Направи сам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
DIY позиционо светло

Го пренесувам во целост туторијалот за направи сам ЛЕД позициони светло:

„Никола Војновски aka ExtremeBt, дизајнер и аниматор, Senior Flash/Flex Developer во Invideous Limited, со-основач на Mafia.mk во слободно време го реставрира своето BMW 315, модел E21 од 1981 година, па во разговор со него зборувавме за употреба на LED светилки наместо предни халогени светла (за нешто слично пишував овде) каде што ми кажа дека сам направил позициони светла од отпорник, лед диода и старо позиционо светло, по што му предложив својот проект да го престави на нашиот портал и тој веднаш прифати.

Бидејќи една слика може да замени многу зборови, решив голем дел од самиот проект да го прикажам со илустрација и фотографии. За реализација на следниот проект се потребни следниве елементи:
- позиционо сијаличе (старо, може и прегорено)
- бела LED диода (средна големина)
- отпорник 670 оми
- божур трака
Изработка:

- Се зема позиционо сијаличе од автомобил, се крши стаклото, се отстранува делот внатре, да остане само металното куќиште
- Раководејќи се според шемата десно на сликата, се лемат елементите како
што е прикажано десно.
- После лемењето, делот каде што е отпорникот се изолира со божур трака.„

Сликите на мајсторијата
Добро ова не е исто и да си купиш лед позициони сијалички ?
за 150 денари од ауто стил скоро година ми тераат мака немаат
 
Ве молам за помош...Земав од еден другар радио blaupunkt ама ко го поврзам во автомобилот не ми дава никаков сигнал..како да не е поврзано на струја...дали има некоја финта со кодирање итн.?
најди некој што се разбира оти јас го зезнав едно радио така, а ако веќе сакаш сам првен врзи ги звучниците па после другото и ако има жолта жица таа мислам требаше со плусот заедно да оди
 
најди некој што се разбира оти јас го зезнав едно радио така, а ако веќе сакаш сам првен врзи ги звучниците па после другото и ако има жолта жица таа мислам требаше со плусот заедно да оди
Жолтата е + со вклучен контакт. Ако само таа се врзе на радиото, радиото ќе работи само со контакт. Ако се врзе заедно со црвената, и двете заедно на + од радио, тогаш ќе работи и без контакт.
Црната е маса... зелена, сива, бела и кафеава и уште по една таква со црна линија се излезите за звучници...
Темно сина ако има на радиото, таа е за електрична антена...
Портокалаова за телефон...
Така некако одеше.
Пишував некаде за поврзување радио.
 
Добро ова не е исто и да си купиш лед позициони сијалички ?
за 150 денари од ауто стил скоро година ми тераат мака немаат
Да, то е то.

Јас гледав ЛЕД позициони со 8 диоди, ги користат како светла за ден, работат на 12 волти, и даваат сосема солидна светлина за денски да не ги гориш сијалиците непотребно. Башка ако знајш да ги врзиш одделно од светлата (засебен тастер) го избегнуваш непотребното светење на таблата, инструментите низ автомобилот, задните светла....
 
Лепење на бандажи со црна мат фолија... ајде мислења позитивни и негативни сите се добредојдени :)


2012-11-25145949_zpsae61dfdf.jpg


2012-11-25145931_zps5535d9e0.jpg


2012-11-24153009_zpsf62f5ed8.jpg
 
Лепење на бандажи со црна мат фолија... ајде мислења позитивни и негативни сите се добредојдени :)
Не беше попаметно да ги исфарбаш? Фолијата прашање на време е кога ќе почни да бледнее и да се одлепува по крајовите.
 
Не беше попаметно да ги исфарбаш? Фолијата прашање на време е кога ќе почни да бледнее и да се одлепува по крајовите.

Dzish, најискрено не ни размиливме за фарбање на бандажите, бидејќи после фарбање не са враќаат во старата состојба така едноставно, а вака со фолијата може комотно вадење без никаква оштета. Кога би ги фарбале ке треба целосно фарбање, а тоа ќе делува многу спортски што не доликува на ваков автомобил.:)

Што се однесува прашање на време...
Оваа фолија е...
mactac_bemis_rgb.jpeg

... ја сметам како добра, пишува дека издржува 5 год надворешни влијанија. Знам едно комбе кое што е лепено со истава фолија веќе 7 год. Епа да веке е избледеана, но е 7 год.
Ајде сето ова нека падне во вода нека е само маркетинг трик... немора 7, ниту 5, ниту 3 год. Доволно е 1 год да издржи, сепак се исплати. :)
 
Во секој случај... чим ти прави мерак, нека е!
Мене лично не ми се допаѓа, ама сепак ти си знаеш. А трајноста на решението е сосема друга работа.
 
Лепење на бандажи со црна мат фолија... ајде мислења позитивни и негативни сите се добредојдени :)

Некако визуелно као да ги смалува бандажите, или така ми се чини?
 
еве ист пример со фолија на бандашите само овдека се далеку подобро испаднати поготово во живо кога ги гледаш


167966_126883384048738_2454238_n.jpg
167214_126883427382067_2985192_n.jpg
 
Пробај напрај го и венецот на бандажот црн, како шо е на крузот па види како ќе биди.
 
Се рабори за браник за шкода фелиција браникот ми е закачен и е изгребан од едната страна ама има така едно неколку длабоки линии е сега како да си го средам јас тоа во домашни услови, дали да ја ишмирглам бојата убаво ама тие линиите сто се длабоки со што можат да се китираат, и со што подлога да нанесам после дека ќе се фарба пластика ако има некој искуство нека кажува
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom