leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Donald Sikert; никој не е совршен нели. Еден игра игрици, друг се коцка, трет од кладилница не излегува, четврт само пие, некој цело време брка жени, има врски каде партнерот се дрогира, некаде е насилен, некаде пати од шизофренија, на друго место цел ден памет ти дели паметњаковиќ сета ја разбира, итн. И сега се наоѓаш во врска која била прекрасна и со текот на заедничкото живеење партнерот станува мало дете и си игра игрици по цел ден и си велиш ајде ќе му помине, еј па има и полоши, мојов е злато. Кога ќе сфатиш дека он нема никаква намера да го мрдне газот и да сработи нешто поминале уште две години. Константно се труби приказната дека нема работа, никој никаде не го вика, врски нема и слични ствари. Она што е добро во целата приказна е што прагот на толеранција на жената кога ги носи финансиите е далеку пониска одколку маж да те рани. И тука настанува кушлус. Тука се прекинува засекогаш.
Се разбира ова не е проблем додека си тинејџер или си на факултет, станува проблем кога веќе планираш иднина со тој човек, живееш заедно, создаваш нешто. Станува проблем кога едниот планира и придонесува, другиот само лежи си игра игрици или си гледа фудбал. Единствено излегување од дома му е да истрча една партија фудбал со другарчињата. Најтрагично е што мисли дека нема проблем во врската.
Никој ова неможе да го поднесе, се појавува нерешителност да го остави вистина, но се си зависи од карактер некоја порано некоја покасно. Важно ова го има и се случува во врските колку да звучи неверојатно. Нешто налик зависник од кладилница, цел ден се прати фудбал, цел ден ливчиња се пишуваат, цел ден се збори за Арсенал, идеш на кафе он отвара билтен, статистики се гледаат, иди истрпи го. А навидум немаш проблем, уствари ти имаш голем проблем