Со буџетски пари во Скопје ќе се слави независноста на Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата никола-те
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Помина 28 ноември, Денот на албанското знаме и на државноста на Албанија. Оваа година празникот уште поголем - се одбележува 100 години од основањето на Албанија. Голем јубилеј, но на прославата на големиот јубилеј како да нема добрососедска срдечност, повеќе се чувствува одредена горчина. Говорам за мене како граѓанин на Македонија и етнички Македонец. Од каде таа горчина, кога се залагам за мултикултурно општество, за почит на различните идентитети, за добрососедски односи...

Првата причина зошто не треб
а да имам такво чувство на горчина е поради тоа што јас за мене сакам слобода и право да бидам горд на мојата држава Македонија и моето знаме. Горд сум на огромното знаме кое го развиваат навивачите на спортските натпревари во ракомет и во кошарка, без разлика дали е тоа тука во Македонија, или во Задар, Познен, Белград... Бев горд кога илјадници луѓе со нашите знамиња ги дочекаа кошаркарите и ракометарите, или кога ја одбележавме 20-годишнината од независноста. И горд сум кога ќе прочитам дека „Македонското знаме се подигна во Торонто“ – пред Парламент на Онтарио, во пресрет на 8 септември 2012 г. Сакам Илинден слободно да се прославува со македонското знаме и во Грција и кај другите соседи.

Тоа што го сакам за менеслободно изразување на мојот идентитет и симболи (знаме), и во Македонија, во соседството и насекаде, го одобрувам и за другите во Македонија.
И во Македонија, за разлика од многу други држави, таа слобода е гарантирана со законите. И тоа не е отсега. Се сеќавам како дете во 1970-тите во Гостивар, на празничното шаренило ми се чини на пет знамиња, кога покрај југословенското и комунистичкото знаме, заедно со македонското знаме се виореа и албанското и турското знаме. Во модерна Македонија, со Законот за употреба на знамињата на заедниците се уредуваат правото и начинот на употреба на знамињата преку кои заедниците го изразуваат својот идентитет. Законот е донесен во 2005 г. во периодот на премиерот Владимир Бучковски од СДСМ. Законот е изменет и дополнет во 2011 г. од оваа владејачко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ. Што значи дека постои и меѓупартиска согласност за правото. Дополнително, Македонија е една од три земји во светот, заедно со Италија и Словенија, каде уставните судови утврдуваат дека „знаме на друга држава може да се употребува како знаме на заедниците се додека го изразува идентитетот и припадноста кон таа заедница“. Членот 7 од законот уредува слобода на употреба на знамето во приватниот живот и при одржување на приредби што ги организираат заедниците. Ми се чини дека, таа 2005 година, тоа беше одбележано со голем митинг пред стоковната куќа Илинден кога за првпат на 28 ноември се разви големо албанско знаме.
Чекор понатаму, сите заедници во Македонија имаат свои празници. При тоа се внимавало тоа да бидат празници поврзани со Македонија и така празник на етничките Турци не е Денот на Републиката (Турција), туку Денот на наставата на турски јазик, а празник на етничките Албанци е 22 ноември, Денот на албанската азбука, дефинирана во Битола во 1908 г. Во 2008 г. Македонија беше домаќин на големиот јубилеј. Се отвори Куќата, подоцна Музеј на албанската азбука, „Македонски пошти“ промовираа пригодна марка, а централната прослава се одржа во Скопје. Се сеќавам на настанот во Домот на АРМ, во присуство на Сали Бериша и Хашим Тачи, тогашните и сегашни премиери на Албанија и Косово, се обрати премиерот Груевски со една реченица на албански, а Сали Бериша возврати со една реченица на македонски јазик. Прослава како што треба.
Сето тоа погоре не го сметам за слабост, туку за доблест. Тогаш зошто горчината? Сигурно еден дел поради предрасудите. По детското сеќавање на шаренилото на знамиња, следуваше период во 1980-тите во кој албанското знаме беше знаме на Косово и Албанците, главниот непријател на тогашна Југославија. Како такво тоа беше предмет на забрани и прогон. Забрани и прогон кои продолжија и во независна Македонија и доведоа до трагичните случувања во Гостивар во 1997 г. Колку повеќе знамето беше забранувано и прогонувано толку повеќе тоа е врежувано во колективната меморија на Албанците. Се сеќавам на првото одбележување на 28 ноември 1999 г. во Ѓаковица, Косово, кое во вистинска смисла беше експлозивно. За иронија, во слободно Косово, не е дозволена службената употреба на албанското знаме.
Сепак јас сум самосвесен човек и се справувам со предрасудите. Сигурно еден дел од горчината потекнува од двојноста на употребата на албанското знаме. Точно е дека „албанското знаме е постаро од албанската држава“ и јас го прифаќам како знаме на етничките Албанци, но дури тоа го одразува идентитетот на етничките Албанци. Но како во 1997 г. во Гостивар, така и сега по повод на 100-от јубилеј на Албанија, тоа знаме не го одразува само идентитетот на етничките Албанци, туку ја одразува и државноста на Албанија и еден вид „двоен суверенитет“, што дел од граѓаните го перцепираат како закана за територијалниот интегритет на Македонија. И покрај смирувачките пораки на Али Ахмети, не почувствував дека пости загриженост меѓу етничките Албанци за таквите перцепции на граѓаните.
Всушност, можеби оттука е горчината. Од ексклузивноста на одбележувањето на 100-та на Албанија. Не само поради изолираните насилни инциденти или поради инцидентите во Тирана при посетата на премиерот Груевски, туку поради севкупната атмосфера. Никој не се потруди прославата да не биде ексклузивно албанска. Како што добронамерно ја прифаќам критиката за мојата ексклузивност, неколку критики до моите пријатели етнички Албанци. Со ограда на мојата ограничена јазична способност, не чув или прочитав критики од етнички Албанци за ексклузивноста на јубилејот, како што имаше критики од етнички Македонци за 20-от јубилеј на независноста. Ги немаше „Разбуди се“ и „Цивил“ да реагираат на оружјето (макар и пластично) и на насилството, а тоа се причините поради кои се основаа. Не знам зошто не беа на прославата во Скопје, ниту Премиерот ниту опозицијата, која тоа го критикува, но знам зошто не бев јас – затоа што не бев поканет, за разлика од 100-от јубилеј на албанската азбука на која бев и поканет и присутен, и се чувствував добредојдено.

Сепак, јас имам разбирање, голем јубилеј, првпат слободно се празнува од сите Албанци без разлика во која држава живеат. При големи емоции се случуваат грешки. Но исто така очекувам и другите да имаат разбирање дека и јас можам да имам големи емоции за одредени прашања. И дека со добра волја за соживот, разликите треба да ги почитуваме, а од грешките треба да учиме и не треба да дозволиме да не надвладее горчината. Како што мојата горчина нема да ме спречи да го честитам големиот јубилеј – Честит денот на албанското знаме! Честита 100-годишнина на Албанија! Gezuar 100-vjetori i pavaresise!


Автор: Сашо Клековски
http://www.time.mk/read/c27e340748/d2b095f6f1/index.html
 
Сепак, јас имам разбирање, голем јубилеј, првпат слободно се празнува од сите Албанци без разлика во која држава живеат. При големи емоции се случуваат грешки. Но исто така очекувам и другите да имаат разбирање дека и јас можам да имам големи емоции за одредени прашања. И дека со добра волја за соживот, разликите треба да ги почитуваме, а од грешките треба да учиме и не треба да дозволиме да не надвладее горчината. Како што мојата горчина нема да ме спречи да го честитам големиот јубилеј – Честит денот на албанското знаме! Честита 100-годишнина на Албанија! Gezuar 100-vjetori i pavaresise!


Автор: Сашо Клековски
http://www.time.mk/read/c27e340748/d2b095f6f1/index.html
Добар текст паметно, пишувано се како што треба и на кој нема потреба за реплицирање
Ај сега ке го сметат за предавник нели како ние Денчо :)
 
Добар текст паметно, пишувано се како што треба и на кој нема потреба за реплицирање
Ај сега ке го сметат за предавник нели како ние Денчо :)

Напротив дека ќе биде сметан за предавник, многу убаво ги има објаснето работите и зошто постоеше одредена горчина кај македонците за време на празнувањето. Прочитај го пак текстот и пробај да извлечеш некоја поука.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Каказиња, извини ама според мене, изгледа не живееме во иста држава ние... еве ти еден показател за добрососедски односи и соживот, отвори Тајм.мк и разгледај колку добрососедски намери имаат соседите во последните неколку месеци.
Многу е интересно кога некој ти мафта усмрден к*р пред фаца, ти се потсмева тебе и на твоите сограѓани, на твојата историја и државен интегритет, а ти ја осеќаш смрдеата и страшно ти смета, ама сепак се праиш дека не го глеаш дотичниот што кај и да е, малку по малку, ти се доближува до устата.
 
Врховниот командант не учествува на прослава , а војниците да.
Кој ли ја контролира војската , и зошто да не учествува Иванов на прославата ?

getImageThumbnail.axd

steta sto nemav jajci da gi gagjam
 
Еве дел од амбиентот при прославата на денот на Албанското знаме. Што ти е цивилизација.култура. образование,европски стандарди европски вредности и евроатлански интеграции:love: Ртттттт ртттттт ,пау пау пау X 1 000 000
што мужишта бреееееее, само пиштољи да се имало.
него ниедно нусе не видов? не, они не слават, само мужите. хахаххахаха
 
d

da nie sme ubici teroristi siluvaci ne pocituvaci na zakon nie sme naj losi na svet A VIE MAKEDONCITE STE CVEKE. BRAVOOOOOOOO. .. More kutro makedonce razbudise malce ne gledas li deka so sote sosedi imate problemi grcija ne vi go priznava imeto. bugaria jazikot. serbija crkvata. a ALBANIJA ve podrzuva na sekoj smisol no .no neste vie krivi krivi sme nie sto ve tolerirame. no samo uste nesto ste zaboravile deka vremeto na tito i slobodan milosevic umre . nema komunizam vise. jas znaem mnogu dobro koga edno vreme se plasev da zboram na moj majcin jazik zatoa sto ke jadam pendrek jas go znaem toa sto edno vreme vleguvase policija vo kafe polno so albanci i gi tepase bes nikoja pricina, jas dobro go znaem toa koga nemozes slobodno da se educiram vo mojot majcin jazik znaci sve ovje so ti gi napisav jas sum bil zivv svedok na ovje raboti . no nema vise care. jas znaem so vas ve boli deka edno vreme mojot komsija makedonec imase vraboteno celo semejstvo so zena so kerka so sin. a mojot tatko molese za rabota. no nemozese zatoa sto ne e makedonec no UMRE TOA VREME CAOOOOOOOOOOO.

64 годишна скопјанка вчера околу пладне била нападната додека се качувала во автобус.

Инцидентот се случил на булеварот “Кочо Рацин“, на автобуска постојка, кога 64-годишната М.З. се качувала во автобус на ЈСП со број 5.

Токму тогаш четири лица ја турнале на подот во автобусот, а едно од лицата со нога ја газело по грбот, по што се дале во бегство.

На М.З. и се нанесени видливи повреди по телото, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Помирољубиви од Ганди, поцивилизирани од античките Грци и Римјани, пософистицирани од Луј (избери си бројче).
Топ сте, кисс43 :love:

steta sto nemav jajci da gi gagjam
Штета што и мене не ми се трошеа јајци да ги гаѓам лепотаните што се возеа на хауба со кечиња пред некој ден.
 
Споменикот „Двоглав орел“ поставен на Бит Пазар

Тајна е кој го нарачал, изработил и го поставил новиот споменик направен од метал, наречен „Двоглав орел“, кој деновиве, како што велат жителите на Чаир, во доцните часови е поставен на клучката кај Бит Пазар.
Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска не беше достапен за информација, а неговите соработници тврдеа дека за споменикот дознале од медиумите.
Новиот споменик, е поставен во чест на прославата на Денот на албанското знаме и 100 години од формирањето на албанската држава.

http://www.plusinfo.mk/vest/68726/Spomenikot-Dvoglav-orel-postaven-na-Bit-Pazar
 
Да направиме еден преглед на прославата во Македонија , кога веќе заврши:

Тетово:
Прославата започна со поставување на албански знамиња по домовите и улиците , големото знаме кај домот на културата , имаше културни настани , марширање на учениците , пуштање во употреба на новата зграда на Тетовскиот универзитет заедно со концерт и огномет , прослави беа организирани и во неколку села, како и поставување на споменици , и вчера централната прослава на плоштад.
На надвозникот на патот Тетово-Гостивар беа запалени 3 албански знамиња , а потоа беа поставени околу 30 други.

487027_304948009610474_135654010_n.jpg


600240_304564629648812_1443512606_n.jpg




Дебар:
И тука имаше украсување на градот со знамиња , меѓу кои и најголемото знаме од 1250м2 , имаше и провокативни графити внатре во училниците како и централна прослава во градот.

32414_387834604630088_1096364696_n.jpg


643989_490314157656531_1789212661_n.jpg



Гостивар:
И тука имаше знамиња , најголемото беше 350м2 , имаше и централна прослава.

32288_401810329889233_238688424_n.jpg


69482_564109553606271_1373924490_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom