Сигурно слични или исти постови имало десетици, но мора да си напишам..
Прво браво за Робињо. Исто и минатата сезона одигра феноменален натпревар против Јуве, сега немаше сили за повеќе од едно полувреме. Но, во прво полувреме тој беше играчот кој донесе предност на Милан (не мислам на голот). Не во поседот на топката, Јуве имаше повеќе, но Милан најмногу поради него беше повеќе конкретен и опасен. Уште пред некој ден изјавив дека сакам да игра, добро е што го стави Алегри.
Де Шиљо и Костант цареви. Посебно Шиљо, не знам дали една грешка направи, Констант погреши два пати, но тоа се брише. Неверојатно како играч од 20 години, игра вака зрело на дерби натпревар и тоа играч на бековска позиција. Нема што друго освен:
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
!!! Најдоа решение за бочните бекови, сега проблем централните. Ајде нека средат веќе да биде одбраната како што треба, комплет...
Монтоливо треба да остане капитен, тој е срцето на овој тим. Гине човекот на терен, а и добро игра.
По Де Јонг плукав претходно, но веќе неколку натпревари игра добро. Очигледно разбра што се бара од него, а и се навикна на италијанскиот фудбал.
Боатенг и Ночерино конечно изиграа нешто. Не е да се лигавиш по нив, но заличеа на нешто. Ако Ночерино не се гледаше толку, заврши голема работа.
Браво и за Алегри.