Најевтин и најскап провод во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Слободно пишувајте и за кафичи, клубови....не е темава ограничена на најевтини кафани:D
 
Последно што бев на саем..абе евтиноќа. Бадел сипа една чашка од ракија и начука лед..колку..150 ден..убо.. после дај едно пиво кое пиво има..Каменица..блгарското,кое ни блгарските курви не го пијат у една чашка пластична..колку..100 ден. милина.
 
Инаку доколку барате кафич со пристапни цени е Лулу во Лептокарија,од сите кафичи таму цените се -20,-30 на сите кафиња,сокови варат и турско 30 денари е.Би им го препорачал на средношколците,тие се кнап со пари,јас таму ги поминував средношколските денови со турско кога бев кнап со пари.:)
 
Гама ако иде некој нека ја проба димената вешалица ;)
 
Слободно пишувајте и за кафичи, клубови....не е темава ограничена на најевтини кафани:D
Ќе го кажев ова истово, ама ме претрка. Некој горе спомна за цените.
Кафана е едно, кафуле друго. У принцип избегавам скупи фенци шменци кафулиња и повеќе идам по оние маалските. За релативно евтино го сметам Пабо во Т.Ц Лептокарија, Театро кај плочникот после Рагуза, МКЦ и Фросина да не зборам... За префорсирани ми се Тренд, Арабеска, Флуид и нормално.... Бариста. По Македонија не сум идел многу, знам дека Рома еднаш добро ме опердашија а кафето (со забајоне) осим што беше кафе, друго не осетив видна разлика. Кафе Ли, Еспресо и Галери се тро скапи ама за секое место од нив, имам само пофалби. Рецимо Ли, коа даваш пари за кафе, го добиваш со 300 салтанати. Најдобро еспресо прават во Еспресо на Партизанска. Несот во Галери е убедливо непобеден до сега.

За кафани некој горе го спомна Гама, јас би го додал Љуц за ефтина а убедливо најдобра скара. За гама ја знам цела прича како човекот ја стекнал цел тој марифетлук, во Љуц ако идете што и да нарачате не промашувате, но пробајте од џигерот и ребрата. За преценето место дефинитивно Дестан. Ќебапите премали, без гарнир, полни со лебни трошки... И нормално астрономски цени.
 
може ли да ме просветлите каде се наоѓа СИФ?:)
Полнетиот стек во СИФ е ебе*е....земи си со нафора заедно најубава комбинација ever!
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 13:41 ---
Конкретно за темата, најефтин провод во гореспоменатите СИФ и ХХЛ, а најскап ми беше скоро во Два Елена....за порција пилешки прсти и вино, 900 денари. Кога ќе ми текне што ќе беше за тие пари во ХХЛ...
 
Полнетиот стек во СИФ е ебе*е....земи си со нафора заедно најубава комбинација ever!
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 13:41 ---
Конкретно за темата, најефтин провод во гореспоменатите СИФ и ХХЛ, а најскап ми беше скоро во Два Елена....за порција пилешки прсти и вино, 900 денари. Кога ќе ми текне што ќе беше за тие пари во ХХЛ...
Oди во Мерак,во трговскиот во Ѓорче одма до пазарчето,за 900 твоја е кафаната од 8 до 8.:D

Инаку да разграничиме све што е над 4 маси не се рачуна за биртија да си знаете.:)
 
Деспина неможе да се дефинира точно што е,се пушта кафанска музика,храна не се служи,а владее диско атмосфера.
Посебна класификација - level Деспина :)
 
Само да додадам за Два Елена, и покрај цената, мора да го пофалам персоналот, најпрофесионално однесување што имам видено досега во земјава. За тоа секоја чест!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom