Ако на тоа болдираното му додадеш сакате ли така?-ДА-НЕ и го ставиш на рефендум,што мислиш каков ќе биде резултатот?Што мислиш дека нашиве политичари би одговориле на тоа прашање?
Иако не вадиш некоја поента, ниту пак одржуваш некаков контекст со постов, ќе ти одговорам.
Многу комплексна работа упростуваш. Прво, за да бидеме јасни ќе го повторам делот кој би ја опишал опседноста на Бугарија за изгубената мајка Македонија:
За да можеме овие работи да ги објасниме мораме да ѕирнеме во блиската историја. А за да може да се долови моментот на играта на Бугарија во последните 100 години, ќе го кажам тоа со религиозни зборови:
Бугарија последните 100 години се здружи со трите инкарнации на ѓаволот само за да ја има Македонија!
Што се однесува до референдум, народот ќе одговори на тој начин на којшто ќе биде поставено прашањето. Но имајќи ја во предвид меморијата на народот (секој имал дедо партизан итн) тешко дека Бугарска кампања би поминала кај нас позитивно.
А и на крајот на краиштата, зошто воопшто би било нормално, кај нас да се одржува референдум за надворешната политика на нашиот сосед.
Што се однесува до историјата, тоа е точно таа може да се фалсификува, но ние можеме да спориме за св.Кирил и Методиј. За Втора светска војна се има неприкосновени факти, архиви, слики, па дури и снимки. Тоа ти е како да збориме за сегашноста. За последните 100 години не можеме да спориме. Бугарите во втора светска војна биле окупатори и во сојуз со нацистичка Германија. И тоа не е Македонско тумачење на работите, туку е запишано во сите светски истории, освен во Бугарската очигледно.
Значи доаѓаме до моментот, политиката на Бугарија во моментов ми изгледа вака: на сите страни и со сите средства ни го нудат спасот. И пошто ние не го прифаќаме почнаа со сила и со услови да ни го наметнуваат. Значи принцип на работа на сектите, поготово јеховини сведоци и сајантолози. Да не почнеш муабет со нив, ќе се најдеш како дрдориш безвезни муабети со саати. Е слични се и Бугариве, види ги тука на форумов. Да се чудиш, присутни се речиси 24/7. Немаат друга работа и губат време само тука?
Но еве и да не е така, да се напраиме наудрени. Све е цвеќиња и розово. Зошто уцена? Не ми е јасна уценава. Јас би ги прашал, што ќе се деси ако не го изградиме, војна?
Значи никој, ама баш никој во Македонија не спорел за потребата на овој коридор. Никогаш никој во Македонија не рекол дека тој коридор не треба да се прави. Сега доколку би бил власт би се запрашал, што им е толку важен и итен овој коридор на Бугарите, и зошто е оваа нервоза, да го стават овој коридор како услов за добрососедски однос или поедноставено да не уценуваат со неговата изградба. Би ангажирал експерти, и би го зголемил влогот. Ние сме поврзани со Солунското пристаниште и нас тој Коридор не ни е неопходен и доколку на Бугарите им треба и им носи економски бенефит, нека повелат нека си го изградат. Или нека побараат од ЕУ и НАТО да го спонзорираат Коридорот 8, пошто тој коридор поврзува две НАТО земји.
Или пак да го направиме коридорот со Руски шини за да може Црноморските и Јадранските пристаништа да се поврзуваат само со Македонски возови (секако да се набават претходно), за да коридорот ни биде исплатлив и нас.
П.С.
И јас не ти го цитирам цел пост.