Правна помош и совети

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Планот ми е, ако не ми достават решение од нотар и дојде дирекно извршител да дадам приговор дека сум ја вратил фактурата и во пропратното писмо барав да има судење.
Ме нашле да ми достават фактура, ме нашле за извршител а не ме нашле за да ми достават решение.
Инаку ваква работа има: во Бугарија но таму е тоа предвидено со Закон Во Србија се плаќа 30%, и регулирано се одлуки на општините. Има и во Хрватска Босна Црна Гора Ова е остаток од социјализмот, ако сите се исклучат, работниците од Топлификација ќе останат без работа, а тоа се самоуправљачи, нема смисла...
Во Западна Европа нема никаде. Кој би склучил договор ако тој договор не може да се раскине?
 
2

~2A

Гостин
Може да ти дадат рок на плаќање за легализирање на имот,во рок од 10 дена 86 илјади денари? :confused:
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Сакам што побргу да ме тужат. Тие пресметуваат камати ...
А и подготвувам жалба за Стразбур, па подобро да имам что повеќе прилози
Дали нешто може да ми нашкоди ако ја вратам фактурата со образложение дека не е точна и да ги повикам да ме тужат?
Не можеш да поднесеш жалба пред судот во Стразбур. За да отпочнеш постапка во Стразбур треба да постои правосилна пресуда (рокот е 6 месеци од денот на правосилноста на пресудата) и по исклучок доколку се води во РМ се уште постапка-кога истата трае предолго (судење во неразумен рок).

Дали ќе ја вратиш или не фактурата нема никакво правно значење. Имено можеш до Топлификација да поднесеш приговор со кој ќе ја оспориш висината на фактурата но најверојатно ќе нема никакво дејство (приговорот од Топлификација ќе ти биде отфрлен како неоснован).
Ако сакаш да ја оспориш таа фактура не треба да чекаш тие да те тужат тебе па да образложуваш во одговор на тужбата (како што наведуваш ти) туку потребно е да ангажираш адвокат (без навреда но се чини дека не си правно стручен сам да водиш таква постапка) и ти да ја тужиш Топлификација за спорната фактура. Имено адвокатот ќе поднесе тужба за утврдување на невистинитост на исправа (конкретно за спорната фактура).
--- надополнето: 22 ноември 2012 во 21:07 ---
Имам прашање.. пред некое време фирмата во која работам доби покана за на суд (кривична) и се повикува „преставник“ на фирмата да се пијави пред суд.. Делото се води против друго лице, а ние се јавуваме во својство на сведок (барем така беше последниот пат).. Прашањето ми е - дали може на суд да отиде лице кое не е правник и не е вработено во фирмата - со уредно полномошно од фирмата??
Може, само адвокат (кој сепак е правник)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не можеш да поднесеш жалба пред судот во Стразбур. За да отпочнеш постапка во Стразбур треба да постои правосилна пресуда (рокот е 6 месеци од денот на правосилноста на пресудата) и по исклучок доколку се води во РМ се уште постапка-кога истата трае предолго (судење во неразумен рок).

Дали ќе ја вратиш или не фактурата нема никакво правно значење. Имено можеш до Топлификација да поднесеш приговор со кој ќе ја оспориш висината на фактурата но најверојатно ќе нема никакво дејство (приговорот од Топлификација ќе ти биде отфрлен како неоснован).
Ако сакаш да ја оспориш таа фактура не треба да чекаш тие да те тужат тебе па да образложуваш во одговор на тужбата (како што наведуваш ти) туку потребно е да ангажираш адвокат (без навреда но се чини дека не си правно стручен сам да водиш таква постапка) и ти да ја тужиш Топлификација за спорната фактура. Имено адвокатот ќе поднесе тужба за утврдување на невистинитост на исправа (конкретно за спорната фактура).
Ти благодарам.... Инаку не само што не си ме навредил, туку ми помагаш со својот совет. Да бев правник, јас не би се обраќал за помош. Деновиве ќе контактирам со еден адвокат, за совет и ќе те известам што сум направил и кое е неговото мислење.
Инаку до Судот во Стразбур, жалбата ќе биде за повреди на човекови права, направени со донесување на Правилата за снабдување со топлинска енергија Според тие Правила се врши дискриминација ( тие важат само за исклучените од Топлификација, а не важат за исклучените од железарското парно или други граѓани ), се меша во приватниот живот ( ни одредуваат како да се грееме во нашите домови ), ни се одзема деловниот субјективитет ( се наложува повторно да се приклучиме на ситемот или да плаќаме за некакви фиксни трошоци) и друго.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Здраво!
Имам еден спор во врска со куќа.имам купопродажен договор кој е од 1986, потпишани се двете странки и е со печат од адвокат.продавачот на куќата е тужен во 2008 од син на купувачот и е донесена пресуда(во која пишува дека е склучен усмен договор помеѓу нив двајца).во пресудата не е појавен продавачот(не е потпишан).јас сум му син на купувачот(таткоми) на куката(брат на добиената пресуда).жена му(мајками) на купувачот е жива.одиме веќе 4 години по судеви нема никаков ефект.дали може во ваквиот случај да има повторување на постапката(со оглед што имаме купопродажен договор,мајками е жива и имам сведоци кои знаат кој ја купил куката).дали може да се поведе оставинска маса за да си го земе делот што ја следува од починатиот сопруг.
Пеформулирај го прашањето, воопшто не е јасно поставено („во пресудата не е појавен продавачот(не е потпишан)“ - во пресудата не се потпишуваат странките). Објасни по чива тужба сте биле на суд, што се барало со тужбеното барање, што кажува пресудата - дали истата е правосилна и извршна. Зошто би требело да има повторување на постапка? (за тоа треба да постојат нови докази кои не можеле да се изведат во текот на претходната постапка) и сл.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
Дали е можно во јавна установа одредено лице кое што е задолжено за одржување на компјутерите да инсталира keyloggeri на други компјутери да се тужи бидејќи преку тоа ја нарушува приватноста ? проверено е денеска со пасвордите имало влегувано на одредени маил адреси...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.233
Поени од реакции
16.379
Ти благодарам.... Инаку не само што не си ме навредил, туку ми помагаш со својот совет. Да бев правник, јас не би се обраќал за помош. Деновиве ќе контактирам со еден адвокат, за совет и ќе те известам што сум направил и кое е неговото мислење.
Инаку до Судот во Стразбур, жалбата ќе биде за повреди на човекови права, направени со донесување на Правилата за снабдување со топлинска енергија Според тие Правила се врши дискриминација ( тие важат само за исклучените од Топлификација, а не важат за исклучените од железарското парно или други граѓани ), се меша во приватниот живот ( ни одредуваат како да се грееме во нашите домови ), ни се одзема деловниот субјективитет ( се наложува повторно да се приклучиме на ситемот или да плаќаме за некакви фиксни трошоци) и друго.
За да се жали во Стразбур треба да има завршена постапка, т.е. да се исцрпени сите правни лекови, односно кога долу во пресудата нема правна поука...
Туку друго нешто, нон-стоп се пишува за цевките што проваѓаат ниѕ станови, но не е така. Овој новиот правилник го применуваат и на исклучените што се на хоризонтален довод , н.пр. во Аеродром и Ново Лисиче. Ама и тука има квака, цевки проваѓаат низ заедничкиот ходник, па така тие што несе исклучени грејат заеднички простор. Но се разбира дека е тоа помалку од вертикалниот развод, таму имаме и губитици низ станови и башка низ ходници.
Основниот проблем е што не е комплетно Правно регулирано купување станови во зграда. Регулаторна кјомисија се фаќа за Куќен Совет. Па никаде не стои дека мора да има Куќен совет. Таму каде нема треба судот да наѕначи Управител. Ама судот не сака. Јас отидов пролетоска во Основен Суд Скопје 2 со барање судот да назначи Управител, НЕ ми го примија, тие тврдат дека само општината може да даде такво барање ???
И уште нешто околу Топлификација. Јас се пишав до Регулаторна, до ЕВН и до Топлификација допис со кој барам во Фактурита каде ја делат Топлината потрошена по калориметар во потстаница на квадратурата на становите, истата методологија да се примени и со струјата од Броилото на Топлинската потстаница. Воопшто не ми одговорија, само ЕВН која немала техничка можност. ЕВН исто така одговори дека ако евентуално некоја Топлинска потстаница нема посебен струомер, не е проблем да се инсталира. Имено Регулаторна ми тврди дека Топлинските Потстаници немале посебни струјомери, се било заедно, со лифтот и скалите...ЛАЖАТ !!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не можеш да поднесеш жалба пред судот во Стразбур. За да отпочнеш постапка во Стразбур треба да постои правосилна пресуда (рокот е 6 месеци од денот на правосилноста на пресудата) и по исклучок доколку се води во РМ се уште постапка-кога истата трае предолго (судење во неразумен рок).

Дали ќе ја вратиш или не фактурата нема никакво правно значење. Имено можеш до Топлификација да поднесеш приговор со кој ќе ја оспориш висината на фактурата но најверојатно ќе нема никакво дејство (приговорот од Топлификација ќе ти биде отфрлен како неоснован).
Ако сакаш да ја оспориш таа фактура не треба да чекаш тие да те тужат тебе па да образложуваш во одговор на тужбата (како што наведуваш ти) туку потребно е да ангажираш адвокат (без навреда но се чини дека не си правно стручен сам да водиш таква постапка) и ти да ја тужиш Топлификација за спорната фактура. Имено адвокатот ќе поднесе тужба за утврдување на невистинитост на исправа (конкретно за спорната фактура).
Се сретнав и разговарав со Адвокат.
Неговото мислење е дека, ако поднесам веднаш тужба, веднаш Судот ќе ме одбие, бидејќи Топлификација доставила фактура врз основ на Правилата што ги донела Регулаторна. И дека подобро е да сочекам што ќе реши Уставниот суд во врска со овие Правила.
Ме посоветува да сега поднесам приговор до Топлификација кој ќе се однесува на повреди што ги направила Топлификација токму на овие Правила.
Имено по член 66 од Правилата, Топлификација беше задолжена до 01.09. достави договори до исклучените за да повторно се вклучат - што Топлификација не го стори. И вториот приговор да биде дека оваа пресметка е пресметана врз основ на мерењата од минатата година.
Ете така ме посоветува...
За да се жали во Стразбур треба да има завршена постапка, т.е. да се исцрпени сите правни лекови, односно кога долу во пресудата нема правна поука...ЛАЖАТ !!
Суштината на жалбата до Стразбур ќе биде дека од 2008, Топлификација, без правен основ наметна мерење со калориметри кое не е точно и на тој начин ги покачи сметките за 300%.
Ниеден орган не презема ништо да ги заштити граѓаните.
За да се спасиме од таквите сметки, јас и 10 илјади граѓани се исклучивме. Сега Регулаторна донесе Правила, со кој не присилува да повторно склучуваме договори со Топлификација за да таа повторно не мами и пљачка. А кој одбие да повторно потпише договор е предвидено како казна да плаќа „ фиксни трошоци “
Одприлика тоа ќе биде суштината на жалбата
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.233
Поени од реакции
16.379
Се сретнав и разговарав со Адвокат.
Неговото мислење е дека, ако поднесам веднаш тужба, веднаш Судот ќе ме одбие, бидејќи Топлификација доставила фактура врз основ на Правилата што ги донела Регулаторна. И дека подобро е да сочекам што ќе реши Уставниот суд во врска со овие Правила.
Ме посоветува да сега поднесам приговор до Топлификација кој ќе се однесува на повреди што ги направила Топлификација токму на овие Правила.
Имено по член 66 од Правилата, Топлификација беше задолжена до 01.09. достави договори до исклучените за да повторно се вклучат - што Топлификација не го стори. И вториот приговор да биде дека оваа пресметка е пресметана врз основ на мерењата од минатата година.
Ете така ме посоветува...
Суштината на жалбата до Стразбур ќе биде дека од 2008, Топлификација, без правен основ наметна мерење со калориметри кое не е точно и на тој начин ги покачи сметките за 300%.
Ниеден орган не презема ништо да ги заштити граѓаните.
За да се спасиме од таквите сметки, јас и 10 илјади граѓани се исклучивме. Сега Регулаторна донесе Правила, со кој не присилува да повторно склучуваме договори со Топлификација за да таа повторно не мами и пљачка. А кој одбие да повторно потпише договор е предвидено како казна да плаќа „ фиксни трошоци “
Одприлика тоа ќе биде суштината на жалбата
Па до 2008 беше КРИМИНАЛ . Се плакаше по 1м2. И тие што смрзнуваа и тие што седеа со кратки ракави и отвараа проѕори. Демек да не чачкат да притвараат вентил, да не се расипе нешто, ја регулираа превисоката температура со прозори. Лично сум бил во еден стан во друга зграда, чекавме нова година, со кратки ракави и отворен еден џам. А кај нас во исто време, добро напблечени и со кебенца се покривавме.
Комуњарскиот пристап беше дека Топлификација е дочжна секому да обезбеди 20степени целзиусови, без обзир на квалитет на зидовите и прозорите. Кој имаа врски во државната Топлификација, во потстаница им се отвараше рачно вентилот на максимум а исто плаќаа. Сега може да се појача греењето со писмено барање од сите корисници на Потстаницата, ама сметката ќе биде подебела.
Точно е дека сметките се качени, но тука има удел и цените на гасот кој е доста скап. Па многу фирми кој беа гасифицирани пак работат на мали котли на мазут. Најголема утка, т.е. нереално високи сметки се во преодниот период, кога се грее максимум 5-6 сата дневно. Тогаш овој систем на далекуводно греење е нерентабилен и прескап бидејки имаме долга далекуводна инсталација која треба да се грее и голема количина вода која треба да циркулира.
А во најстудените месеци нема голема разлика меѓу греење со топлификација и индивидуално греење. Но Топлификација ги набива сметките во Октомври, Ноември, март и Април за да прикаже дека во јануари е поефтино од греење со струја.
Друго, ЕВН наплаќа паушал 20% ама од потрошена ел.струја, а Топлификација наплаќа може и поголем % и тоа од МАКС. ИНСТАЛИРАН Капацитет !!! е ТУКА е Измамата на потрошувачите !!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.192
решение е само исклучување на целата зграда, другу чаре нема. Ако некој од зградата не сака да се исклучи- ќотек! Потоа ке треба сите станари заедно да си купат еден парен котел и истиот да си го поврзат на парното. Решен проблем. Целата зграда ке има и поквалитетно и поевтино греење.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Па до 2008 беше КРИМИНАЛ . Се плакаше по 1м2. И тие што смрзнуваа и тие што седеа со кратки ракави и отвараа проѕори.
Комуњарскиот пристап беше дека Топлификација е дочжна секому да обезбеди 20степени целзиусови, без обзир на квалитет на зидовите и прозорите.
Toa што ти го нарекуваш криминал ( се плаќаше по 1 м2 ) е всушност нај точен начин на мерење и супериорно најмногу се користи на секаде во Светот.
Ќе ти објаснам со пример:
Сигурно дома имате топломер кој го користите за мерење телесна температура кога сте болни.
Кога ќе го ставите под мишка, во зависност колкава е телесната температура, живата се издолжува и вие ја мерите должината на живата и заклучувате колкава ви е температурата користејќи го природниот закон дека топлите тела се шират. Овакви мерења се нарекуваат индирекни мерења
Слично така е и овде: Се мери колкава е температурата на просторијата и се мери колку квадрати просторијата има и врз основ на тоа се пресметува колку е потрошено енергија.
И таквите резултати се со голема точност
Само ова е надвор од темава
Инаку, комунистите немаат врска со овој или било кој друг начин на мерење.
 
Nema vrska...osetot na toplina ne e biten, a se e vo funkcija od konstrukcijata na stanovite. Nemože isto da plakaat po m2 tie što se severna orjentacija, so mnogu prozori koj furat i nekoj vo zgrada so južna orjentacija i debeli dobro izolirani zidovi.
A go narekuvam komunjarski metod, zatoa što site vo gradot isto plakavme po m2 a nekoj mnogu poveće trošea toplina po m2. Sega od 2008, barem se meri na nivo na podstanica. Drugo e dali nekoja inspekcija go kontrolira načinot na merenje, no ako zememe sega i novite strujomeri malku luđe znaat da gi očituvaat. Pa imaše togaš vo SFRJ i plakanje voda po člen na semejstvo. Zatoa nekoj namerno ne gi popravaa češmite za ladna voda, si vikaa što me gajle, nema Vodomer !!
Znači treba merači na toplina po stanovi, vo Aerodrom ima instalacija, duri i kabli, na vlezot vo stanovite, vo ormarčeto. No na Toplifikacija ne i odgovara, bidejki ima mnogu stanovi so vertikali, kade toa ne e možno da se izvede. Ušte za vreme na SFRJ, nekoj individualni kuki vo Taftaliđe imaa merači. No poradi lopovskata metodologija (ogromen paušal) niv im ispađaa pogolemi smetki po m2 od tie što nemaa merači. Toa namerno go napravi Toplifikacija za da go minira zakonot na Ante Marković so koj bea obvrzani da vgradat na site potrošači merači, a istoto ne e storeno ni do den denes.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom