Бугарија испорача три услови на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Нема влијание тука, инаку зошто да не?

:P
Самодоволноста е еден од основните постулати на шинтоизмот. Не ни треба некој со влијание, туку самите да станеме способни да ги решиме проблемите. На пример Акихито може да испрати нинџи да не истренираат и после да ги замаваме шипоите. И некоја гејша ако има на располагање, разбира се.
 
Тоа е сериозна работа. Потребна е координација на државно ниво, помеѓу власта, црквата и академијата. Кога ќе видиш кој се седи во тие институции, веднаш ти текнува дека зборуваме за научна фантастика...

Знаеш колкава храброст и какво визионерство треба за еден таков чекор?

Научна фантастика. Кој може да им ги земе џиповите, парите и имотите на нашите црковни аждери. Уствари ако им дадат пари на нашиве за пет минути ќе ги научат и тие песни :D
 
И, тоа ли е решението за Албанците??!
Да потпаднеме под бугарско влијание?
Демек Бугарите се загрижија многу за нас како што вели овој фми (кога ќе ни ја затвореле границата да сме имале резерва), па затоа толку добри барања ни испорачале. Се што прават во однос на нас го прават поради нивни (и само нивни) државен интерес.
Бугарите имаат неискрени намери. Тие тоа јавно го изјавуваат, и не знам што е подобро дали во најлошиот случај да бидеме македонско малцинство со автономен статус во Илирида или една безлична бугарска провинција.
Решението не е сојузништво со соседите бидејќи тие се докажале во секој момент од историјата какви пријатели ни се.

Koe црно влијане бе батка, во Македонија нема ни 2% бугари, како може да подпаднеш под бугарско влијание со тоа што ќе ги подобриш односите со соседна држава, кој вика дека ќе станеме бугари преку ноќ доколку седнеме на маса и разрешиме нејаснотии околу историјата, (и кој кур таа ебана историја е фактор за подобар живот и напредок во општеството) бугарите сакат да слават заедничка историја, слават ликови од историјата кои ние ги славиме како семакедонски, Кирил и Медодиј се словени кои ја создале словенската азбука кирилица, истата ја користат и бугари и руси и сите словенски народи, што има лошо во тоа што тие ги слават и ги сметат за свои предци? и ние ги славиме и величиме затоа што користиме нивна азбука и писмо, дај доказ дека биле семакедонци со национална македонска свест? пишан бришан било каков документ каде се докажува нивната национална припадност. Бугарите Македонците се словенска група на народи, слична култура, слична традиција, слична историја, слично писмо, па нормално е дека ќе се препираме за историјата се додека бараме влакно од јајцето, ние сме од марс, вие сте од венера, ама по некоја чудна коинциденција и покрај тоа што сме од различни планети совршено добро се разбираме јазично... па како тоа?
Тие срања со историјата можат да се решат за еден месец, доколку се погледне на реалноста во очи и се отфрли таа глупава националистичка навиеност, секој ебан бугарин кој дошол на форумов е направен од магаре подолу само затоа што е бугарин, без разлика дали дошол да дискутира за историја, фонетика, или љубов и секс....дали е тоа дискриминација? а зошто дошол бугаринот на македонски форум, и шо кур бара на македонски форум, епа го разбира нашиот ебан јазик затоа дошол, сигурно нема да отиде на албански или палестински форум...
Националистички срања има во секоја држава, можеби бугарија ја призна прва македонија за да не подпадне под српско-грчко влијание, скриени намери но сепак ја призна, а тоа е најбитно...нормално се е од интерес тоа не е спорно, но има различни интереси, на пример интересите на граганите во македонија со муслиманска вероисповед и албански национализам се да ги убијат каурите и да направат голема албанија....дојдоа нивните главатари стед Скопје и си прогласија албанска територија и никому ништо, а ние се фатифме за гуша со бугарите кои побарале 3 услови...значи каква е споредбата..

Еве ги условите...

1 Младенов бара од македонското раководство да потпише Договор за добрососедски односи и соработка кој ќе се базира врз договорената Декларација од 1999 година.
.....да се базира на декларацијата од 1999, значи има место за дијалог, она што ни смета нам може да не биде прифатено, битно е да се започне отворен дијалог...

2 „На второ место треба да биде изградбата на неопходната инфраструктура за засилена соработка при што треба да се создадат работни групи за подобрување на меѓусебните односи во клучните области. овде не гледам никаков проблем, и незнам каде вие го гледате?
3 И трето, Бугарија предлага создавање на Совет на високо ниво на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници“, се наведува во писмото кое го лиферуваше бугарското МНР.
исто и овде, заедничка владина седница...што има тука штетно за македонците?

Напалени националисти има на сите страни, ако земаме репер од нив, најдобро ке биде да изградиме дваесет метарски зид околу државава и да се забарикадираме до крајот на светот..
 
Koe црно влијане бе батка..
Нема да те цитирам целосно, бидејќи е бессмислено.
Влијание бе, батка. Знаеш што е влијание, политичко, културно и така натаму.. Бугарија е најголемиот проблематизирач и негатор на македонската самобитност, а тоа е темелот на нашата државност и национална идеја.

Еве од извештајот на ЕУ за односите со Бугарија:

"There continue to be close ties with Bulgaria, notably in the economic sphere. Developments
during the reporting period highlighted the need for more dialogue to overcome possible
misunderstandings and different perceptions concerning historical, cultural and ethnicity based issues. Recent statements at the highest level have confirmed the willingness to move forward."

Проблемите од ваква (историографска) природа не се решаваат со спогодба, не се решаваат со дискусии на историчари, не се решаваат за еден месец. Се работи за различно гледање на работите и тука нема ништо чудно. Проблемот е кога едниот го обвинува другиот дека "криво гледа" и сака да го наметне своето гледање како единствено исправно. Тоа е како да се бара одговор која религија е поисправна и повистинска.
Бугарите како и Србите претендираат на влијание врз целокупното таканаречено словенојазично население во Македонија.
Инаку да, секој Бугарин (добро еве не сите ама 90 %) на форумов е овде заради нивниот влажен сон за бугарска Македонија.
karan, ти смета што се случува среде Скопje и скоро пола Македониjа, спремен си за пресметка со клетите Албанци, или овде можеш како куче да лаеш само и да плукаш врз наводно лошите Бугари?

Ако, ако, има да се молите на Деве баир да ве пуштат преку граница како што се тргнати работите...
Куче на мајка ти да и викаш.
Инаку ако мислиш на мене кога спомнуваш националисти, јас не сум и не се сметам за таков. Ми пречат обидите на кој и да е што изигрува петел во мојот двор без разлика дали е Албанец, Србин, Грк или Вулгарче.

А извини да те прашам, дали е от интерес на РМ да се изгради коридор 8 или не е во интерес за да подржи Србиja и Грциja,кои држат коридор 10? Ем албанците ви велат,дека не инвестирате во нивните обштини, ем сакат поврзуване, ем вие барате автопати... Дали можете да дефинирате еден пат вашиот национален интерес?
Вие бевте барателите на новите гранични премини при Берово и незнам каде беше?
Види, има разлика од интерес до интерес како што има разлика од ќотек до ќотек. Ако коридор 10 го држат Грција и Србија коридор 8 ќе го држат Бугарија и Албанија. Моменталната поставеност на државната политика на Албанците и Бугарите во однос на Македонија е поштетна од односот на Србија, па дури и на Грција кон нас.
Вие удирате против основите на македонската национална идеја и државност за разлика од Србите, па и Грците кои за волја на вистината не ја проблематизираат нашата самобитност туку именувањето.
Доколку имаме потреба ние сами ќе донесеме одлука за изградба на коридорот 8 нема потреба да не понижувате со уцени (иако мислам дека и без тоа владините министри на неколку пати споменуваат дека ќе се пристапи кон реализација на овој инфраструктурен проект).
 
Абе си ираат со нас како стасат ! Дури и се да прифатиме што бараат и јужните соседи па и овие крадциве пак ќе измислат нови услови само за нас за да влеземе во ЕУ! Се додека трчаме по нив вака ќе прават! Нека прекинат се не ни треба еу и нато зашто некој да те условува за нешто ?
 
Тоа е сериозна работа. Потребна е координација на државно ниво, помеѓу власта, црквата и академијата. Кога ќе видиш кој се седи во тие институции, веднаш ти текнува дека зборуваме за научна фантастика...

Знаеш колкава храброст и какво визионерство треба за еден таков чекор?

Малце забега со муабетов, демек нашето лично верско убедување зависи од челниците на државата.

И не знам на каква храброст мислиш со муабетов, пичката дали е бричена или зарасната пак ќе си биде пичка, па колку сакаш ти прави и форми.
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 22:42 ---
А извини да те прашам, дали е от интерес на РМ да се изгради коридор 8 или не е во интерес за да подржи Србиja и Грциja,кои држат коридор 10? Ем албанците ви велат,дека не инвестирате во нивните обштини, ем сакат поврзуване, ем вие барате автопати... Дали можете да дефинирате еден пат вашиот национален интерес?
Вие бевте барателите на новите гранични премини при Берово и незнам каде беше?

Ти изгледа мислиш дека со огледалото правиш муабет, па бликна од среќа дека си нашол будала за да поразговараш.

Овој добронамерен „услов“ е ставен на листата чисто од причина да не’ воведе во блуд колку тоа вие ни мислите добро, па дури и билатерално ќе не обврзете самите да си го поправиме стандардот на живеење и патничката инфраструктура. :facepalm: Замисли кои будалаштини.

Пази после секој ќе ве сака за комшии :)

Ние имаме вина за вашата лоша мегународна положба?

Вашата географска положба, несомнено негативно влијае на нашата севкупна положба.

И каква корист имаше например Бугариja да ви донира вакцини за вашите деца?

Браво друже, секоја чест, знаеше да го одбереш вистинското прашање за да допреш до мајчинскиот инстинкт на Леандра, сега сигурно девојката отиде до ВуЦе да се смири и замие, ја расплака бе аман, удираш кај што највише боли. (y)
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 22:52 ---
Ние Македонците имаме невиден талент за самозалажување. Кои реално ни се опциите, во светло на наездата на кечињата?
Ако пукне војна, три четвртини од нас ќе исчезнат во непознат правец, но за тупкање в гради тука на форумот, сите сме јунаци.

Малку реалност и објективност нема лошо да ни дојде...

:cautious:

Ни требаат луѓе ко тебе, за у партија.
Секогаш им се восхитувам на оние кои во недостиг на корисни опции, се брзаат за било која опција. Затоа и ќе бидеме само овци за гласање, ептен сме мераклии да „бираме“ било што, било кого, битно изборот кој сме го направиле да тепа, а дали реално ќе придонесе кон нешто подобро, нема потреба да мислиме на тоа, после пак ќе имаме шанса да „бираме“ друга лоша опција.

Правиме државни политики ко да е „игра на среќа“ работава.
 
Нормална пракса.
Бугариjа има редовни заеднички владини седници со Грциjа и Израел, а исто така и со Романиjа и Турциjа.
Редовни заеднички владини седници има примерно и помету Германиjа и Франциjа.

Точно, потполно се согласувам со тебе! Вие имате комуникација со многу држави, што ќе ви е Македонија?!
На тие седници со Грција расправате за компирите (кратовките) кои им ги украдовте и за пензиите (им го разбивте пензискиот систем на јужниве), со Израел расправате колку Евреи пративте во логорите, со Романија се договарате како да ја сјебете Европа, со Турција се расправате за вашето потекло, на Германија и плачете што ја немате цела Македонија, со Франција се расправате за Циганите што се раселија низ Европа, а најмногу во Франција.

Имате доволно материјал за наредните 5 милениуми. Ај, заборавете ја Македонија!
 
Имате доволно материјал за наредните 5 милениуми. Ај, заборавете ја Македонија!
Ex да беше возможно да ја заборават својата мајка Македонија изгубените ни браќа, од 1913 година во Истанбул ќе се збореше Бугарски :)
 
Малце забега со муабетов, демек нашето лично верско убедување зависи од челниците на државата.

И не знам на каква храброст мислиш со муабетов, пичката дали е бричена или зарасната пак ќе си биде пичка, па колку сакаш ти прави и форми.

Ни требаат луѓе ко тебе, за у партија.
Секогаш им се восхитувам на оние кои во недостиг на корисни опции, се брзаат за било која опција. Затоа и ќе бидеме само овци за гласање, ептен сме мераклии да „бираме“ било што, било кого, битно изборот кој сме го направиле да тепа, а дали реално ќе придонесе кон нешто подобро, нема потреба да мислиме на тоа, после пак ќе имаме шанса да „бираме“ друга лоша опција.

Правиме државни политики ко да е „игра на среќа“ работава.

Не знам на која партија мислиш, не би сакал да бидам член на ниту една партија што мене ме прифаќа за член.

Зошто имам чувство дека не живееш во Македонија? Како од некоја паралелна реалност да доаѓаат твоите постови...
 
Види, има разлика од интерес до интерес како што има разлика од ќотек до ќотек. Ако коридор 10 го држат Грција и Србија коридор 8 ќе го држат Бугарија и Албанија. Моменталната поставеност на државната политика на Албанците и Бугарите во однос на Македонија е поштетна од односот на Србија, па дури и на Грција кон нас.
Вие удирате против основите на македонската национална идеја и државност за разлика од Србите, па и Грците кои за волја на вистината не ја проблематизираат нашата самобитност туку именувањето.
Доколку имаме потреба ние сами ќе донесеме одлука за изградба на коридорот 8 нема потреба да не понижувате со уцени (иако мислам дека и без тоа владините министри на неколку пати споменуваат дека ќе се пристапи кон реализација на овој инфраструктурен проект).
Еве, доjдовме на зборот. Коридор 8 е поштетен от Коридор 10. Jaс стварно не можам да верувам како се вртиш. Ако еднаж кажеш,дека името е поврзано со идентитета, днес зборуваш тотално спротивното со единствената желба да излезеш прав.
Зашто не се запрашаш,зашто се става таков услов? Лично според мене тоа е услов,заштото не ви веруват дека имате желба да го градите. Има сомнеж,дека вие глумите.

Ти изгледа мислиш дека со огледалото правиш муабет, па бликна од среќа дека си нашол будала за да поразговараш.

Овој добронамерен „услов“ е ставен на листата чисто од причина да не’ воведе во блуд колку тоа вие ни мислите добро, па дури и билатерално ќе не обврзете самите да си го поправиме стандардот на живеење и патничката инфраструктура. :facepalm: Замисли кои будалаштини.
Пази после секој ќе ве сака за комшии :)
Не бе Брат, не ви веруват дека имате желба да го изградите и да се поврзете, па затоа ви го стават во договор за да се ангажирате и да докажете дека не глумите просто. Повеке от 100 години железницата не е поврзана. Мислиш дека некоj верува дека има вистинска желба за тоа?
Вашата географска положба, несомнено негативно влијае на нашата севкупна положба.
Стварно не знам откаде го извади тоа. Како нашата географска положба ви влиjaе негативно на вас?
Браво друже, секоја чест, знаеше да го одбереш вистинското прашање за да допреш до мајчинскиот инстинкт на Леандра, сега сигурно девојката отиде до ВуЦе да се смири и замие, ја расплака бе аман, удираш кај што највише боли. (y)
Битно е да знаеш што да прашаш ;) Но нема и да се налутам ако отговори.
 
Јас би го изградил тој коридор со Руска пруга, и би го препраил и север-Југ со Руска пруга. Тогаш може и железницата да ни живне :)
 
или префрлање на црквата под закрила на Ватикан
Бугарија е добро позиционирана и во Ватикан. Пробавме да им се обратиме на Германците директно, не препраќаат во Софија, сега и Американците не препраќаат во Софија. Секако, избор ќе треба да направиме. Притоа и неправењето избор е избор, кој ќе има последици. Ама тоа е најлесната варијанта, тогаш ќе имаме алиби. Ќе ги обвиниме другите. :D
 
Ако спасот се бара привремено да се приклопиме не „кон“ туку „во“ некого, од што всушност сме дојдени до ова дереџе, тогаш всушност се пропагира да се откажеме од Македонскиот идентитет и така да го затвориме самите Македонското прашање.

Ватикан не може да го реши Македонското прашање, зошто Ватикан не признава нации.

А и како што тргнала работата, и таму да побараме прием, ќе ни поставуваат услови да ги исполниме. :)
 
Јас сакам идеи да слушнам, вака само мелеме напразно. Мене навистина не ми е јасно како луѓето не гледаат дека имаме проблем кој ако не го решиме во најскоро време ќе метастазира до состојба после која ќе нема враќање...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom