Според мене, животот во Италија е убав, нормално доколку човек има работа... И треба да се пратат трендовите, да бараш работа сега во градежништво е исто како да си пукаш во нога... Пазарот за недвижнини е одвај жив... И ако имаш работа е убаво за живот ама печалба каква што ние ја знаеме пред 20-30 години нема... Еве една проста пресметка што им ја правам на сите луѓе кои ме замараат со тоа дека нема пари во Италија и дека поубаво би било во Македонија... за да биде попросто ќе земеме човек што заработува 1000 евра во Италија и човек што заработуба 10.000 денари во Македонија (сметам дека имаат иста професија)... значи македонската плата е 10х (игнорирајќи ги валутите)
1) млеко во ит=0.5
млеко во мк=0.5 х 10=5 (ама знаеме дека не е 5 денари туку е 40 денари)
леб во ит=3-4 евра кг леб (30-40 денари кг леб во мк, отприлика е толку, во мк не е лебот по кг, мислам дека беше некаде околку 700-800 гр ако се сеќевам добро)
кафе во ит= 1 евро
кафе во мк= 1 х 10 = 10 денари????
вода во ит= 0.2 (1.5 л)
вода во мк= 0.2 х 10 = 2 денари????
стан во ит=600
стан во мк=600 х 10= 6000 (фамилијарни станови се тука некаде, и затоа не се залажувајте кога ќе ви речат киријата е повисока)
И се друго останато, сите производи (брашно, шеќер, паста, сокови, облека, струја, вода)... Оваа пресметка не е коректна, но е многу едноставна за да се разберат некои работи... И го знам оној смешен муабет дека ние сме побогати од нив зошто ние имаме куќи а тие немаат и плаќаат кирија... кај нас имаме малку кираџии освен во Скопје, но Италијанците викаат "куќата од моите родители", "куќата од мојата баба", а ние викаме нашата куќа - 6 генерации внатре и сите се сакаме
И многу се самокритични Италијаните, никогаш нема да најдеш Италијанец кој е задоволен од економијата во државата (и пред кризата се жалеа)... Едно утро, одев накај центар и еден средновечен човек, му го ставил весникот ("La Repubblica") в уста на кучето и се шета по улица и вика "републиката ни е во устата на кучињата", луѓе застануваа да му честитаат за храброста, никој не му се спротистави, сите се смешкаа... Не можам да го замислам истото и кај нас...
Се извинувам за долгиот пост