Направи сам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Можеш само стај некое трупче да не ти падне колата врз тебе :)

Зарем само на два штрафа се амортизерите? Кој би рекол дека толку едноставно се менуваат. Секогаш сум мислел дека има доста работа околу нив.
 
друже баш тоа го правам сега на фичото,
со дигалка ја потпираш травезната за да неможи да се оптегни спиралата кога ке го одштрафиш амортизерот, после има 1 штрав долу и еден горе на каросерија, ги одвртуваш тие 2 штрафа и го вадиш амортизерот али цело време да ти биди потпрена травезната(или зависи од твојата кола можеби се вика поинаку) бидејки не ке можиш да го ставиш новиот(ке ти биде краток и целосно отворен бидејки спиралата ке се истегне
 
Без затегач за федер ич не пробувај, освен ако имаш искуство да работиш без него а гледам немаш искуство...
picture.php
 
ke moze li nekoj da mi preporaca majstor vo sk za tapaciranje sedishta i volani samo da ne e mnogu skapo poshto na 2-3 shto se javiv od internet po 300-400 evra mi baraat za sedishtata samo bes stranicni tapaciri i bez volan....
 
Ве молам за помош...Земав од еден другар радио blaupunkt ама ко го поврзам во автомобилот не ми дава никаков сигнал..како да не е поврзано на струја...дали има некоја финта со кодирање итн.?
 
Ве молам за помош...Земав од еден другар радио blaupunkt ама ко го поврзам во автомобилот не ми дава никаков сигнал..како да не е поврзано на струја...дали има некоја финта со кодирање итн.?
Значи дека грешка си го поврзал...
 
Ве молам за помош...Земав од еден другар радио blaupunkt ама ко го поврзам во автомобилот не ми дава никаков сигнал..како да не е поврзано на струја...дали има некоја финта со кодирање итн.?
На плус две жици ти се поврзани ?
 
Црвена и жолта мислам на + а црната со маса...така ли треба да се поврзат?
Да. Пробај една по една, немора двете заедно.

А види и дали е исправен осигурувачот (треба да има од позади некаде).
 
со што може да се (освежи) репарира кожен волан (освен да не му се става навлака)
на неки места почна да се лупи (изглеа лакот)
поздрав
 
со што може да се (освежи) репарира кожен волан (освен да не му се става навлака)
на неки места почна да се лупи (изглеа лакот)
поздрав
Се менува кожата, види на реклама5 има човек што ги тапацира со кожа
 
не мислев на тој начин, нешто со крема да се намачка за кожа, па да се излакира,така нешто :)
Ако нема механички оштетувања како гребаници и искинати парчиња, обиди се со наједноставен начин: Во иста нијанса во која е постоечката боја во продавница за бои и лакови земи „Садолин“ на нитро база и 20 цм шмиргла #1000. Зашмирглај лесно да се изгребе подеднакво секаде старата боја, избриши со убаво изцедена „Виледа“ почекај 10-тина минути и опни му 2-3 раце од садолинот со четка. Исуши убаво ако треба и со фен и терај рбота!
 
DIY позиционо светло

Го пренесувам во целост туторијалот за направи сам ЛЕД позициони светло:

„Никола Војновски aka ExtremeBt, дизајнер и аниматор, Senior Flash/Flex Developer во Invideous Limited, со-основач на Mafia.mk во слободно време го реставрира своето BMW 315, модел E21 од 1981 година, па во разговор со него зборувавме за употреба на LED светилки наместо предни халогени светла (за нешто слично пишував овде) каде што ми кажа дека сам направил позициони светла од отпорник, лед диода и старо позиционо светло, по што му предложив својот проект да го престави на нашиот портал и тој веднаш прифати.

Бидејќи една слика може да замени многу зборови, решив голем дел од самиот проект да го прикажам со илустрација и фотографии. За реализација на следниот проект се потребни следниве елементи:
- позиционо сијаличе (старо, може и прегорено)
- бела LED диода (средна големина)
- отпорник 670 оми
- божур трака
Изработка:

- Се зема позиционо сијаличе од автомобил, се крши стаклото, се отстранува делот внатре, да остане само металното куќиште
- Раководејќи се според шемата десно на сликата, се лемат елементите како
што е прикажано десно.
- После лемењето, делот каде што е отпорникот се изолира со божур трака.„

Сликите на мајсторијата
 
Ако употребам 2 ели 3 led диоди колкава треба да бидне вредноста на отпорникот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom