Роди ме мајко во Швајцарија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Роди ме мајко во Швајцарија!


Која земја е најдобра за здрав и среќен живот? Според студијата на британската The Economist Intelligence Unit спроведена во 90 земји во светот најдоброто место за да родите дете во 2013-та година е Швајцарија.

Швајцарците се посреќни и имаат поквалитетен живот од жителите на сите други земји, пишува Daily Mail.

Од земјите кои се наоѓаат во нашето соседство најдобро е да се роди дете во Словенија. Веднаш зад неа следи задолжената Грција која котира на 34-тото место, а потоа се редат Хрватска, Србија и Бугарија кои се на 46-то, 54-то односно 61-во место. Во листата на земји ја нема Македонија.

При спроведувањето на истражувањето се земени во предвид повеќе фактори и тоа: богатство, стапка на криминал, доверба во јавни институции, добар семеен живот, положба на земјата, демографија, состојба на државата во однос на светската економија, културолошки карактеристики, друштвен статус и колкав ќе биде доходот по глава на жител во 2030-та кога децата ќе бидат полнолетни.
najdobra_zemja1.jpg

Швајцарија земја од соништата

Ваше мислење околу оваа проблематика? Која странска земја пружа најдобри услови за раѓање и одгледување деца...?​
Целосна листа тука
 
ГО делам истото мислење! За мене Швајцарија е една од најдобрите земји,т.е прв ана листата....создадена е од италјанци,французи,шпанци и др народи...ама нема масовна поделба на населението.Секоја година е number 1 на листата на најинвентивни земји,и едни од најбогатите банки се лоцирани токму во Швајцарија како и најуспешни компаниии :))))
 
Во текстот се спомнува географијата односно езерата и планините дека биле богатството. Ги имаме и ние ама не знаеме да ги искористиме. Таму очигледно богатството е народот и степенот на интелегенција кај народот. Таа држава граничи со исто толку развиени држави и нормално е дека целиот регион е таков каков што е.
 
Германци друже,Италијанци,Французи и Германци.
Гледам си се поправил и други народи си напишал,нема други народи тие се.:tapp:
Ма тргни и со лупа.....ке најдеш шпанци! Нив ги вбројувам секаде,оти бев у шпанија и 1,3% од населението во Швајцарија учев дека се шпанци :D
 
И таму не тече мед и млеко но за разлика од други места таму е најубаво (y)
 
Ма тргни и со лупа.....ке најдеш шпанци! Нив ги вбројувам секаде,оти бев у шпанија и 1,3% од населението во Швајцарија учев дека се шпанци :D
Швајцарија има три административно-територијални единици,кантони,а во Швајцарија полно е и Балканци.
Најзастапени се Германците,па следат Французите и најмалку застапени се Италијанците.
Не мешај баби и жаби правиме муабет кои се официјални јазици и кои народи се најзастапени.
 
Македонија е 1000 пати поубаво место за живеење како клима, како географија.
Само народот не го бива. :)

Тоа и јас многупати го велам;)
Замисли што чуда и врагови ќе направеа Скандинавците со ваква клима и ресурси.
Ние не знаеме ништо да искористиме, ама затоа за јадење бурек и сеир сме први:LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom