Откога пред некој ден почна "прославувањето", ова е досегашниот биланс на славенички активности:
(овде не ни влегуваат "безазлени" работи како обвиткувањето на полициско комбе со албанско знаме, ниту пак барањата за заеднички учебници за сите Албанци од регионов, парадирањето со калашникови по Скопје и слично)
21. ноември 2012 - 11:23
Во гимназијата „28 Ноември“ во Дебар, учениците на ’оригинален’ начин ги декорираат училниците.
Пред неколку дена, по македонските портали кружеше фотографија од една од училниците на „28 Ноември“, каде на ѕидот пишуваше „Етничка Албанија, еден народ, едно знаме, еден јазик, една држава“.
Денеска, пак, порталот МКД.мк објавува фотографии од ученичка која ѕидовите на училниците ги “украсува“ со мапа на голема Албанија.
Обезглавена бистата на Здравко Чочковски во Дебар
Македонија
22. ноември 2012 - 11:14
Осквернавена и обезглавена бистата на дебарскиот првоборец Здравко Чочковски, која се наоѓа ви дворот на дебарскара гимназија.
Млади дебарчани веднаш ја раширија веста за вандалскиот чин преку социјалната мрежа Фејсбук, пишувајќи погрдни зборови за Македонија и Чочковски.
Дебарската гимназијата, го носи името Здравко Чочковски уште од самиот почеток со работа во 1960 година. Тој е првоборец, роден 1921 година. Тој загинал за време на Февруарскиот поход.
Во оваа гимназија, наставата се одржува и на македонски и албански наставен јазик. Од околу 800 ученици, околу 350 учат на македонски јазик.
Советот на општина Дебар одлучи оваа инситуција да ја преименува во „28 ноември“ и првото празнување на патронот е закажано за 28 ноември во спортската сала на училиштето. Основното училиште „Братство единство“ беше преименувано во „Пенестиа“, со едногласно донесена одлука и со запазување на Бадентер. Инаку„Пенестиа“ е географски поим за Дебар од илирскиот период.
Освен слика од осквернавената биста, деновиве беа објавени фотографии на кои албанските ученици ја “украсуваат“ училницата со пароли „Етничка Албанија„ „Еден јазик, еден народ, една држава, едно знаме“, а друга ја цртна картата на „Голема (природна) Албанија“.
За утре е најавувено да се постави огромно знаме на станбена зграда во градба, близу зградата на локалната самоуправа, како што стои во повикот спроти фабриката Кнауф.
Каменуван воз што сообраќал од Скопје кон Кичево
- Објавено: 22.11.2012 09:46
Повредени патници нема, а причинета е само материјална штета од каменувањето на возот што сообраќаал на релација Скопје - Кичево, информираат од полицијата.
Според МВР, инцидентот се случил вчера попладнето, кај железничката станица „Ѓорче Петров“ во Скопје, кога засега непознати сторители на полицијата почнале да фрлаат камења кон возот. Искршени се само прозорски стакла на неколку вагони, а од полицијата велат дека повредени патници нема.
Нападната екипа на 24 Вести на Бит пазар
23.11.2012 | 20:33
Македонија
Прочитано: 1562
Додека нашиот репортер и снимател снимаа на пазарот, група им се приближила и им забранила да снимаат.
Репортерката била оневозможена да му се приближи на снимателот бидејќи тој бил опкружен од 10-тимина непознати кои од камерата му ја одзеле картичката со снимениот материјал и батеријата.
По некое време батеријата ја вратиле, а картичката ја уништиле, поради што телевизијата не е во можност да ги емитува снимките. Градоначалникот на Чаир Изет Меџити кој е надвор од Македонија ирази жалење за инцидентот што се случил во неговата општина и искажа подготовка да помогне на каков било начин доколку за тоа има потреба.
И денешниот инцидент уште еднаш потврдува дека во неоправдано тензични ситуации подгреани од конструирани изјави, новинарите се мета на напади, оневозможени професионално и достојно да си ја извршуваат работната задача во името на јавноста.
Денешниот настан исто така покажува колку може наелектизираната атмосфера, зовриените страсти и неоснованите напади да ја нарушат сликата на едно демократско општество.
извор: Макфакс
23 ноември 2012 - 13:41
Искинато црковното знаме на црквата „Св. Злата Мегленска“ во Сарај
Непознат сторител искршил прозорец и го искинал црковното знаме на црквата „Злата Мегленска“ во општина Сарај, потврдуваат од СВР Скопје.
Македонското знаме извадено од бандера и влечено по земја во Чаир
Фото: Маја Златевска
Малолетник од Скопје го извадил македонското знаме поставено на бандера, вчера во скопската населба Чаир и го влечел по земја.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 45 минути по полноќ на улицата Цветан Димов. Малолетникот Е.С.(16) кој бил заедно со уште две момчиња, од бандера го симнал државното знаме, кое било поставено заедно со албанското, и го влечел по земја. Полицаец кој бил во близина го забележал малолетникот и го уапсил. Полицијата против Е.С. поднесе прекршочна пријава од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир- неовластено отстранување, кинење, замачкување или оштетување на државните симболи на Република Македонија.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, пак, соопшти дека во раните утрински часови канделабрите и прозорците на црквата „Св.Злата Мегленска“ во Сарај се скршени, а двете знамиња - државното и црковното се искинати.
Информацијата за направената штета во црквата, Комисијата ја добила од кабинетот на поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Груевски пречекан со јајца во Албанија
23.11.2012 | 19:05
Македонија
Со јајца бил нападнат автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски во Тирана, јавуваат албанските медиуми.
Попладнево, додека Груевски се движел кон хотелот Шератон, граѓански активисти го гаѓале со јајца неговиот автомобил, пишува порталот Шкипмедија.
Активистите за албанските медиуми изјавиле дека го чекале Груевски, а се одлучиле на ваков чекор поради неговото однесување кон Албанците.
Инаку, македонскиот премиер денеска престојува во посета на Тирана, каде што на средба со албанскиот колега Сали Бериша побара македонската заедница во Албанија да добие исти права како и албанската во Македонија. Неговиот албански колега го уверил дека во Албанија граѓаните имаат право да се изјаснуваат за нивната етничка припадност и потекло.
Албанија, како што изјави Бериша, направила и се уште прави напори за да ги воспостави во оваа земја најдобрите копенхашки стандарди за правата и слободите на малцинствата. Правата на малцинствата во двете земји биле една од темите за кои разговарале двајцата колеги. Груевски и Бериша дискутирале и за евроатлантската иднина на регионот, а потпишаа и билатерален договор за заемно признавање на возачките дозволи од двете земји.
ЗАКАНИ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОДРИ НА НАЦИОНАЛНА ОСНОВА
Живеме под постојани притисоци терор и закани, тврди семејството Димитриевски од тетовско Одри, на кое синоќа им изгоре плевната во, како што велат, подметан пожар. Провокациите кон нас се на национална основа директно упатени...
Остатоци од плевната
Живеме под постојани притисоци терор и закани, тврди семејството Димитриевски од тетовско Одри, на кое синоќа им изгоре плевната во, како што велат, подметан пожар. Провокациите кон нас се на национална основа директно упатени од Претседателот на М.З од Одри и нашиот сосед, кој ни ја запали плевната со единствена цел да се иселиме од ова село. Стојче Димитриевски вели дека стравува за својот и за животот на неговите најблиски. Тие се едни од петте македонски семејства кои живеат на десната страна од село Одри населено со етнички Албанци.
Според Димитриевски притисоците ги трпи веќе неколку години. Десетина пати пријавувал во полиција за сите притисоци што се вршат врз нив, но од тоа нема никаков исход.
Насир Зендели, инаку пријател на Стојче, се обидел да посредува преку мирен пат да се решат проблемите, но наместо тоа наишол на директни закани упатени кон него од соседот на семејството Димитриевски
Освен Димитиревски и останатите семејства, етнички Македонци од ова село , живеат под постојани притисоци и закани од претседателот на МЗ Одри.
Претседателот на Месната заедница од Одри Меџит Фејзули не сакаше да зборува пред камера за ваквите обвинувања ,но тврди дека се неточни. Со Стојче Димитриевски и неговите приврзаници имам лични проблеми, но не станува збор за национална нетрпеливост вели Фејзули. Уверува дека ниту може, ниту пак сака со сила некого да иссели од ова село .
Во селото Одри има 450 семејства претежно од етничка албанска припадност. Македонците кои живеат тука и се соочуваат со проблеми,ја повикуваат Владата да преземе мерки за нивна заштита .
Во Тирана запалени македонски знамиња

По инцидентот со конвојот во кој македонскиот премиерпристигнуваше во официјална посета на Албанија, во Тирана беа запалени и македонските знамиња поставени токму како дел од протоколот за средбата Бериша – Груевски.
Запалено македонско знаме во Чаир
Сабота, 24 Ноември 2012 16:29
Пред неполн час на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ после паркот Чаир, е запалено македонско знаме.
Имено, на автобуската постојка, поголема група на лица го симнале знамето на Република Македонија од бандерата, а потоа истото го запалиле.За жал списокот продолжува на следната страна