И јас додека бев на факултет, пулсот скоро секогаш ми беше околу 90, и притисокот околу 140/90, бев и на ехо и екг и немаше ништо. Тоа продолжи се до лани, полани некаде..кога почнав да тренирам боречки вештини и почнав со техники за релаксација и медитација (иако не сум баш редовен во тоа). Претходно пиев од време на време бедоксин, сега еве колку време има, пулсот го мерам 100 пати, и секогаш е околу 70, притисокот кога го мерев последен пат ми беше 120/80.
Затоа ако сакаш пробај нешто такво, некој лесен спорт, некоја техника за релаксација, медитација, музика...ако причините ти се од психолошка природа, би требало да ти помине за брзо време.