Во маало сигурно контрадикција те викаат. Можеш ли два параграфи да пишеш а да не се удираат како рогови во вреќа?
Ако свеста е нематеријална како што тврди Декарт, не може да стапи во интеракција со ништо материјално, тука вклучувајќи ја баба ти, сузана спасовска и мозокот, и затоа не може да биде никаква спрега.
да да, контрадикција ха ха ха да не пукниш кај ти текна
мајка ти е толку дебела што не можеш да го видиш проблемот ха ха ха ха чук чук... кој е таму? - Змејко и... -Змејко и кој друг? ха ха ха ха -.- а рандом фолк певаљки се најсмешни... чек да ми текне: Андријана Алачки ху ху ху ху
многу се смешни вакви финтици, уште посмешно во ситуација кога намерно или ненамерно ја мисинтерпретираш поентата и се обидуваш да го спинуваш тоа што го кажав
значи знаеме дека си интелегентен и верувам имаш поголеми познавања од филозофијата, ете гледам Бертранд Расел ти е идол, мислам дека негово мислење било дека светот е изграден од неутрална супстанца што не може да се нарече ниту материјална ниту ментална сама по себе, ти треба повеќе да знаеш, ете читни и тоа е некој чекор напред... но тоа по автоматизам не значи дека си во право и ваков одбранбен систем преку цинизам и иронија значи или претенциозност и ароганција, бегање од суштината или пак сакаш да го маскираш тоа што не го разбираш проблемот, не поради друго туку поради што ти е надвор од зоната на конфорот на сфаќањата што си ги имаш утвртено. Она што се обидуваш пак да дискредитираш мислења со религиски парелели вон контекст е уште пониско.
Само ти ја пренесов тезата на Декарт, никаде не реков дека ја делам во потполност, но сметам дека е дуализмот е добар старт за да се увиди апсурдот во тезата дека се е материја и затоа почнувам од таа стартна позиција. Лично мојот став е некаков идеалистички монизам. Сметам дека тие се дел од карактеристиките на свеста и можеби има некоја карактеристика плус, а дека материјата е наш модел за податоците „надвор“, на некој начин дериват на свеста. Без нашиот апарат за концептуализација тоа „надвор“ не значи ништо затоа што од нашиот „инерпретер“ зависи како ќе ги изгради податоците, а еден ист податок има безброј начин да се преточи во информација. Како што 0 или 1 или 0111010 бинарно дури не го интерпретираш како нешто фамилијарно на тебе нема никакво значење (затоа што може да биде било што) и како што ем бранови без антена и телевизор не ти значат слика и звук, така без свесен субјект бесмислено е да се збори за постоење за постоење на било каква реалност, било какво случување, свирење на музика, дување на ветре, мирис на скара. Се знае преку какви градбени информации ја доживуваме реалноста: слика, звук, допир, мирис и вкус. Без нив не можеш да замислиш реалност и значење на тоа „надвор“. Некојa друга свесна единка може да има поинакви концепти, на пример лилјакот можеби на сосем поинаков начин ја гради својата реалност, на начин незамислив за нас. Ова е така и логички, по аналогија, а може и емпириски, субјективно да се осознае.
Прашањето е каде тие информации ќе ги изградиш? Каде ќе ги сместиш доживувачките информации како слика, звук... во рам, кеш, хард диск? Или во друга комбинација на атоми? Доволно е само некаде да постојат? Уште повеќе во кој формат avi mp3? Не ти е малце идејава апсурдна и нелогична? А ако ја земеме за точна премисата дека свеста е извор на интенцијата тогаш стануваат уште позаплеткани, тука е повратната спрега, ако го немаме тој фактор вклучено тогаш чуму ни такво постоење, евентуалниот субјект би бил пак робот само што искусува. Некои се обидуваат да го ескивираат прашањето со тоа што велат свеста е процес а не состојба, океј..нека е и така, но со тоа само му даваат временска димензија на проблемот а суштината останува иста. Други се обидуваат да го замачкаат тоа со комплексноста на системот, што би превод би значело нема никаква пречка и систем од запчаници да доживува со самото тоа што врши комплексна работа. Не ја гледам разликата. И како нешто тотално несвесно станува свесно? Како од сума на нули се добива нешто поголемо? Тоа е уште поголем апсурд од интеракцијата меѓу духовно и материјално. Знаеме интуитивно, колку и да се правиме мутави знаеме дека материјата нема такви својства без разлика на тоа колку е комплексно организирана. Едни се обидуваат да докажат поента со едначење на невронските активности со доживување, но со тоа што доживувањето не можат да го редуцираат на материјален квалитет тие се тие што влагаат во циркуларна логика, а некои со самото тоа што постои свеста ја земаат здраво за готово и пробуваат да го замачкаат проблемот со "bunch of tricks“ што би рекол Даниел Денет (како станал овој некаков респектиран филозоф не знам
). Кога веќе правиме паралели со религијата, имаше еден добар коментар за него напишано, парафразирам, исто како што религиите со векови се обидуваа да им продадат на луѓето дека постои нешто што не го виделе, Денет успеа на некои да им ја продаде тезата дека она што го гледаат не постои апропо неговиот бесмислен исказ „свеста не постои“.
Други интересни импликации кои ја прават приказната поинтересна или и даваат зачин се некои интерпретации од квантна физика каде што реалноста е директна последица на субјектот односно субјектот ја колабира во една од повеќе можни, односно по хајзенберг "reality is in the observations, not in the electron". Ова е општоприфатено меѓу физичарите ама имаме поголеми ега на форумов кои со петни жили кои се спротиставуваат на истото, исто не сакаат да излезат out of confort zone. Така да кој е уверен во спротивното, немам намера да го разубедувам... нека се информира сам.
Можеби, можеби ќе успееме проблемот да го премостиме со пресадување човечки неврони и евентуално нешто повеќе биолошки материјал (проблемот во однос на трансхуманизмот, не во филозофија на умот), не велам не. Потенцијални проблеми можеби се колку научниот ќе успее да ја дефинира свеста бидејќи се базира на чисто субјективно искуство и како постоечкиот научен метод базиран на материја и експерименти ќе успее да се модифицира и маневрира во поинаква природа од математички дефинирлива. Исто дали ќе треба да имаме човечки заморчиња додека го разглобиме целосно мозокот, колку ќе биде хумано и етички да се експериментира со нечив мозок, се сомневам дека ќе имаме доброволци за такви експерименти затоа што потребнио ни е директното искуство на субјектот не знам колку бројки букви симболи ќе можат да бидат од корист барем на почетокот за опишување искуства
Но можеби и ќе наминеме на некоја непремостлива пречка, камен на сопнување. Во секој случај проблемот на свеста е клучен во трансхуманизмот и не смее да се занемари ни под разно.