Што се однесува до првиот дел поврзан со химната јас никаде не споменав кога е напишана туку кога прв пат се смета за официјална химна на Хрватска како држава. Тоа е периодот на НДХ 1941-1945 пошто нели пред тоа Хрватска е дел од Австро-Унгарија.
Компарирањето на Финска, Италија, Унгарија, и останатите што ги наведе со Хрватска не е можно од неколку причини. Прво НДХ е створена како држава од фашистите и никош пред тоа не постоела нити во тие граници ( види карта на НДХ) Второ и многу битно ниту една од наброените држави не извршила таков геноцид врз сопствените граѓани кои припаѓале на друга нација како тоа што го направила НДХ. ( читај не пишувам хрватите!) Значи во толкав процент и на сопствена територија. Па дури и фашистичка Бугарија ( читај не пишувам бугарите!) не ги испорачува евреите од Бугарија туку од новоприпоените територии на тогашно кралство Југославија. И за крај најбитното впрочем и за што се однесуваше мојот коментар дали современата хрватска држава направи доволно односно дали воопшто превзема нешто да се дистанцира од мрачната НДХ и дали усташите се навистита поразени како што ти кажуваш? Мое лично мислење е дека НЕ! Еве зошто: Главни финансиери на проектот независна Хрватска е нејзината емиграција во голема мера составена од усташите кои и ден денес живеат во Германија, Австрија, Австралија и бројни држави од Латинска Америка кои ти рече деека се поразени! При декларацијата за независност се користат атрибути на државност кои до пред само 50 години биле на вратите на концентрационите логори во кои загинале иљадници луѓе пред се Срби кои овој пат се дури и избришани од хрватскиот Устав како конститутивен народ. Значи не зборувам од кога тие симболи постојат туку каква асоцијација будат кај нивните сограѓани Срби! Денеска во Хрватска секој еден кој имал врска со комунистите (,,победничката" страна) е маргинализиран и деградиран во хрватското општество на сметка на оние другите за кои ти кажа дека биле поразени. Денеска во Хрватска речиси и да нема Срби, тоа не било остварено дури ни во времето на НДХ! Се што има било каква врска со Југославија денеска во Хрватска е забрането, а токму таа Југославија Хрватите ги донесе на победничката страна. На чело на таа држава ДОЖИВОТНО БЕШЕ ХРВАТ па тоа на никој не му сметаше. Па дури и името на Динамо го сменија
Ова што го пишувам нема никаква врска со тебе и немој да го доживуваш лично. Познавам нормални Хрвати кои се ОК луѓе и немам ништо против поединецот. Јас го критикувам Хрватскиот систем кој во континуитет го гази основното човеково право на живот. Ја критикувам и баграта и простотата овде на балканот. И што кој кур си запнал да го браниш тој убица и пробисвет Готовина? Човекот е обичен лопов и платеник. Класична битанга. Цела биографија му е таква. Што се палите на наместена војна во која сите изгубија? Од Словенија до Македонија некој повеќе некој помалку. И оваа одлука има за цел да го спречи нормализирањето на односите овде на балканот, на запад се пишува за ова исто ко за иборите на Магадаскар.
Браво мајсторе........
Прво и основно куната ќе си остане куна како и секогаш,како и марката марка во Германија.
Второ Хрватска никогаш во овие 1000 години немала друг грб,ниту ќе има освен шаховницата.
Трето химната е химна на Хрватска од 19 век,види поубаво кој статус го има Хрватска во Австо-Унгарија, во СХС има статус на химна на Хрватска, химна е на СР Хрватска во рамките на Југославија и химна е и на самостојна Хрватска.Тоа се хрватски симболи од секогаш и само затоа што и една група идиоти 4 години ги користеле не значи дека сега Хрватите и Хрватска треба да се дистанцираат од нив.
Денешната Хрватска е создадена на антифашистички темели и во авнојски граници....
Хрватската дијаспора со која гледам воопшто не си запознаен е само делумно составена од потомци на усташите.Хрватите се први и најмасовно исселени од Југославија на запад и таа дијаспора е создадена од се и сешто....и тие со партизанска позадина и тие со усташка.Најважно од се сите ја поддржуваа и финансираа нејзината независност,но тие не беа клучни.Самиот народ што беше во Хрватска одлучи да се прогласи независност.
Низ последниве 20 години ниту еден човек кој бил усташ или потомок на усташите не бил на власт до сега.Дури и Фрањо Туѓман е генерал на Тито !!
Знаеш што биле татковците и дедовците на Месиќ,Јосиповиќ,Милановиќ,Косор,Санадер итн..... ? Прво информирај се,па после збори дека денес усташите и нивните потомци се на власт во Хрватска.Денес се апсат луѓе за носење маички со усташка иконографија и нацистички поздрави и слично.На Томсон концертите на пример сите со црна легија маици и шалови го имаат покасно изедено стапот од полиција......ете ти уште еден пример за величањето на усташтвото од страна на Хрватската држава.Во учебиниците по историја децата ги учат дека усташите биле соработници со фашистите и дека бил лош и нацистички марионетски режим......
Во Хрватска не постои споменик на паднати усташи како борци за НДХ,само има на жртви на комунистичките терори и злосторства.Нема величање на ниту една битка,на ниту еден логор.....
Хрватите се најброен народ во партизаните и имаат најголемо учество во ослободувањето од фашистите.
При декларацијата на независност на Хрватска ништо нема поразлично од декларациите на другите републики.Колку што се спомнати 12% срби и уште 3-4% малцинства во Хрватска,толку се и 25% Албанци и 10-11% други малцинства во Македонија.
Хрватскиот систем го гази основното човеково право на живот ?? Хрватска со 4.5% срби им дава повеќе привилегии него Македонија на 25% албанци бе......провери што се права и привилегии и колку министри и пратеници имаат србите во Хрватска.
За нивното исчезнување од Хрватска србите си се сами кривци. Си избегаа си отидоа и добар дел никогаш не се вратија.Денес имаат и демографска катастрофа, пола од нив живеат во градови со огромно хрватско мнозинство и лека полека се асимилираат низ интеграција и мешани бракови,а другите изумираат затоа што се наоѓаат во крајно пасивни краишта (нешто како што кај нас изумира Мариово).Србите од Хрватска ќе исчезнеа демографски и без војната што сами си ја почнаа, само што така си го убрзаа крајот.
Тој " убица и пробисвет " Готовина ја одбрани Хрватска. Во 91 имаше избор да лади јајаца во Јужна Амерка и да живее пун со пари со многу згодна и богата жена,но дојде и војуваше.Прво како обичен војник на терен со останатите,а после ги водеше сите клучни битки за бранење на Хрватска....
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 14:51 ---
Абе види, да се одвојуваш од Југославија воден од идеја за самостојна држава да гинеш за нејзе да рушиш инфраструктура градена долги годинии после да трчаш во друг сојуз кај што пак ги губиш атрибутите на државноста и независтоста во целина е малце смешно. Денеска Хрватска е се само не е на Хрватите задужени се до даска капиталот сконцентриран кај неколкумина тајкуни и предежно странци. Мислам дека во Хрватска и не постои една банка која е со доминантен Хрватски капитал. Се на се добро позната приказна својствена за сите нас. Како што кажав и погоре никој не доби, некој изгуби повеќе некој помалку. Чим доде време Словенците срамежливо да признаваат дека се заебале што останува за нас боранија.........
Ваква таква,Хрватска заедно со Словенија има најсветла иднина од сите земји во регионот,ако не и единствени 2 земји од кои ќе бидне нешто.......