Е па Гурџи извини што не ме разбираш, попросто од ова не знам да ти кажам. Што да правам сега јас тука што ти не разбираш?
И еве јас да прашам нешто се ти ме прашуваш:
Што е секта, етимолошки и философски?
Што е религија и по што се разликуваат боговите од различни религии?
Дали разликата е заради луѓето или е суштинска разлика?
Што е вера?
Како верата завршува во бесконечниот вител на религијата?
Кои се религиозни пракси?
Богот е внатрешна или надворешна концепција кај религиозниот човек?
Како варираат праксите кај верникот и зошто?
Сега откако ова ќе си го одговориш (или нам ќе ни одговориш) одиме со темата:
Зошто едно ново учење одстапува од еврејските традиционални вредности пред 2000 години?
Зошто постојат тајни уредувања кои од некоја установена религија се наречени секти?
Зошто станале тајни?
Дали иста е смислата на зборот секта како во прашање бр.1?
Зошто волјата на човекот се врзува со божественост и со религија?
Зошто човекот бара битие и зошто тоа битие мора да има религиозен призвук?
Зошто човекот учи за бесмртност? Страв или незнаење?
Еве бре Гурџи, јас да поставувам прашања да видам како е
Одговарај ако си немаш работа... гледаш колку сум мудар кога поставувам прашања. Дури помудар и од тебе сум сега со овие прашања!
Немој сега да ми одговараш простачки. Ако не сакаш да одговараш кажи. А да ми даваш паушални одговори, округло па во ќош, немој. Тоа може да го правиш пред пријатели на маса додека пиете ракија..