- Член од
- 19 октомври 2011
- Мислења
- 296
- Поени од реакции
- 253
Играјки на овој начин со поголеми уплати, со 200 Е почетен капитал, capital been the wrong expression in this context, отидов во 40.000 плус...
Фатив 3-4 викенди, буквално све што уплаќав, излегуваше ... Суми од 2000, 3000, до 5000 сингл. Фатив 1 на Селтик со 500 уплата, Јунајтед во гости 2&3+ на 4 000 уплата, Челси со Шахјтор 1 со 4000 уплата, у уште некои ливчиња со по 100-150 Е добивки.
Прво почнав со 2 ливчиња, едно со уплата до 1000 денари, евентуална добивка 5000, и второто уплата од 4000 за добивка од 15 000 - 20 000. Првото секогаш го играв да ме вади за второто. И ми се посреќи саглам.
Ливчињата ги има во добивка, и се тргав на страна. Ме фатија 2-3 лоши викенди, и отидов во минус 28 000. Сега сум уште во минус, но ја анулирав таа сума во значителна мера сега сум на 4 цифри.
Мој совет ти е да не ја правиш мојата грешка. Никогаш не играј натпревари од ист ден, само сабота на пример.
Следи ги внимателно неколкуте тима, и околу нив нека ти се базираат уплатите. На 3 пати згрешив што врзав тим за кој немав доволно информации со кој состав ке игра, и го врзав на ливчињата. Не уплаќај повеќе ливчиња со еднаква уплата. Уплатата темпирај ја на едно од најсигурните ливчиња да те вади за целата уплата и не врзувај утакмици со тоа ливче, никако.
Oткако почнав внимателно да следам состави, повреди, голови, ми се вратија добивките.
Никогаш не играм 2-ка, која е под 1.50 коефициент, и 1 кој е под 1.20, зашто не се исплати ризикот.
Пари има на тој начин, ама треба многу пазење, и што е најбитно, да знаеш кога да си дадеш тн cooling off период. Ако си фатил пари сабота и недела, никогаш немој да играш вторник-среда со големи уплати. Така ја ги спискав сите. Ако играш, играј на мали уплати, максимум до 500 денари...
Така е бе друже ќе те поддржам во оваа дискусија да не викаш све контра сум ти идел.
Bankroll management е клучот за добивка на кладилница. Со мудра, трпелива, макотрпна игра и со многу многу среќа до многу добивки и многу пари.
Добро, не е баш се среќа, ама си има свој удел. Најважно е да се игра во согласност со буџетот и да не се надминува со уплата 30% од целокупниот буџет. Ова е тешко изводливо у пракса у принцип пошто тоа би значело ако имаш буџет од 1000 денари, да коцкаш максимум 300 денари што е 30%. Сепак овие 30% би кажал дека важат за покрупен буџет. На пр. ако имаш 10 000 ден. на располагање, да ризикуваш до максимум 3000 ден. во вкупни уплати за тековниот ден.Друга поента е играње на 2-3 утакмици на тикет, пошто реално така се прави пара, а играње тикети за 20, 30, 50, 100 денари со по 7-8+ утакмици е... онака, за пратење и надевање.
Ја категорично тврдам дека има пари од кладилница, не е дека нема, еве ја сум жив пример.
Сериозно, откако почнав да применувам менаџирање на буџетот, гледам дека има аир од спортска. Секој ден ќе си кажеш толку максимум пари сум спремен да коцкам (читај: да изгубам) и толку ќе вложиш. И нема да играш дополнителни тикети за да се “вадиш“ од евентуална загуба. Секогаш има нареден ден и наредни утакмици, треба да се игра со смирена и ладна глава, а не со вжештена глава и нервозно пишување на типови, уште еден key for success.Дуплирање на влог после загуба е исто лоша работа, освен ако не сме ептен “сигурни“ дека ќе добиеме, иако најчесто таквите уплати уште повеќе го потонуваат бродот. Знам како е, некогаш сум бесен кога ќе изгубам и сакам све да вложам и да ја вратам загубата, ама затоа преслатко е чувството кога наредниот ден не само што ја враќам загубата, туку одам и во плус. Тоа е тоа што го зборам, да преспиеме и да го прифатиме поразот во тој ден пошто утрото е попаметно од ноќта.

И за крај би поентирал, сингл си е сингл.
Таму се прават, ама и се губат доста пари. Гледано на long term, кој е добар играч, би требало на крајот на месецот да е во позитива ако игра сингл и се држи до одредени правила. Секако има и лоши периоди, ама кога тогаш ќе почне добитната серија како што ти си имал, колега vidooq. 
За коефициенти ќе си кажам од мој аспект. Лично не играм под 1.50 коеф. во било која смисла. Море испод 1.60 не играм, најсериозно го тврдам ова, а за сингл да не правиме муабет.
Така што и ден денес не ми се јасни некои што играат 1.15 или 1.20 коеф. кога во 90% од случаите на таквите утакмици се дешаваат “изненадувачки“ резултати. Не е секогаш така, ама ти мислиш сигурна победа на тимот заради малиот коефициент, а на крајот тимот разочарува. За сингл над 1.70 квота мислам дека е оптимално. Се држам до правилото да имам добивка барем 50% од уплатата т.е. ако уплаќам 3000 ден. сингл минимум добивка да ми е 4500 ден. т.е. како да сум одиграл 1.50 коеф., ама сепак гледам над 1.70-1.80, а најчесто околу 2.00 коеф. пошто сакам да се дуплирам, многу јасно. 
Тоа е тоа у глобала, we can do it if we work as a team, а не само да се препукуваме, како што некои членови упорно го прават.

И најнакрај, како шлаг на тортата од ова филозофирање
, би кажал колку и да знаеш информации за составот на тимовите, кој ќе игра, кој е повреден итн. ако решиле натпреварот да го наместат или фаворитите да кикснат, џабе е све. Затоа, со малку среќа ако ги избегнеме таквите утакмици, добро ќе биде. Тоа е тоа да сумирам.
Кај што има пари, нема правда.
А во кладилници и те како има пари, па многу е јасно дека некои натпревари нема да завршат како што треба само за кладилниците да имаат пари и да ги исплатат своите вработени, а и газдите да здиплат некое милионче во својот џеб. 