеш и да користиш друго државјанство.

Ако украдеш неколку милиони евра, можеш да му ја здувнеш во било која држава без никакво двојно државјанство, никој нема да те врати.
 
Што знам, ако веќе сум одлучила да се преселам и да живеам во друга држава и ако се решам да го имам нејзиното државјанство, не гледам зошто би требала да имам две државјанства. Јас сега 30 години живеам надвор и одеднаш на секои 4 години еднаш доаѓам да гласам или да си собирам некои бенефиции. Не знам, не е дека моето е строго против, мислам, ако некој веќе ја има можноста и ја користи, тоа си е негов избор, ама сепак не сум баш наклонета кон двојно државјанство.

А што би рекла за луѓето кои пр. работат и живеат 10 15 год надвор, потоа кога ќе добијат пензија си се враќаат во државата и си ги носат тие пари тука и ги инвестираат.. или едноставно живеат. Дали сметаш дека таквите луѓе исто така не заслужуваат да имаат 2 државјанства?
Оти мораш да ги земеш во обзир и тие работи, има многу луѓе наши шо работат надвор од државава и шо после одреден период се враќаат повторно тука.
 
Оваа теза сум ја слушнал многупати, но не сакам да дискутирам на темата за Бугарските пасоши, бидејќи таму има премногу квазипатриоти. Можеш во кратки црти да објасниш каде е опасноста?

Не велам дека нема, или дека има, само ме интересира каде ти ја гледаш опасноста?

Јас реков дека е потенцијален проблем, не значи дека истиот ќе настане. Потенцијалната опасност е дека бугарската влада за неколку години, ако продолжи ова забрзано вадење на бугарски пасоши, ќе може комотно да тврди дека има огромна бугарска етничка група, врз основа на пасошите кои се извадени. Воедно комотно можат да тврдат пред светска јавност и меѓународна заедница, како има многу Бугари во Македонија, ама власта ги притиска да се пишуваат како Македонци и така натаму. (ова се само првите примери кои ми паднаа на памет, има милион комбинации) Можеби ова нема да се оствари, но е прашање кое треба да се размисли, затоа што никој не дава така пасоши како алва, ако не планира истите да ги искористи некако на политички план.

А што би рекла за луѓето кои пр. работат и живеат 10 15 год надвор, потоа кога ќе добијат пензија си се враќаат во државата и си ги носат тие пари тука и ги инвестираат.. или едноставно живеат. Дали сметаш дека таквите луѓе исто така не заслужуваат да имаат 2 државјанства?
Оти мораш да ги земеш во обзир и тие работи, има многу луѓе наши шо работат надвор од државава и шо после одреден период се враќаат повторно тука.

Затоа реков дека не сум исклучиво против, само дека не сум баш наклонета. Ама реално, тие што живеат 15 - 20 години ретко кога се враќаат, а уште поретко кога инвестираат назад. Тоа се претежно исклучоци.

Јас немам против, ако сака некој да си има, нека си има, јас не би имала двојно државјанство.
 
Јас реков дека е потенцијален проблем, не значи дека истиот ќе настане. Потенцијалната опасност е дека бугарската влада за неколку години, ако продолжи ова забрзано вадење на бугарски пасоши, ќе може комотно да тврди дека има огромна бугарска етничка група, врз основа на пасошите кои се извадени. Воедно комотно можат да тврдат пред светска јавност и меѓународна заедница, како има многу Бугари во Македонија, ама власта ги притиска да се пишуваат како Македонци и така натаму. (ова се само првите примери кои ми паднаа на памет, има милион комбинации) Можеби ова нема да се оствари, но е прашање кое треба да се размисли, затоа што никој не дава така пасоши како алва, ако не планира истите да ги искористи некако на политички план.

ОК, но тоа има и наличје. Македонија може да тврди дека во Бугарија живеат 100 000 Македонци, кои имаат двојно државјанство. Може во Бугарија да се формира промакедонска партија, и сите оние кои имаат Бугарски пасош да гласаат за таа партија. Знаеме зошто Македонците вадат Бугарски пасоши, од нив ниту 1% не отпаѓа на луѓе кои вистински се чувствуваат Бугари.

Бугарија игра опасна игра со пасошите, која може да се заврти против неа.
 
За тие што поддржуваат двојно државјанство... :)
А што правиме со криминалците кои намерно вадат по два пасоша за да можат да прават криминални дејствија во двете држави, ама го користат едното државјанство кога ќе зашвраљаат и со тоа не може да бидат екстрадирани?
Овој дел е критичен и мора некако да се регулира со меѓународно право.

:)

Ускратување на истото пак нема да го реши проблемот. Така да правниот систем треба да биде понемилосрден кон нив а не кон сите оние кои поседуваат 2 државјанства.
 
Јас сум за цел свет под едно знаме/име/државјанство, ама зашто тоа е научна фантастика, подобро да не. Не барем наредни 100 години. Значи сум против, бидејќи 2 или повеќе државјанства можат да се злоупотребат, како на пример во македонија што се злоупотребуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom