Златна Зора се испрде!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
ГРЧКО ПРОФАШИСТИЧКО ЛУДИЛО

„Златна зора" до Македонија: Државата на цигано-скопјаните ќе стане минато

„Ако влеземе во владата ќе станете минато“ - овие закани до Македонија ги упати пратеникот Илијас Панајотарос од грчката про-фашистичката партија Златна Зора, во жестоката дебата во грчкиот парламент.
zlatna-zora-do-makedonija-drzhavata-na-cigano-skopjanite-kje-stane-minato-111083.jpg

„И да знаат дека оваа фалсификувана држава на цигано-скопјаните многу брзо ќе стане минато, ако тоа не се случи од внатрешните превирања, ќе се случи од сигурното зголемување на рејтингот на Златна зора која набргу ќе биде во владата", рече Илијас Панајотарос, пратеник од Златна зора.

Потоа Панајотарос влезе во вербален дуел со заменик-министерот за надворешни работи, Константинос Циарас.

„Зошто ја викате Поранешна Југословенска Република Македонија, а не ја викате Скопје?", праша Панајотарос.

Заменик министерот за надворешни Циарас му одговара:

„И Скопје, ја споменав и како Скопје, во еден дел на еден начин во друг дел на друг".
Потоа пратеникот на „Златна Зора" упати пораки до грчката влада.

„Сложеното име е еднакво на предавство. Тоа е факт и Златна зора, нема во никој случај да остави да се исполни и да стане реалност било каков договор каде што би постоел изведен збор или било какво друго сложено име со терминот Македонија", рече Панајотарос.

Расправата во грчкиот парламент беше по поставеното пратеничко прашање од Златна зора за тоа кои се позициите на грчкото МНР во однос на употребата на терминот Македонија за трговските производи и компании од нашата земја, но и колку земји не имаат признаено под уставното име.

Циарас не даде конкретна бројка, објаснувајќи дека некои од признавањата не се валидни.

Извор: Кајгана

Овие се ептен заврени...Ништо не им оди од рака...Почнаа и закани да фрчат и тоа директно од парламентот.
 
Фрикови бе. Опсесивни растроени фаци и тук там по некој шизофреничар. Лоша работа. На крај меѓусебе ќе се истепаат :свиркам:
 
Луѓе дајте бе веќе да не одиме на одмор во таа скапана држава веќе у пм нека одат нека скапат без пари,ние сме криви што фрламе таму пари по одмори вака да не одиме нека банкротираат...јас дефинитивно не одам веќе во Грција на одмор
 
Луѓе дајте бе веќе да не одиме на одмор во таа скапана држава веќе у пм нека одат нека скапат без пари,ние сме криви што фрламе таму пари по одмори вака да не одиме нека банкротираат...јас дефинитивно не одам веќе во Грција на одмор

Кому му зборуваш?Секогаш ке има дел од населението од Македонија кои едвај чекаат да дојде Лето,да издвојат кеш и правец Грција.Немој да мислиш дека нашево мрчење ке промени нешто?Не батка,си се излажал на велико.
Преку цела година се лупаат во гради и упатуваат навреди кон нив а потоа не знаат колку пари да потрошат таму.:facepalm:Нека одат,јас им немам забрането ама да не глумат лудило и да се прават најголеми патриоти кога подоцна ке го погазат тоа.
За жал тоа е суровата вистина денес.
 
Луѓе дајте бе веќе да не одиме на одмор во таа скапана држава веќе у пм...јас дефинитивно не одам веќе во Грција на одмор

Одете бе, вака жал ми паѓа кога гледам како ги замолуваш веќе да не одите :facepalm:
 
Болест.

Само ме интересира каква ќе биде и дали воопшто ќе има реакција од ЕУ или како и обично ќе си го свртат погледот на другата страна и ќе проповедаат солидарност, хуманост, конструктивност, толеранција и човекови права.
 
Некој од кај нас да кажеше ако победам на избори пола грција ќе ја вратам кон Македонија, Фуле ќе дојдеше со бенчмарк за територијални претензии. Ама кога од грција го прават тоа, тогаш Фуле и другарчињата тоа го толкуваат како слобода на говор.
 
Реакциja на што?

Реакција на тоа што во Парламент на нивна држава - членка има фашистичка реторика.
Ако за тебе таква реторика е нормална, не знам што да ти кажам.
 
Реакција на тоа што во Парламент на нивна држава - членка има фашистичка реторика.
Ако за тебе таква реторика е нормална, не знам што да ти кажам.
ЕУ не се занимава со вакви работи. Тоа си е работа на Грцката држава.
 
Реакција на тоа што во Парламент на нивна држава - членка има фашистичка реторика.
Ако за тебе таква реторика е нормална, не знам што да ти кажам.
Ha smesno , evropa gajle i e kako se zakanuva grcija .A ovie zakani se lesno ostvarlivi i treba da ne plasat
 
ah_reichstag.jpg

Моменталната слика во Грција.......
 
Im se stega shupcheto, koga togash ke mora da priznaat tie, englezite i kletite shiptaro-amerikanci za zlodelata vrz Makedoncite. Toptan ke gorat so brankovci i frckovci koi togas za nivna zal ne uspeaa da go shitnat imeto i identitetot. Pa sega e mnogu logicno da napagaat, zosto drugo i ne im ostana.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom