Трансхуманизам (H+)

Добро, ајде да претпоставиме дека свеста не може да се редуцира на невронските активности. Имајќи во предвид дека невронските активности се неопходен фактор за да постои свеста, каква е природата на свеста?
Ако одиме според Декарт природата на свеста има спротивни својства од материјата: Mental, not located in space, can't be sensed, alive acitve creative, the source of intentionality, not governed by laws of nature, simple and indivisible, cannot die or be destroyed because it can't be broken down, not measurable or quantifiable, subjective...

Свеста е неопходна повратна спрега, затоа мислам дека било каков технолошки надграден модел на човекот би морала да го содржи барем мозокот во биолошка форма, што значи роботи од типот на Терминатор не можат да бидат возможни како нешто што би го заменило нашето постоење...
 
Во маало сигурно контрадикција те викаат. Можеш ли два параграфи да пишеш а да не се удираат како рогови во вреќа?
Ако свеста е нематеријална како што тврди Декарт, не може да стапи во интеракција со ништо материјално, тука вклучувајќи ја баба ти, сузана спасовска и мозокот, и затоа не може да биде никаква спрега.
 
Тоа во суштина е главниот приговор против картезијанската интуиција. Колку и да ја намалуваме точката на контакт помеѓу материјалната и духовната супстанца, таа точка секогаш ќе биде или духовна или материјална, и контактот секогаш ќе биде невозможен. И токму тоа е она што ја прави духовната супстанца неважна за поведението на организмот.
 
Зошто не?
 
Точно, и не само духовната, туку и спуковната, фуковната, и дилитиумската супстанца се наважни за поведението на организмот, универзумот и сузана спасовска. И затоа не постојат.
 
Тоа е само easy way out.

Јас лично не мислам дека Декарт е во право, но не верувам ниту дека материјалистичкиот редукционизам е вистинскиот одговор на проблемот.
 
Ете го 300 години маме ебе без проблем материјалистичкиот редукционизам. А можеш да го урнеш без проблем на негов терен, по негови правила. Треба само да покажеш дека при контролирани услови, дека материјалистичкиот монизам е неспособен да ја објасни природата.
 
Разговаравме веќе за ова, и се вртиме во круг. Материјалистичкиот монизам практично бира кои феномени ќе ги објасни, и нормално е дека меле кога од старт ги бира само оние феномени кои може да ги објасни. Кога ќе се најде очи во очи со проблемот на свеста, единствениот начин да го сомеле тој проблем е да ја прогласи свеста за непостоечка. Тоа не е решение, тоа е пикање на главата во песок.
 
Знам, истото го прави и со госпот и со самовилите.
 
Добар.

;)

Арно ама, за постоењето на самовилите и госпот немаме ниту едно релевантно сведоштво, а за постоењето на свеста, самите ние сме сведоштвото...

:)
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 16:52 ---
Не мислите дека задрљавте ептен оф топик? А да се вратиме на трансхуманизмот?

Проблемот на свеста е во најтесна врска со трансхуманзимот, барем со делот во кој се зборува за постоењето на вештачката интелигенција. Ако во принцип имаме проблем да ја разбереме свеста, многу е претенциозно да мислиме дека можеме да креираме машини кои ќе ја поседуваат истата таа свест...
 
Добар.

;)

Арно ама, за постоењето на самовилите и госпот немаме ниту едно релевантно сведоштво, а за постоењето на свеста, самите ние сме сведоштвото...

:)
Има ли поголемо сведоштво за креаторот од неговата креација? Евангелските списи детално го доловуваат хапорот на госпот да се соедини со нас. Малку ли е тоа?
 
Има ли поголемо сведоштво за креаторот од неговата креација?

Ова не е толку добро како претходното. ;)

Ајде да не ти објаснувам за логичката грешка која се прави по аналогија, едно ме мрзи, друго знаеш и сам. Овој доказ за постоењето на креаторот е понуден од Тома Аквински и одамна е разобличен како логичка грешка. За постоењето на свеста имаме сосем поинаков начин на заклучување...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom