Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е добро е , ајде влезете прва лига со душа чекам и дај средете се бе од увек сте биле на трибина и било каде без обележја тоа ви е голем минус толку ли се пичкате

Mada pola kosovo im bese dojdeno za toa marshot ali nema veze :D
 
кембари Битола сподели линк.

пред 9 часа во близина на Bitola

На неделниот натпревар ПЕЛИСТЕР - Тетекс со почеток во 13.00часот, на влезот за ЧКЕМБАРИ ќе биде поставена кутија за собирање на парични сретства за лекување на малата Јована од Битола. Затоа во недела во што поголем број за да ја покажеме нашата хуманост !!!

Јована Ѓоргиев
Тутунска Банка
210 700000 6021 18
Донација за лекување
Телефон за контакт: 077 523 727 Aна Ѓорѓиев

http://www.donacii.mk/2012/10/20/apel-za-pomosh-na-jovana-gjorgiev/
 
По настаните коишто се случија во нашата држава минатиот месец ние навивачката група Комити прогласуваме еднострано дека на натпреварите кои што ги игра нашиот клуб во било кое натпреварување ќе ги смениме критериумите на навивање.
Имено против секој македонски клуб повеќе нема да практикуваме негативно скандирање на било која основа. Најстрого забрануваме нашите членови да напаѓаат физички или вербално други навивачи Македонци без разлика дали на натпревар или надвор. Мотивирани од помислата за обединување, прогласуваме дека ќе ја закопаме непријателската секира.
Да направиме примирје кое ќе биде само почетен основ за понатамошна соработка, бидејќи нашата држава е над се, и секое ривалство мора да се згасне доколку сакаме понатамошна соработка.
Ги повикуваме сите навивачки групи да не известат доколку имаат било какви идеи во кои ние секако би се приклучиле, да го надминеме егото и ривалството и да почнеме да гледаме за една поголема цел. Нека ова биде само прелиминарна согласност за сите навивачки групи да покажат иницијатива за обединување.
Како прва акција предлагаме овој викенд да се извади парола “Послушајте патриоти” на црвена позадина со жолти букви која што ќе стои на оградата на сите трибини, а ќе биде попратена со истоимената песна.
Ние ја поддржуваме секоја иницијатива, така што ќе ја поддржиме и идејата на Фемили Аеродром и ќе понесеме Македонски знамиња на нашата трибина во Недела.
ПОВИК ДО СИТЕ!
Ова нека биде само почеток на нашиот глас !
Од мали идеи до големи чекори!
ВО НАПАД ВО НАПАД ЗА МАКЕДОНИЈА и ПРЕДАВНИЦИТЕ ПАТАТ !!

Извор

Браво за Комити, повик сосема оправдан и на место. Се надевам дека ќе проработи свеста и кај останатите навивачки групи и ќе се придружат кон оваа акција.
 
треба да се соберат воџите на иста маса. вака на интернет ништо не прајме :S
Затоа им напоменав како повозрасни членови да апелираат во групата, доста беше немате аеродром, 63та нз што, Македонија пред се.
 
ова ми е безвезе некако ,ај ненапаѓање ама да не смее да се пее?
 
ова ми е безвезе некако ,ај ненапаѓање ама да не смее да се пее?
слободно пеј си за клубот, бодри го ама не ги вреѓај другите (ме разбираш мислам, според то шо го напишаја комити погоре, да не се напаѓаме меѓусебно)
 
на тоа и мислев,тие вреѓања на туѓите клубови се дел од навивањето.Али ај си има кој да одлучи за се.
 
Последниве години, секоја навивачка група сака да ги искорени или пак се помалце да ги пее песните против другите клубови и навивачки групи.
Ова е права прилика тоа истото да се примени во целост.
Јас ја подржувам идеава, и се надевам набрзо ќе се приклучат сите навивачки групи. Пред се најголемите 4-5.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom